Свет
(Видео) Герашченко: 16.000 луѓе се во критичната зона по уништувањето на браната
Антон Герашченко, поранешен министер и актуелен советник на украинското Министерство за внатрешни работи, на социјалните мрежи објави дека околу 16.000 луѓе би можеле да бидат погодени од поплавата предизвикана од уништувањето на браната „Нова Каховка“ во областа Херсон на југот на Украина.
Герашченко објави видео за кое тврди дека покажува поплавено населено место.
About 16,000 people are in “critical zone” in Kherson region on the right bank of the Dnieper river – head of Kherson regional military administration.
Evacuation trains will take people to safety from Kherson. pic.twitter.com/rmltVcc9yI
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) June 6, 2023
„Околу 16.000 луѓе се наоѓаат во критичната зона во регионот Херсон на десниот брег на реката Днепар“, изјави шефот на воената администрација на Херсон. „Возовите за евакуација ќе ги однесат луѓето од Херсон на безбедно“, напиша Герашченко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.
Свет
Кина остро го осуди убиството на Хамнеи, повика на прекин на воените дејствија
Кина соопшти дека „остро го осудува“ убиството на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи од страна на САД и Израел и повторно повика на прекин на воените дејствија, пренесува „Гардијан“.
Министерството за надворешни работи во Пекинг наведе дека станува збор за „тешко кршење на суверенитетот и безбедноста на Иран, како и на целите и принципите на Повелбата на ОН и основните норми на меѓународните односи“.
„Кина решително се спротивставува и остро го осудува тоа“, се додава во соопштението, со повик за „итен прекин на воените операции“.
Осудата следеше по телефонски разговор меѓу кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и рускиот министер Сергеј Лавров, за кој кинеските државни медиуми јавија дека бил инициран од руската страна. Ванг изјавил дека „дрското убиство на суверен лидер и поттикнувањето на промена на режим“ од страна на САД и Израел е „неприфатливо“.
Фото: depositphotos

