Свет
(Видео) Бајден: Ќе ги поместиме небото и земјата за да вакцинираме што е можно повеќе луѓе

Новиот американски претседател Џо Бајден ѝ се обрати на американската јавност по повод презентацијата на планот за борба против пандемијата со коронавирус.
„Ќе ги поместиме небото и земјата за да вакцинираме што е можно повеќе Американци бесплатно. Оваа пандемија не е од вчера, но ќе ја победиме. Доаѓа помош. Мојот план се заснова на наука, а не на политика“, рече Бајден на почетокот.
„Досега не можевме да се потпреме на федералната влада, таа не беше со фокус и координација потребни за да се бориме против пандемијата, а потоа ја плативме цената“, рече претседателот, додавајќи дека Америка во последните неколку недели забележува смртност меѓу 3.000 до 4.000. случаи дневно.
„Ситуацијата ќе биде многу полоша пред да се подобри. 20% од смртните случаи ширум светот се во САД, иако нашата земја чини само 4% од светската популација“, кажа тој.
Бајден апелираше до Американците да носат маски во следните 99 дена. „Носењето маски за жал стана партиско прашање, но тоа е патриотски чин“.
Новиот американски претседател додаде дека носењето маски ќе биде задолжително на секое патување меѓу сојузните држави и сите патници кои пристигнуваат во САД од други земји ќе треба да бидат ставени во карантин по пристигнувањето.
Тој предупреди дека до следниот месец, бројот на смртни случаи од ковид во САД ќе надмине половина милион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Фото) Аеродромот во Загреб затворен за сообраќај – мал авион слета надвор од пистата

Аеродромот „Фрањо Туѓман“ во Загреб денеска попладне беше затворен за сообраќај поради инцидент со приватен авион кој се излизгал од пистата, пишува Индекс.
Инцидентот се случил околу 15:21 часот, при слетување на приватен авион од типот Cessna 525.
Леталото проклизнало и завршило на тревната површина покрај пистата.
Според информации од авиокомпанијата, авионот бил празен и во инцидентот нема повредени.
Во моментот се преземаат мерки за отстранување на леталото од пистата, а аеродромот останува затворен до понатамошно известување.
Од Аеродромот „Фрањо Туѓман“ се извинија на патниците за доцнењата на пристигнувачките и поаѓачките летови и најавија дека јавноста ќе биде навремено информирана кога сообраќајот повторно ќе биде воспоставен.
Свет
Масовни протести во Шпанија против корупција

Повеќе од десетици илјади луѓе се собраа денес во Мадрид на демонстрации организирани од главната конзервативна опозициска партија, против владата на социјалистичкиот премиер Педро Санчез, обвинувајќи ја за корупција.
Демонстрантите се собраа на Шпанскиот плоштад во центарот на главниот град, велејќи му на Санчез да „поднесе оставка“.
Народната партија го свика собирот откако протечените аудио снимки наводно покажуваат дека член на Социјалистичката партија води кампања за клевета против полициска единица што истражува обвинувања за корупција, во која наводно се вклучени сопругата, братот и поранешната десна рака на Педро Санчез.
Социјалистичката членка ги негираше обвинувањата, кажувајќи им на новинарите дека спроведувала истражување за книгата и дека не работи во име на партијата или на Педро Санчез, а потоа ја напуштила Социјалистичката партија.
Лидерот на Народната партија, Алберто Нуњез Феихо, ја обвини владата за „мафијашки практики“ во аферата, тврдејќи дека Санчез е во центарот на повеќе корупциски скандали.
Народната партија процени дека повеќе од 100.000 луѓе присуствувале на денешниот митинг под слоганот „Мафија или демократија“.
Владин претставник во Мадрид процени дека на демонстрациите имало помеѓу 45.000 и 50.000 луѓе.
Свет
Тропската бура Барбара се формираше покрај брегот на Мексико

Тропската бура Барбара се формираше покрај југозападниот брег на Мексико, соопшти Националниот центар за урагани во Мајами рано утрово. Не се издадени предупредувања за крајбрежна опасност.
Брзината на ветерот беше околу 75 километри на час со повремени силни налети. Се очекува бурата да прерасне во ураган во понеделник.
Во делови од мексиканските држави Гереро, Мичоакан, Колима и Халиско можни се обилни врнежи од дожд од 5 до 10 сантиметри, а на некои места и до 15 сантиметри. Врнежите од дожд можат да доведат до поплави и лизгање на земјиштето.