Контакт

Европа

(Видео) Во трката со бикови во Шпанија повредени петмина луѓе

Објавено пред

Пет лица се повредени во првата трка со бикови на познатиот фестивал во шпанскиот град Памплона, објави РТВЕ, повикувајќи се на информации од тамошните болници.

Сите петмина повредени биле веднаш хоспитализирани. Тројца од нив биле повредени од роговите на биковите, а останатите двајца имаат потрес на мозокот.

Меѓу повредените е и 23-годишен Американец од Кентаки, кој претрпел најтешки повреди, се вели во извештајот.

Трката по тесните улици на средновековниот град до арената траела две минути и 41 секунда, објавија локалните медиуми. На фестивалот се одржуваат вкупно осум вакви трки.

Контроверзниот фестивал Сан Фермин беше отворен пред неколку дена. Илјадници луѓе, традиционално облечени во бела и црвена боја, го следеа лансирањето на ракетата која точно напладне беше испалена од балконот на градското собрание.

Неколку демонстранти од здруженијата за заштита на животните ПЕТА и „Анимал натуралис“ протестираа против фестивалот пред градското собрание. Таквите протести се одржуваат редовно во изминатите 16 години, пишува весникот „Ла Вангардија“.

Фестивалот на кој, осум дена по ред, шест црни борбени бикови трчаат по тесните улички на градот кон арената, е посветен на заштитникот на градот свети Фермин, а се одржува од 1591 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Велика Британија: Секојдневно околу 52.000 новозаболени од Ковид-19

Објавено пред

Во Велика Британија околу 52.000 нови случаи се регистрирани речиси секој ден оваа недела.

Тоа е големо зголемување во споредба со претходната недела, кога дневниот пораст на бројот на пациенти беше околу 35.000, според податоците објавени од Националното биро за статистика (ОНС).

Истражувањето на ОНС за епидемијата проценува дека 568.100 луѓе имале Ковид-19 помеѓу 17 и 23 октомври, што е повеќе од 433.300 претходната недела, пренесува „Ројтерс“.

Се проценува дека оваа недела еден од 100 луѓе во Англија добиле Ковид-19, додека минатата недела тој однос бил 1 спрема 130.

Прикажи повеќе...

Европа

Италијанскиот министер за економија: Приоритет на владата е да се избегне целосно затворање

Објавено пред

Италијанскиот министер за економија, Роберто Гвалтиери, вели дека апсолутен приоритет на владата е да избегне целосно затворање на државата.

Тој додава дека тоа ќе го наруши економското закрепнување на земјата забележано во третиот квартал од оваа година.

Обраќајќи им се на банкарите во Рим, тој рече дека закрепнувањето на БДП од 16 проценти во периодот јули и септември е значајно, дури и ако падне во четвртиот квартал, и дека Италија ќе ја исполни прогнозата за пад на БДП од 9 % за цела година, пренесува „Ројтерс“.

Прикажи повеќе...

Европа

Најавен најмасовен протест поради забраната за абортус во Полска

Објавено пред

Активистите за заштита на правата на жените се подготвуваат за, како што велат, најголемиот протест досега во Полска. Во таа земја повеќе од една недела се одржуваат протести поради пресудата на Уставниот суд за забрана за абортус во случај на вродено оштетување на фетусот.

Маршот е планиран за вечерва во главниот град Варшава и покрај апелите на владата луѓето да останат дома поради големиот број случаи на заболени од коронавирус.

Вчера е потврден рекорден број на заболени во Полска – над 20.000 случаи и 301 смртен случај.

Јавниот обвинител најави дека ќе поднесе кривична пријава против организаторите на протестот за предизвикување епидемиолошка закана за што им се заканува казна затвор од осум години.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Царовска: Нема ширење на Ковид-19 во училиштата

Немаме ширење на Ковид-19 во училиштата, додека не се создадат услови за затворање, остануваме на овој модел, изјави министерката за...

Македонија3 часа

СОНК бара да се преиспита наставата со физичко присуство

СОНК бара Министерството за образование и наука да ја преиспита одлуката за настава со физичко присуство, односно да им овозможи...

Македонија3 часа

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Скандал е што наместо оставка, Шилегов го награди Караџовски

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на град Скопје реагира за доделената награда „13 Ноември“ на епидемиологот Жарко Караџовски. Тие велат дека...

Регион4 часа

Во Хрватска 2.772 новозаразени од коронавирус, 20 починати

Во Хрватска се евидентирани 2.772 нови случаја на зараза од коронавирус, така што бројот на активни случаи во Хрватска е...

Македонија5 часа

Мицкоски предлага здравствените работници еднаш месечно бесплатно да се тестираат

Во време на ковид-пандемија, во насока да ги заштитиме тие што се грижат за нашето здравје и спасуваат животи, предлагам...

Актуелно5 часа

Почина актерот Данчо Чевревски

На 69 години синоќа во Скопје почина Данчо Чевревски, македонски театарски и филмски актер и продуцент. Чевревски е роден на...

Европа5 часа

Дарманин: Франција е во војна против исламистите

Францускиот министер за внатрешни работи, Жерар Дарманин, вели дека е можно повеќе напади да се случат на територијата на Франција...

Европа6 часа

ЕУ обезбеди 220 милиони евра за прекуграничен превоз на заболени од корона

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, во четвртокот објави 220 милиони евра помош за прекуграничен транспорт на луѓе...

Европа7 часа

(Видео) Огромен метеж во Париз, луѓето повторно празнеа полици пред новото затворање

Десетици илјади парижани синоќа предизвикаа масовен сообраќаен метеж во обид да ја напуштат француската престолнина пред почетокот на новото затворање...

Свет19 часа

Автомобил удри во група луѓе во Германија – загина дете, а има и тешко повредени

Дванаесетгодишно момче загина, а тројца се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи доцна попладнево во Германија, пренесуваат...

Македонија19 часа

Во Скопје 390 новозаболени и петмина починати, најмладата жртва има 35 години

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани 390 нови случаи на Ковид-19 и петмина починати. Меѓу починатите најмладата жртва...

Македонија20 часа

Нови 862 заразени и 14 починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на...

Свет22 часа

(Видео) Макрон се обрати на нацијата – нема да се откажеме од нашите вредности

Франција повторно беше цел на терористички напад, порача францускиот претседател, Емануел Макрон, во Ница, каде што утрово беа убиени тројца...

Македонија23 часа

Кривична за Лидија Димова, се товари дека злоупотребила милиони од европски фондови

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривични пријави против директорката на...

Македонија1 ден

(Видео) За Заев е неприфатливо тоа дека македонскиот јазик извира од бугарскиот

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се прифатливи некои од сигналите што доаѓаат од Бугарија. „Не е прифатливо“, изречно рече...

Македонија1 ден

Пендаровски: До овој момент не се размислува за полициски час каков што имавме

Претседателот Стево Пендаровски, по денешната седница на Советот на безбедност, изјави дека во овој момент не се размислува за полициски...

Македонија1 ден

Спасовски пренесен на Инфективната клиника во Скопје

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вчеравечер е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Согласно протоколите, тој со...

Економија1 ден

АЕК ќе спроведува физибилити-студија за влијанието на 5Г-мрежата врз здравјето на луѓето

Агенцијата за електронски комуникации набргу ќе распише меѓународен тендер за избор на компанија што ќе изработи физибилити-студија за влијанието на...

Македонија1 ден

Задолжителна самоизолација од закажувањето тестирање на Ковид-19, казните се 50 евра

Со новите законски измени самоизолацијата е задолжителна при тестирање на Ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па сè...

Свет1 ден

Во нападот во Ница убиени три лица, една жена е обезглавена

Во нападот што се случи во Ница, за кој се сомнева дека е терористички, убиени се три лица со нож,...

Досие