Свет
(Видео) Демонстрантите во Минск формираат синџири на солидарност по насилствата на протестите

Белоруските демонстранти утринава формираа синџири на солидарност во повеќе делови на белоруската престолнина како поддршка на ултиматумот на народот поставен од опозицијата, пренесува ТАСС.
Лекари од кардиолошкиот истражувачки центар „Кардиологија“, многумина со црвено-бели знамиња и амблеми, се наредија на улицата Грушевка. Сличен протест е во тек на улицата Мајаковски во близина на метро-станицата „Михалово“.
Сведоците пријавиле апсења на улицата „Первомајскаја. Во некои делови на градот демонстрантите блокираа патишта, но веднаш беа испратени патроли на автопатите за да се врати сообраќајот во нормала. Група од 100 студенти на белорускиот државен универзитет одржуваат протест со седење во главната зграда на универзитетот.
Ултиматумот на поранешната претседателска кандидатка Светлана Тихановскаја до претседателот Александар Лукашенко истече вчера. Опозицијата повика на протести на индустриските претпријатија почнувајќи од денеска.
На Орловской многочисленные взрывы. Люди бегут врассыпную по дворам.
Одна из светошумовых взорвалась прямо под окнами жилого дома. pic.twitter.com/bGD5P0Cwu1
— TUT.BY (@tutby) October 25, 2020
Белоруската полиција вчера употреби шок-бомби за да ги растера демонстрантите што се упатија кон резиденцијата на претседателот Александар Лукашенко во Минск кога илјадници антивладини демонстранти мирно маршираа на улиците во градот.
За време на огромниот антивладин митинг, учесниците наидоа на повеќе полициски кордони и беа принудени да ги заобиколат. Една таква средба се покажа како особено жестока бидејќи полицајците користеа груби мерки за растерување на толпата.
Во медиумите се појавија тврдења за употреба на гумени куршуми против демонстрантите, да локалната полиција соопшти дека ги проверува извештаите за пукање со огнено оружје за време на судирите.
BREAKING – Stun grenades were used by security forces near the central police station in Minsk.pic.twitter.com/zq3Dh699iO
— Disclose.tv ? (@disclosetv) October 25, 2020
Снимките што кружат на интернет покажуваат неколку експлозии на шок-бомби среде улица и демонстранти како бегаат од полицајци и влегуваат во станбена област.
Еще одно жесткое видео с разгона протестующих на Орловской. #минск pic.twitter.com/V5CGHNINVe
— Алексей Кириленко (@Kirilenko_a) October 25, 2020
По конфронтацијата, наводно биле приведени повеќе демонстранти. Мерките за контрола на немирите беа употребени кога демонстрантите се собраа во близина на седиштето на регионалната полиција, изјавија властите од Минск за „РИА новости“.
Приближно 120 лица беа приведени за време на масовните протести во неделата во Минск, соопшти полицијата, додавајќи дека двајца полицајци биле повредени во судирите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Фицо разговараше со Мерц: Предлогот за суспендирање на испораката на руски гас е идеолошки и штетен

Словачкиот премиер Роберт Фицо разговараше по телефон со германскиот канцелар Фридрих Мерц за рускиот гас и антируските санкции и го пофали конструктивниот пристап на Европската комисија (ЕК) кон резервите на Словачка во врска со предложеното суспендирање на увозот на гас од Русија од 2028 година, но истакна дека предлогот за суспендирање на испораката на руски гас е „идеолошки“ и „штетен“.
„Верувам дека предлогот на ЕК за суспендирање на испораката на руски гас е идеолошки и штетен за целата ЕУ, а особено за Словачка, која по децении транзит на руски гас е на крајот од цевката без гас и директен пристап до терминали за течен гас. Овој предлог од ЕК, чие усвојување бара само квалификувано мнозинство, дополнително ќе ја оштети конкурентноста на целата ЕУ и ќе доведе до зголемување на цените на гасот за словачките домаќинства и индустријата“, истакна Фицо.
Фицо додаде дека доколку Словачка нема доволно гаранции за минимизирање и надоместување на штетата предизвикана од предлогот на ЕК за запирање на протокот на руски гас, ќе побара одложување на гласањето за 18-от пакет антируски санкции, за што е потребна согласност од сите земји-членки на ЕУ, пренесува TASR.
Регион
Мајка им давала на децата желе бомбони направени од канабис: уапсена 29-годишна жена во Грција

Полицијата во Ираклион, на грчкиот остров Крит, уапсила 29-годишна жена за која постои сомнение дека им дала на своите деца, на возраст од 14 и 10 години, препарати со канабис во форма на желе бомбони.
По консумирањето, децата се чувствувале лошо и биле префрлени во Универзитетската болница во Ираклион, каде што биле хоспитализирани на детското одделение, објавува грчкиот весник „Катимерини“.
Директорот на болницата, Јоргос Халкиадакис, изјавил дека нивната здравствена состојба е добра.
Жената, која работи во хотел, наводно изјавила дека пронашла желе бомбони во хотелскиот простор и, мислејќи дека се обични слатки, им ги дала на децата.
Предметот на истрагата го води Пододделот за сузбивање и истрага на кривични дела во Ираклион.
Се очекува резултатите од истрагата да фрлат повеќе светлина врз тоа дали мајката ја кажувала вистината, а доколку е така, да откријат како бонбоните стигнале до хотелот и дали имало некакви пропусти во безбедносните процедури.
Свет
ЕУ лансира нова платформа за вработување работници надвор од Унијата

Базата на таленти на Европската Унија (ЕУ), платформа за вработување што ги здружува работодавачите со седиште во ЕУ и граѓаните на земјите што не се членки, влезе во понатамошни преговори со европските законодавци, објави денес истражувачкиот центар во Брисел „Институт Егмонт“.
Платформата, која колоквијално се нарекува Тиндер за баратели на работа, алудирајќи на популарната апликација за запознавање и поврзување на луѓе, се преплетува со неколку други иницијативи на ЕУ, што ја зголемуваат конкурентноста на земјата преку пазарот на трудот, според написите на медиумите во регионот.
Базата на таленти беше претставена како дел од Пакетот за мобилност на вештини и таленти и треба да им помогне на работодавачите да ги пополнат празните работни места, како и да го решат недостатокот на работни места во секторот, и да им помогне на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ да најдат работа на стандардизиран и предвидлив начин во земјите-членки на Унијата.
Работодавачите во ЕУ, тврдат дека имаат тешкотии во наоѓањето кандидати, особено во малите и средните претпријатија, а околу 74 проценти од нив изјавиле дека во моментов се соочуваат со недостаток на квалификувани работници на барем една позиција во нивната компанија.
Земји како Белгија, Италија и Холандија имаат проблем со вработувањето долго време, а тој се дуплираше во последните пет години.