Свет
(Видео) Бајден се исплаши од велигденско зајаче, кое сакаше да го поздрави

Американскиот претседател Џозеф Бајден се исплаши од велигденско зајаче, кое се појави пред него за да го поздрави.
Во тој момент претседателот разговараше со претставници на американските медиуми за конфликтот меѓу Авганистан и Пакистан.
Тој се засрами и го прекина својот говор на средина од реченицата и си замина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Иран ќе преземе казнени мерки против Грција поради заплената на нафта

Иран одлучи да преземе казнени мерки против Грција поради заплената на иранска нафта кај грчкиот брег, објави „Нур њуз“.
„Нур њуз“ – близок до највисокиот ирански орган за државна безбедност, не објави какви мерки ќе преземе Иран, пренесе „Ројтерс“.
Претходно Иран го повика швајцарскиот амбасадор, кој ги застапува американските интереси во Техеран, да реагира против американското запленување на иранска нафта од брод со кој управувала Русија во близина на Грција, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи што го пренесуваат иранските медиуми.
Свет
Украина негира дека во нејзина нуклерна централа биле пронајдени големи количества на плутониум

Украинскиот нуклеарен инспекторат ја обвини Меѓународната агенција за атомска енергија дека подлегнала на руската пропаганда и побара поддршка за барањето на Киев за протерување на руските сили од најголемата украинска нуклеарна централа Запорожје.
Шефот на инспекторатот, Олег Кориков, го критикуваше генералниот директор на агенцијата, Рагаел Гроси, кој на почетокот на неделава на Светскиот економски форум во Давос изјави дека во Запорожје се пронајдени големи резерви на плутониум и збогатен ураниум кои може да се користат за производство на нуклеарно оружје.
„Многу е тажно кога висок функционер на МААЕ објавува ‘дебели’ лаги руска пропаганда“, рече Кориков, жалејќи се дека МААЕ не одговорила на барањата на Украина да направи повеќе за борба против рускиот нуклеарен тероризам.
Непосредно пред инвазијата на Украина, рускиот претседател Владимир Путин рече дека Украина го користи знаењето од советската ера за да направи сопствено нуклеарно оружје.
Свет
Украински гувернер: Ќе мораме да се повлечеме, Русите влегоа во Северодоњецк

Украинските сили можеби ќе треба да се повлечат од последното упориште во Луганск за да избегнат заробување, тврди гувернерот на тој источен украински регион, Серхи Хаидаи.
Хаидаи објави дека руските сили влегле во Северодоњецк, клучниот град во Луганск и најголемиот град во регионот на Донбас, кој се уште е под контрола на украинските сили.
Оштетени се околу 90 отсто од зградите во Луганск, рече Хаидаи, додавајќи: „Русите нема да можат да го окупираат Луганск во наредните денови, како што предвидоа аналитичарите“.
„Имаме сила и ресурси да се браниме, но можно е да мораме да се повлечеме од некои делови за да не бидеме опколени“, рече Хаидаи.
Ако руските сили го освојат Северодоњецк, тоа ќе значи дека тие го контролираат целиот Луганск.