Свет
(Видео) Активисти поставија гилотина пред куќата на најбогатиот човек во светот

Активисти кои протестираат пред куќата на основачот и извршен директор на „Амазон“, Џеф Безос, во Вашингтон, барајќи забрана за корпоративно делување, на местото на протестот донеле и гилотина.
Видеото објавено на „Твитер“ во неделата прикажува двајца демонстранти кои стојат веднаш до гилотината – симбол на неколку револуционерни движења од 19 век.
DC protesters have set up a “guillotine” in protest of Jeff Bezos in front of his complex in DC pic.twitter.com/VZ0AWTJqaV
— Drew Hernandez (@livesmattershow) June 28, 2020
„Кога сме загрозени и кога нашиот глас не се слуша, време е да повлечеме ножеви“, викна еден од демонстрантите на мегафон.
Поставен е и постер кој повикува на протести со парола што гласи:„Поддржeте ги сиромашните, а не богатите“.
DC protesters have set up a “guillotine” in protest of Jeff Bezos in front of his complex in DC pic.twitter.com/VZ0AWTJqaV
— Drew Hernandez (@livesmattershow) June 28, 2020
Настанот беше најавен на „Твитер“ во саботата. На постерот се обвинува компанијата „Амазон“ дека ги надгледува вработените со помош на полицијата, поттикнува расистички стравови и уништување на синдикатите.
„Амазон го отпушти и расистички го клевети лидерот на синдикатот, Крис Смолс. Придружете ни се да кажеме дека ни е доста од Безос“, пишува на плакатот.
Крис Смолс беше отпуштен откако тој организираше протести поради лошите услови за работа за време на пандемијата на коронавирусот.
Компанијата претходно беше обвинета за уништување на синдикатите, за лоши услови за работа и за ниски приходи на вработените.
Безос важи за најбогат човек во светот, чиј имот се проценува на повеќе од сто милијарди долари нето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Еден загина откако се урнаа два воздушни балони над долината Ихлара, дел од познатата туристичка област Кападокија

Два воздушни балони се урнаа во централна Турција, при што загина најмалку едно лице, а 19 се повредени, јави турската државна телевизија ТРТ.
Загинатиот бил еден од лицата што управувале со балоните.
Несреќата се случила при лет над долината Ихлара, дел од познатата туристичка област Кападокија, која е позната по балонските летови и живописниот пејзаж.
Свет
Израел испрати предупредување за евакуација

Израел започна нови напади насочени кон нуклеарната програма на Иран, а Иран возврати со ракетни напади во кои загинаа најмалку осум лица во Израел, третиот ден од невидена воена ескалација меѓу двете непријателски земји.
Иранскиот министер за надворешни работи се обрати до јавноста. Абас Арагчи рече дека одговорот на Иран на израелските напади бил чин на самоодбрана.
Тој додаде дека израелските напади, кои беа извршени први, не би биле можни без одобрение од САД. Вашингтон, рече тој, треба да ги осуди израелските напади врз нуклеарните постројки на Иран, додавајќи дека разговорите со САД можеле да доведат до договор.
Но, Израел, тврди тој, сакал да ги саботира тие преговори, кои САД ги сметале за клучни за ограничување на нуклеарната програма на Иран. Тој, исто така, изјави дека Иран не сака да ја прошири војната, освен ако не е принуден да го стори тоа.
Портпаролот на израелската војска издаде предупредување за евакуација до сите ирански граѓани во близина на воени објекти. Авичај Адрае објави „итно предупредување до сите ирански граѓани“ на социјалните мрежи.
„Сите лица што моментално или наскоро ќе се наоѓаат во или околу објектите за производство на воено оружје и сродните институции мора веднаш да ги напуштат тие области и да не се враќаат додека не се издаде понатамошно известување“, напиша тој.
Свет
Трамп: Секоја друга земја ги слави своите победи, време е и САД да почне да го прави тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп, во говор за време на воената парада во Вашингтон по повод 250-годишнината од основањето на американската војска, ја одбрани својата одлука за организирање на настанот, истакнувајќи дека парадата е прослава на војската, и покрај критиките дека станува збор за личен спектакл поврзан со неговиот 79-ти роденден.
– Секоја друга земја ги слави своите победи. Време е и САД да почне да го прави тоа, рече Трамп.
Тој ја опиша американската војска како „најстариот огранок на најголемата борбена сила што човештвото некогаш ја познавало“ и испрати предупредување до глобалните противници: „Американските непријатели постојано учат – ако го загрозите американскиот народ, нашите војници доаѓаат по вас. Вашиот пораз ќе биде сигурен. Вашиот крај конечен. Вашиот пад целосен и потполн“.
Нашите војници никогаш не отстапуваат, никогаш не се предаваат и никогаш не попуштаат. Тие се борат, борат, борат – и победуваат, победуваат, победуваат, додаде американскиот претседател.
Тој изрази благодарност до припадниците на вооружените сили и ветераните. – Благодарение на нивната извонредна служба и посветеност, 250 години – Америка стои исправено, Америка стои гордо и Америка стои слободно, истакна Трамп.
Парадата, во која учествуваа над 6.000 војници, 150 воени возила и 50 авиони, вклучуваше воздушен спектакл, коњичка единица и завршен падобрански скок со американското знаме пред Трамп.