Свет
(Видео) Блеска новото лого на „Твитер“ на зградата во Сан Франциско, соседите се жалат дека им пречи
Блеска новото лого на „Твитер“, Х, на зградата во Сан Франциско, од каде што милијардерот Илон Маск планира да ја води компанијата. Луѓето што живеат во близина се пожалија на Си-би-ес дека се загрижени поради интензивното светло на зградата.
Imagine no more. This is my life now. https://t.co/k5QfAm8yuG pic.twitter.com/e7ECCM2NUD
— Christopher J. Beale (@realchrisjbeale) July 29, 2023
Во петокот компанијата постави лого X на покривот на седиштето на „Маркет стрит“. Соседите се пожалија до Одделот за градежна инспекција во Сан Франциско, од каде што рекоа дека ќе се спроведе истрага.
За време на викендот соседите снимија видео од џиновското лого, кое свети и трепка. Патриша Валинга, која живее наспроти, изјави за Си-би-ес дека тоа е шоу на кловн.
Адвокатот Џорџ Волф истакна дека жителите имаат право да го кажат своето мислење во врска со осветленото лого, па дури и да одбијат да го имаат во нивната населба.
Еден корисник на „Твитер“ објави видео од знакот што трепка и напиша дека е спроти неговата спална соба.
Градежните инспектори од Сан Франциско рекоа дека тоа можеби е во спротивност со правилата. Претставник на фирмата рекол дека трепкачкото лого е привремено поставено на зградата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бебе застрелано од мало дете кое во паркиран автомобил посегнало по наполнет пиштол во САД
Бебе било застрелано и убиено од мало дете кое додека биле во паркиран автомобил посегнал0 по наполнет пиштол и го повлекло чкрапалото, соопшти полицијата.
Пукањето се случило на паркинг во близина на медицински центар во Сан Антонио, Тексас.
Во возилото имало три деца и една жена, изјави началникот на полицијата на Сан Антонио, Вилијам Мекманус.
„Деца на возраст од 3, 2 години и 10 или 11 месеци биле во задниот дел на возилото“, рече тој.
Едно од постарите деца се фатило за наполнет долг пиштол што бил во задниот дел на возилото и „случајно го повлекол чкрапалото“, пукајќи во најмалото дете, рече началникот.
„Ова што го имаме денес овде е ужасна, страшна трагедија“, рече Мекманус на брифинг со новинарите.
Свет
Бразилскиот претседател Лула е стабилен по повредата на главата
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва се чувствува добро денеска откако се здоби со повреда на главата во неговиот дом во текот на викендот, кога доживеа мало крварење на мозокот, изјави бразилскиот министер за институционални односи Александре Падиља.
Според лекарите Роберто Калил и Ана Хелена Гермољо, нов контролен преглед ќе биде извршен за 72 часа, пренесува Ројтерс.
Лекарите исто така потврдија дека бразилскиот претседател може да ја продолжи својата нормална работна рутина.
Свет
Ердоган: Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС
Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС и очекува дека претстојниот самит во Казан ќе даде поттик на овој потфат, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Искрено сакаме да ја продлабочиме нашата соработка со БРИКС. Верувам дека самитот во Казан значително ќе придонесе за овие напори“, рече Ердоган во Анкара.
Според турската телевизија ТРТ Хабер, Ердоган потврдил дека „на покана на рускиот претседател Владимир Путин утре ќе го посети Казан за да учествува на проширената средба на лидерите на БРИКС“.