Свет
(Видео) Вооружени крадци во Хонгконг украле стотина ролни со тоалетна хартија
Вооружени крадци утрово украле стотина ролни тоалетна хартија во вредност од речиси 130 долари во Хонгконг, каде што поради коронавирусот има недостиг од основни работи.
Тројца мажи вооружени со ножеви ги пресретнале доставувачите утрото во населбата Монг Кок, позната по немири меѓу вооружени банди.
Meanwhile in Hong Kong the toilet paper wars continues, the question is who will finally get the golden toilet paper, the suspense is killing me…
“I can’t wait to wipe my ASSSSSS”pic.twitter.com/LsLIiKQ5Br https://t.co/pwBIZO1zgM— 黃德發 (@wongtafuk) February 15, 2020
Полицијата успеала да ги фати. Според нивниот извештај, крадците им се заканиле на доставувачите, кои веднаш им ги дале ролните со тоалетна хартија. Крадците зеле 600 ролни во вредност од речиси 130 долари.
Despite the shortage of medical supplies in #HongKong, toilet paper became another targets for panic buying.
3 robbers with knives looted 60 packs toilet paper from #WelcomeSupermarket at #MongKok around 6 am today.
Dude… toilet paper… https://t.co/gUuCwNKGbg pic.twitter.com/n4xSe1hBd6— Nikki? (@nikki_miumiu) February 17, 2020
Во Хонгконг моментно недостига тоалетна хартија поради паничното купување резерви предизвикано од страв од коронавирусот. Таму луѓето чекаат во редици пред продавниците кога ќе пристигне стоката на полиците.
Слична паника владее и во Сингапур, каде што се потврдени 75 случаи на заразени со коронавирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

