Контакт

Свет

(Видео) Гром удри во вулкан за време на ерупција

Објавено пред

Вулканот Фуего во Гватемала еруптираше во март годинава и токму во тој момент го погоди гром.

Овој посебен момент е снимен од блискиот вулкан Акатананго во близина на градот Антигва, а видеото е објавено каналот „ВиралХог“.

Овој вулкан е познат по тоа што е постојано активен и исфрла пепел на секои 15-20 минути.

Европа

ЕУ ја поздрави поддршката на Македонија на мерките против Белорусија

Објавено пред

Европската унија ја поздрави поддршката на Северна Македонија, Црна Гора, Србија и Албанија за одлуката за заострување на казнените мерки против Белорусија.

На 4 јуни Советот на Европската унија донесе одлука за заострување на постојните казнени мерки, имајќи ја предвид ситуацијата во Белорусија, со воведување забрана за летање на сите белоруски авиокомпании преку воздушниот простор на ЕУ и забрана за пристап до аеродромите на ЕУ, рече Европскиот министер за надворешни работи Жозеп Борел.

„Земјите кандидати (за членство во ЕУ) Северна Македонија, Црна Гора, Србија и Албанија и земјите-членки на Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА), Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, членки на Европската економска област, се приклучуваат на оваа Одлука на Советот. Тие ќе осигурат дека нивните национални политики се во согласност со оваа одлука на Советот. ЕУ ја забележува оваа обврска и ја поздравува “, рече Борел.

ЕУ ги заостри санкциите откако белоруските власти го принудија авионот на ирскиот превозник да слета во Минск, а потоа ги уапси истакнатиот опозициски активист Роман Проташевич и неговата девојка на аеродромот.

Шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Европската унија денес, од истата причина, одобрија дополнителни санкции за 80 претставници на Белорусија.

Прикажи повеќе...

Свет

Телото на новиот израелски министер тема на владина седница: „Ги тераш мажите да се срамат“

Објавено пред

Снимка од израелскиот министер за туризам, Јоел Развозов, како излегува од вода, ги обиколи социјалните мрежи, каде корисниците не престануваат да зборуваат за неговите мускули.

Снимката што го покажува мускулестото тело на израелскиот министер за туризам започна да се шири на социјалните мрежи, а насловот под видеото, покажува колку Израелците се воодушевени од неговиот изглед: „Нешто што заборавија да ни го кажат за новата влада: Јоел Развозов е најзгодниот министер за туризам што некогаш сме го имале“, пренесува „Телеграф“.

40-годишниот Развозов е близок соработник на Јаир Лапид, а пред да се определи за политичка кариера, тој бил успешен џудист. Го претставувал Израел на европски и светски шампионати, а боите на својата земја ги бранел дури и на Олимписките игри.

Јоел е од неодамна во политика, затоа што морал да ја заврши својата спортска кариера поради неколку повреди, но сепак е голем љубител на спортот и редовно оди на сурфање.

Видеото, кое почна да се шири на социјалните мрежи, покажува како министерот излегува од вода додека во рацете држи даска за сурфање, а ова видео многумина ги потсетило на познатите сцени од серијата „Чуварите на плажата“.

Видеото дури стигнало и до седница на владата, каде го споменал новоизбраниот премиер Нафтали Бенет, пишува „Тајмс од Израел“.

„Јоел, престани да правиш мажите да се срамат пред своите жени“, рекол Бенет алудирајќи на снимката.

Ниту Развозов не останал должен, па му одговорил на Бенет на сличен начин.

„Јас го правам тоа само за да ги рекламирам израелските плажи“, рекол министерот за туризам.

Прикажи повеќе...

Свет

СЗО: Во тек се планови за производство на вакцини во Африка

Објавено пред

Се прават планови да се започне со производство на вакцини против коронавирус во Африка, поради зголемената загриженост за нееднаквиот пристап до вакцините за време на пандемијата.

Првиот центар за производство на вакцини ќе биде отворен во Јужна Африка, со помош на конзорциум, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса ги поздрави плановите како важен чекор напред кон Африка, која ќе стане помалку зависна од увезените вакцини.

„ Никогаш не доаѓаат. Никогаш не пристигнуваат на време”, рече тој и дополни дека на тоа место исто така ќе се обучуваат квалификувани работници потребни за производство на вакцината.

„ Оваа иницијатива е прва од многуте што ќе ги поддржиме“, рече францускиот претседател Емануел Макрон.

„ Ова е одлична вест, особено за Африка, која има најслаб пристап до вакцини“, рече директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебреизус.

Центарот може да ги произведе првите вакцини во рок од девет до 12 месеци, ако сè оди според планот, рече експертот на СЗО, Соум Сваминатан. СЗО објави дека деталите за трансферот на технологија и соработката сепак треба да се договорат.

Државите разговараа за укинување на патентот за вакцини, за што особено се залагаа Јужна Африка и Индија при Светската трговска организација (СТО). Тедрос рече дека бројот на нови случаи во делови на Африка е зголемен за три пати, па дури и за четири пати, за неколку недели, делумно поради екстремно малата вакцинација.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт3 часа

Пандев: Не може ништо да се спореди со овој свет дрес

Горан Пандев заминува од македонската репрезентација, како рекордер со 122 настапи и 38 гола, со остварено ветување за пласман на...

Спорт4 часа

ЕУРО 2020 заврши за Македонија, Холандија и Австрија во осминафиналето

Македонија со 0:3 пораз од Холандија го заврши историскиот настап на ЕУРО 2020, во меч кој носеше големи емоции за...

Спорт5 часа

Моменти за солзи – цела Амстердам арена со поздрав за Пандев

Горан Пандев имаше емотивно збогување со националниот дрес, откако селекторот Игор Ангеловски реши да го повлече од игра во 68....

Македонија11 час

Нема најава за нови рестрикции по вториот случај на индиски вид во Македонија

Во текот на вчерашниот ден во Македонија беше детектиран и вториот случај на индискиот вид на коронавирусот, но засега нема...

Економија11 час

Се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Европа12 часа

Рекорден дневен број на заразени со Ковид-19 во Москва

Бројот на новоинфицирани oд коронавирус во руската престолнина Москва и нејзината област во изминатите 24 часа достигнал 1.800, што е...

Македонија12 часа

Сојузот на средношколци: Да се објават извештаите за училиштата кои наплаќаа свидетелства

Сојузот на средношколци бара од државниот просветен инспекторат јавно да ги објави извештаите за спроведените инспекции во четирите средни училишта...

Топ13 часа

МВР со детали за сообраќајната несреќа во која загинаа две лица

Две лица загинаа вчера во сообраќајната несреќа што се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на населбата „Три чешми“. Според...

Македонија14 часа

По отповикувањето, Азески на Црна Гора ѝ посака брз развој и просперитет

Бранко Азески се огласи со коментар по одлуката на Владата во Црна Гора, да го отповика како почесен конзул на...

Свет15 часа

(Видео) Американската морнарица во океан детонираше бомба, предизвикан земјотрес

Експлозија изведена од американската морнарица, предизвика земјотрес. Бомбата тешка 18.143 килограми била активирана крај брегот на Флорида. Експлозијата била извршена...

Македонија15 часа

Владата во Црна Гора го отповика почесниот конзул во Македонија, Бранко Азески

Владата во Црна Гора ваквиот потег го објасни со изјава дека отповиканиот амбасадор се обидел да ги омаловажи и да...

Свет15 часа

САД со ултиматум до Кина, или нова истрага за Ковид-19, или изолација

Џејк Саливан, советник за безбедност на американскиот претседател Џозеф Бајден, рече дека Кина има уште еден избор или да дозволи...

Спорт16 часа

Пандев последен пат ќе ја предводи Македонија

Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва, ќе го одигра последниот натпревар на Европското првенство. Натпреварот против Холандија, на стадионот што го...

Европа16 часа

ЕУ: Црна кутија, задолжителна во автомобилите од следната година

Од следната година, задолжително во сите нови автомобили во ЕУ ќе биде поседувањето т.н Црна Кутија, а од 2024 година,...

Македонија1 ден

За шест часа, казнети 66 возачи за брзо возење на автопатот Скопје-Велес и скопската обиколница

Полицијата за шест часа казни 66 возачи за брзо возење на автопатот Скопје-Велес и скопската обиколница, соопшти Министерството за внатрешни...

Спорт1 ден

„Гранде“ Пандев потврди дека утре го игра последниот меч за Македонија!

Легендарниот македонски капитен Горан Пандев, потврди дека утре против Холандија ќе го одигра својот последен меч за македонската репрезентација, заминувајќи...

Регион1 ден

Џамбаски: Македонија е бугарска, од двете страни на границата Деве Баир живее една нација

Една нација живее на двете страни од границата Деве Баир, а тоа е бугарската, ова го напиша бугарскиот европратеник, Ангел...

Македонија1 ден

Нови осум заболени од Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.265 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 3,...

Свет1 ден

(Видео) Петмина градежни работници загинаа при уривање на училиште во Белгија

Најмалку пет лица загинаа а девет се повредени кога училишна зграда во белгискиот град Антверпен се сруши за време на...

Македонија1 ден

Николоски: Нема да дозволиме избори без евидентирање на граѓаните со отисок од прст

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи локални избори без евидентирање на граѓаните со отисок од...

Досие