Европа
(Видео) Вонредна состојба во Венеција

Италијанската влада денеска ќе прогласи вонредна состојба поради поплавата во Венеција со цел што побргу да се мобилизираат средства за да се избегне на долг рок исчезнување на еден од најубавите градови во светот.
Непосредно пред полноќ нивото на морето запрело на 77 сантиметри, далеку од вчерашните 1,87 метар, што не било видено 53 години.
„Катастрофата што ја погоди Венеција е удар во срцето на нашата земја. Тешко е да се гледа градот во таква состојба, неговото уметничко наследство е во ризик, а комерцијалните активности се на колена“, рече премиерот Џузепе Конте, кој дојде во градот.
Владата ќе се состане во Рим денеска попладне за да прогласи вонредна состојба во Венеција, постапка што ѝ дава на владата посебни овластувања и ресурси да дејствува што е можно побргу.
Порастот на нивото на морето во комбинација со силните ветрови и дождови вчера го поплавија речиси целиот град. Според изјавата на гувернерот на регионот, Лука Заја, поплавени се 80 проценти од градот.
Италијанските медиуми јавија дека седумдесетгодишен маж загинал од електричен удар.
Поради поплавите во градот, нема електрична енегија, а водата навлезе во базиликата на плоштадот „Свети Марко“, во продавниците, рестораните, хотелите…
Стотици туристи до своите хотели морало да стигнат преку водата, која на некои места била и над нивните колена.
Градот, кој има 50.000 жители, секоја година го посетуваат околу 36 милиони туристи, од кои 90 отсто се странци.
„Иднината на Венеција е во прашање. Повеќе не може да се живее вака. Потребна е безбедност за да се живее тука. Нашиот меѓународен кредибилитет исто така е во прашање“, рече градоначалникот Луиџи Бруњаро.
This was us upto our waists in #Venice last night trying to help some tourists reach their hotel with their luggage. Charlie in front being the absolute hero he is ❤️ #Venezia pic.twitter.com/q0JHZMQ0nJ
— Hayley L Butcher (@HayleyLButcher) November 13, 2019
Градоначалникот смета дека е приоритет да се заврши мегапроектот за браната МИСЕ (експериментален електромеханички модул) што е можно побргу за да се заштити целиот венециски басен, а Конте смета дека проектот би можел да биде комплетиран до пролетта 2021 година.
romantic meal for two last night, thanks to Osteria La Busara for still serving an amazing meal in slightly ridiculous conditions #venice pic.twitter.com/Mylzj3i6hk
— yas (@yazchaffer) November 13, 2019
This is crazy….#Venice #Venezia pic.twitter.com/wLo2RGavIq
— MHMNart (@Moonlight_H_M) November 13, 2019
Премиерот исто така вети дека владата ќе ја надомести штетата, која, како што рече, во овој момент не може да се пресмета.
This is what has happened in Venice in this last 2 days #venezia #Venice pic.twitter.com/5lQzB1u41n
— Monica (@monicandsugar) November 13, 2019
Министерот за животна средина смета дека причините за катастрофата се јасни: „Ова е директна последица на климатските промени и тропикализација на метеоролошките појави со поројни дождови и силен ветер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Украински функционер: Европа прави сè што може, но ќе биде тешко без американско оружје

Украина ги повика САД да продолжат со „континуираната“ воена помош, по изненадувачката најава дека некои испораки на оружје за Киев ќе бидат запрени, додека Вашингтон се обиде да го намали значењето на паузата.
Тоа е сериозен удар за Украина во време кога Русија ги засилува нападите во отсуство на дипломатски напредок за решавање на конфликтот. Американскиот претседател Доналд Трамп му се обраќа на рускиот претседател Владимир Путин од јануари, обидувајќи се да изврши притисок врз него да ги запре борбите, но без да постигне конкретен напредок.
Вчера, сосема неочекувано, неговата администрација објави дека престанала да испорачува одредени видови оружје во Киев, официјално поради загриженост за намалувањето на залихите на муниција во САД, од каде што доаѓа најголемиот дел од воената помош за Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.
Американските претставници вчера се обидоа да го минимизираат влијанието на потегот, без да дадат детали. „Министерството за одбрана продолжува да му презентира опции на претседателот во врска со воената помош за Украина, во согласност со целта за завршување на оваа трагична војна“, изјави портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, за новинарите.
Портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, на брифингот изјави дека „ова не е суспензија на американската помош за Украина или испораката на оружје“, туку „изолиран инцидент“.
Оружјето, муницијата и опремата од Соединетите Американски Држави, како и разузнавачките информации, им овозможија на украинските сили да ги сопрат руските трупи, кои окупираа речиси 20 проценти од украинската територија. Украина останува зависна од американските испораки на оружје, изјави за АФП висок украински воен функционер.
„Европа прави сѐ што може, но ќе ни биде тешко без американска муниција“, додаде тој. Синоќа, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Вашингтон и Киев се обидуваат да ги „разјаснат сите детали“ во врска со воената помош што Соединетите Американски Држави сè уште ја обезбедуваат. „Продолжената американска помош за нашата одбрана и нашиот народ е во наш заеднички интерес“, рече тој.
Европа
(Видео) Украинците уништија руско складиште за муниција, се шири снимка од огромна експлозија

Украина очигледно извршила напад врз руско складиште за муниција во градот Карцизк во окупираниот дел од Донецката област на 2 јули, објавија и руски и украински Телеграм канал.
На социјалните мрежи се појавија снимки на кои наводно се гледаат моќни експлозии во близина на магацинот за кој се тврди дека се наоѓа источно од рускиот окупиран град Донецк.
Украинската војска не го коментираше нападот, а во моментов нема информации за обемот на штетата.
💥Just now: strike reported on the Russian ammunition depot on Khartsyz'k. pic.twitter.com/o33onaTPWF
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) July 2, 2025
Украинската војска редовно напаѓа воени цели на територијата окупирана од Русија, како и длабоко во Русија, во обид да ја ослабне способноста на Москва да води војна против Украина.
Вечерта на 30 јуни, Украина слично започна напад врз командниот пункт на 8-та комбинирана армија на руските вооружени сили во рускиот окупиран дел од Донецката област. Според неофицијални информации, нападот бил извршен од британски крстосувачки ракети со долг дострел од типот Storm Shadow.
Russian ammunition depot in Khartsyzk https://t.co/VkenrZaEV1 pic.twitter.com/ktxSlOzcCd
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) July 2, 2025
Со месеци, Русија ја фокусираше својата офанзива врз градот Покровск во Донецката област, кој е под постојан напад, а во последно време сè повеќе се обидува да ги пробие украинските линии кон соседната Дњепропетровска област – регион кој досега не беше погоден од борбите.
Европа
Убиен украински командант; Зеленски: Ќе одговориме за овој напад

Во руски ракетен напад врз Хуљајпоље во областа Дњепропетровска беше убиен командантот на 110-та посебна механизирана бригада на Украина, Сергеј Захаревич, а ранети се уште 30 други, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Руската војска го нападна вчера округот Камјански, каде што се наоѓа селото Хуљајпоље, соопшти гувернерот Сергеј Лисак. Хуљајпоље, со население од околу 1.200 жители пред војната, се наоѓа во западниот дел на областа Дњепропетровска, на околу 70 километри од линијата на фронтот.
„Секако ќе им одговориме на Русите за овој напад“, објави Зеленски, додавајќи дека во моментов е во тек истрага за рускиот напад и дека чека извештај од воената команда.
Захаревич дипломирал на Одесскиот институт на копнените сили. Во февруари оваа година, тој беше назначен за командант на 110-та посебна механизирана бригада. Пред тоа, тој беше заменик-командант на 33-та механизирана бригада.
Тој учествуваше во неколку борбени мисии на фронтот. „Нашата армија изгуби уште еден претставник на новата генерација украински офицери кои пораснаа во битка и станаа модели на храброст и проактивно воено лидерство“, соопшти Генералштабот на украинските вооружени сили.