Свет
(Видео) Бајден го заборави името на австралискиот премиер, нов гаф на американскиот претседател
Американскиот претседател Џо Бајден го заборави името на австралискиот премиер Скот Морисон, па го нарече „тој човек одоздола“ за време на прес-конференцијата, на која беше претставен историскиот договор за безбедност со Австралија и Велика Британија.
По објавувањето на деталите за трилатералното партнерство, чија цел е да се спротивстави на регионалното влијание на Кина, Бајден се сврте кон екранот на кој британскиот премиер беше поврзан преку видеоврска и рече: „Благодарам, Борис“.
Кога се сврте кон екранот, на кој беше Скот Морисон, почна да се двоуми.
US President Joe Biden appeared to forget Prime Minister Scott Morrison’s name during this morning’s historic announcement of a new defence pact.
Biden said “I wanna thank that fella down under” after thanking UK Prime Minister Boris Johnson.https://t.co/a9AwdxnrYj#9News pic.twitter.com/0aULXfJJS2
— 9News Australia (@9NewsAUS) September 15, 2021
„Сакам да му се заблагодарам и на тој човек одоздола. „Многу ти благодарам, пријателе“, рече Бајден.
Не многу долго потоа Бајден направи уште едно промашување.
„Чест ми е што имам со мене двајцата најблиски сојузници на Австралија и Обединетото Кралство, кои почнаа нова фаза од трилатералната безбедносна соработка.
Американскиот претседател повторно заблагодарувајќи им се на колегите, конечно се сети на името на австралискиот премиер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

