Контакт

Свет

(Видео) Бајден го заборави името на австралискиот премиер, нов гаф на американскиот претседател

Објавено пред

Американскиот претседател Џо Бајден го заборави името на австралискиот премиер Скот Морисон, па го нарече „тој човек одоздола“ за време на прес-конференцијата, на која беше претставен историскиот договор за безбедност со Австралија и Велика Британија.

По објавувањето на деталите за трилатералното партнерство, чија цел е да се спротивстави на регионалното влијание на Кина, Бајден се сврте кон екранот на кој британскиот премиер беше поврзан преку видеоврска и рече: „Благодарам, Борис“.

Кога се сврте кон екранот, на кој беше Скот Морисон, почна да се двоуми.

„Сакам да му се заблагодарам и на тој човек одоздола. „Многу ти благодарам, пријателе“, рече Бајден.

Не многу долго потоа Бајден направи уште едно промашување.

„Чест ми е што имам со мене двајцата најблиски сојузници на Австралија и Обединетото Кралство, кои почнаа нова фаза од трилатералната безбедносна соработка.

Американскиот претседател повторно заблагодарувајќи им се на колегите, конечно се сети на името на австралискиот премиер.

Свет

Бил Клинтон хоспитализиран на интензивна нега

Објавено пред

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон е хоспитализиран во Калифорнија под сомнение за инфекција на крвта.

Си-ен-ен објави дека Клинтон (75) е сместен на одделот за интензивна нега. Неговата состојба не е поврзана со претходни проблеми со срцето или Ковид-19.

„Станува збор за инфекција на уринарниот тракт, што се прошири во неговиот крвоток“, велат лекарите за Си-ен-ен.

„Во вторникот вечерта, поранешниот претседател Бил Клинтон беше примен во болница за лекување инфекција, која не е Ковид-19. Тој закрепнува, добро е расположен и благодарен им е на лекарите, медицинските сестри и на персоналот што му дадоа одлична нега“, објави неговиот портпарол Ангел Урена на „Твитер“.

Прикажи повеќе...

Свет

Во Италија од денеска задолжителен зелен пасош за сите вработени

Објавено пред

Од денес во Италија зелениот пасош е задолжителен на сите работни места во Италија. Досега беше задолжителен на сите затворени места, како и во училиштата и за патување, а од денес важи за сите вработени во приватниот и јавниот сектор, како и за оние што работат од дома.

Обврската за зелен пасош е во сила од денес до 31 декември, што воедно е и датум дефиниран како датум на престанување на вонредната состојба.

Во случај некој од вработените да не дојде на работа бидејќи нема зелен пасош, ќе се смета за неоправдано отсуство, а вработениот ќе остане без плата иако не се предвидени дисциплински мерки и лицето не може да биде отпуштено.

Предвидени се казни од 500 до 1.500 евра доколку вработените дојдат на работа без тој документ.

Со воведувањето на зелениот пасош бројот на дадени први дози на вакцина се зголеми 46 проценти. Ова се податоци за периодот од 16 септември до 13 октомври. Бројот на тестови исто така се зголеми на речиси 300.000 дневно.

За да добијат зелен пасош, Италијанците мора да се вакцинирани со барем една доза вакцина и да примат потоа и втора доза или да го прележале коронавирусот во последните шест месеци.

Прикажи повеќе...

Регион

Советот за безбедност на ОН ќе расправа за Косово

Објавено пред

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе го разгледа редовниот шестмесечен извештај на генералниот секретар на ОН за работата на Мисијата на ОН во Косово (УНМИК).

Србија на седницата ќе ја претставува министерот за надворешни работи, Никола Селаковиќ, а Косово претседателката Вјоса Османи.

Извештајот ќе го претстави шефот на УНМИК и специјален претставник на генералниот секретар на ОН, Захир Танин, кој рече дека новиот извештај се фокусира на владините реформи, владеењето на правото, безбедносните прашања и ситуацијата со пандемијата на коронавирусот.

Во пресрет на седницата, како дел од редовните консултации, Танин разговараше одделно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и со премиерот на Косово, Албин Курти. Сесијата почнува во 16 часот по средноевропско време.

Претходната седница на Советот за безбедност на ОН, на која се разговараше за шестмесечниот извештај за работата на УНМИК, се одржа на 13 април во онлајн-формат поради пандемијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија58 минути

(Видео) Спасовски: Мирните и демократски избори ја обезбедуваат иднината на нашата држава

Мирните и демократски избори ја обезбедуваат иднината на нашата држава. Затоа и ве поканувам во еден празничен изборен дух да...

Македонија2 часа

Во Македонија активни 6.602 случаја на коронавирус

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.963, бројката на оздравени пациенти е 182.473,...

Македонија2 часа

Последен ден од предизборната кампања

Денеска е последниот ден од предизборната кампања за локалните избори што ќе се одржат в недела. Агенцијата за аудио и...

Македонија19 часа

Ученици од 364 основни и 109 средни училишта треба да бидат тестирани на Ковид-19

Во рамките на активностите за превентивни тестирања со цел рано детектирање и превенција од Ковид-19 во основните и средните училишта,...

Македонија21 час

Град Скопје ќе им додели по 100.000 денари на семејствата на загинатите во пожарот во Тетово

Поради трагичниот пожар во модуларната ковид-болница во Тетово, Советот на Град Скопје се состана уште еднаш за да гласа за...

Македонија22 часа

Заврши привремениот престој во земјата за група Авганистанци, заминаа за Франција

Група од 10 граѓани од Авганистан, кои привремено беа згрижени во Македонија, заминаа синоќа од Меѓународниот аеродром „Скопје“. Прибежиште им...

Економија22 часа

(Видео) Заев: Спроведуваме политики што обезбедија стабилност и раст и во услови на Ковид-19

Западен Балкан во постковид-светот: Кој е вистинскиот пат до стабилност и просперитет?, е темата на самитот на Западен Балкан во...

Свет23 часа

СЗО формира нов експертски тим за утврдување на потеклото на коронавирусот

Светската здравствена организација формира нова експертска група за тестирање опасни патогени, која, како што проценува, е последна шанса да се...

Свет1 ден

Курц: Не сум робот, туку човек со грешки и мани

Лидерот на Австриската народна партија (ОВП), Себастијан Курц, кој поднесе оставка на функцијата канцелар поради истрагата против него и луѓето...

Регион1 ден

Мирна ноќ во Косово и Метохија – повлечени барикадите

Ноќта во Косово и Метохија помина мирно. Барикадите што граѓаните од северот на Косово и Метохија ги поставија во текот...

Регион1 ден

Вучиќ: Ќе го одбраниме нашиот народ на Косово и Метохија, нема повлекување

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави фотографија на својот инстаграм-профил под која напиша: „Ќе ги браниме нашите луѓе на Косово...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку петмина загинати во нападот во Норвешка, напаѓачот е Данец

Најмалку пет луѓе загинаа во вчерашниот напад во Норвешка, а уште двајца се повредени, јавија локалните медиуми. Меѓу повредените, кои...

Свет1 ден

(Видео) Пожар во зграда на Тајван, 25 загинати и 44 се повредени

Најмалку 25 луѓе загинаа, а 44 се повредени во пожар што зафати 13-катна зграда во јужниот дел на Тајван. Зградата...

Регион1 ден

Докторка од Словенија за 50 евра издавала лажни потврди за прележан Ковид-19

Докторка од Помурје во Словенија издавала лажни потврди за прележан коронавирус за 50 евра. Случајот го истражува и Лекарската комора...

Европа1 ден

(Видео) Маж со лак и стрела извршил напад во Норвешка, има повеќе загинати и повредени

Маж бил уапсен откако повредил неколку луѓе со лак и стрела во Конгсберг, Норвешка, а полицијата во меѓувреме ја евакуирала...

Свет2 дена

СЗО ja запре постапката за итно одобрување на „спутник В“

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека е прекината постапката за итно одобрување на руската вакцина „спутник В“ бидејќи недостасува одредена...

Македонија2 дена

12 починати, регистрирани 412 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.567 тестирања,...

Македонија2 дена

Влада: До 50 проценти присуство на публика на настани во затворено, услов се две дози на вакцина

Владата на денешната 112-та седница, врз основа на препораки на Комисијата за заразни болести донесе повеќе заклучоци и одлуки за...

Топ2 дена

19-годишно момче од Тетово испраќало порнографски снимки на малолетно девојче

19-годишно момче од Тетово се сомничи за прикажување порнографски материјал на дете, соопшти полицијата. СВР Тетово поднесе кривична пријава против...

Топ2 дена

(Видео) Пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога во вредност од речиси 200.000 евра, приведени шест лица

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, РЦ „Југ“...

Досие