Свет
(Видео) Ајкула среде Лондон? Девојка ја снимила во реката Темза: „Не можев да им верувам на очите“
Жителка на Лондон се шокирала кога видела ајкула како плива во реката Темза.
Шарлот Веб се шетала низ градот со својата пријателка кога забележале нешто необично во водата. Отпрвин мислеле дека е голема торба.
Меѓутоа, по внимателно разгледување, сфатиле дека се работи за ајкула и успеале да снимат како перките ја „сечат“ пенливата река.
Тоа се случило во близина на мостот Хамерсмит во западен Лондон во понеделникот, 22 јули.
Експертите веруваат дека перката припаѓа на ајкулата бутор, критично загрозен вид кој може да порасне и до два метри. Оваа ајкула е една од петте видови ајкули за кои е познато дека ја населуваат реката Темза.
„Немав поим дека ајкулите можат да пливаат во Темза“ – изјавила 25-годишната Шарлот Веб во интервју за „Need to Know“.
„Отпрвин мислев дека е лажна или само лебдечка вреќа. Мојата најдобра пријателка Оливија се пошегува дека може да биде крокодил наместо ајкула. Судејќи по големината, која се чинеше дека е околу метар и половина, веројатно се работи за ајкула-бутор, според она што го кажаа луѓето. Се плашам од ајкули, па ова само ја зацврсти мојата одлука целосно да го избегнам морето“, изјавила Шарлот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина: Северна Кореја е најголемата закана за нас од сите руски сојузници
Меѓу сојузниците на Москва, Северна Кореја претставува најголем проблем за Киев поради масовното снабдување на Москва со артилериски гранати, кои се користат на украинскиот фронт, изјави денеска шефот на украинската разузнавачка служба Кирило Буданов.
„Од сите сојузници на Русија, нашиот најголем проблем е Северна Кореја, бидејќи со количината на воена опрема што ја испорачуваат, тие навистина влијаат на интензитетот на борбите“, рече тој на конференцијата во Киев.
„Непријатно е тоа што испорачуваат и балистички ракети“, но, како што нагласи, е помалку сериозно поради нивната помала количина.
Соединетите Американски Држави и Јужна Кореја го обвинија Пјонгјанг дека и доставува на Русија муниција и проектили за да ја поддржи нејзината инвазија на Украина, која трае од февруари 2022 година.
Пјонгјанг ги негира обвинувањата, но организацијата „Conflict Armament Research“ оваа недела соопшти дека анализата на остатоците покажала дека „ракетите произведени оваа година во Северна Кореја се користат во Украина“.
Буданов смета дека Русија ќе се обиде да стави крај на војната „пред 2026 година“. со цел да избегне слабеење на нејзините позиции поради акумулацијата на економските проблеми, главно поради западните санкции и проблемите со мобилизацијата поврзани со значителни загуби на фронтот.
Свет
Бајден апелираше до Конгресот да го продолжи рокот Украина да искористи 5,8 милијарди долари воена помош
Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден побара од Конгресот да го продолжи претседателското овластување за повлекување средства (ПДА) до 2025 година.
Со тоа ќе бидат достапни околу 5,9 милијарди долари за воена помош за Украина по крајот на фискалната година на 30 септември, пишува „Д Хил“.
Белата куќа побара континуираното финансирање да биде вклучено во резолуцијата понудена од претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон. Овие средства истекуваат на крајот на овој месец.
Донесувањето на одлуката на американскиот Конгрес за продолжување на ПДА во износ од 5,8 милијарди долари ќе и овозможи на Белата куќа да продолжи да испраќа воена помош за Украина неколку пати месечно.
Свет
Зеленски: Секое одложување на воената помош има негативни последици на фронтот
Секоја навремена и брза испорака на воени пакети во Украина има позитивен ефект на фронтот, а секое одложување води кон негативни последици, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на средба со делегација американски конгресмени.
„Секое доцнење на воените испораки има свои негативни последици на фронтот. Ги информирав американските конгресмени за актуелната состојба и перспективите“, нагласи Зеленски во вечерашното обраќање до нацијата, пренесува Укринформ.
Според Зеленски, клучно е сите, особено земјите како Соединетите Американски Држави, брзо да ги спроведат потпишаните договори.
„Важно е на сите нивоа партнерите да бидат целосно информирани за нашите потреби, за нашите позиции“, нагласи претседателот на Украина.
Тој апелираше до американскиот претседател Џо Бајден и американскиот Конгрес за двопартиска поддршка од почетокот на војната.
„Ви благодариме што донесовте многу важен закон во Конгресот. Се надевам дека сето тоа ќе стигне до Украина што е можно поскоро и ќе ја зајакне нашата армија. И ние сме им благодарни на сите Американци што ја поддржуваат нашата земја“, рече Зеленски.
Тој потсети дека во блиска иднина планира лично да му го претстави планот за победа на Украина на американскиот претседател Џо Бајден и на претседателските кандидати на Републиканската и Демократската партија.
Како што изјави Зеленски, на средбата се разговарало за клучните области на натамошната американска помош во областа на безбедноста и одбраната.
„Приоритет е да се добијат дополнителни системи за противвоздушна одбрана, ракети за нив и дозвола за употреба на оружје со долг дострел за воени цели на територијата на Руската Федерација“, заклучи претседателот на Украина.