Свет
(Видео) „Децата биле брутално убиени со голи раце“: Израел го обвини Хамас за убиство на двете киднапирани момчиња

Ариел и Кфир Бибас, две израелски момчиња киднапирани од Хамас за време на терористички напад на 7 октомври 2023 година, беа „брутално убиени со голи раце“, изјави денеска портпаролот на ИДФ, контраадмирал Даниел Хагари, отфрлајќи ги тврдењата на Хамас дека семејството било убиено во израелски воздушен напад.
Во телевизиска изјава, Хагари нагласи дека двете млади момчиња, кои имале 4 години и 10 месеци во моментот на нивната смрт, не биле фатално повредени во бомбардирањето, туку биле убиени на особено брутален начин од нивните киднапери, кои потоа ги осакатувале нивните тела за да го прикријат злосторството. „Екстремистите извршија грозоморно злосторство, третирајќи ги немоќните како што правеше ИСИС“, рече тој.
BREAKING:
Spokesman of the Israeli Army Daniel Hagari just announced that the forensic examination of the bodies of 9-month-old Kfir Bibas and his 4-year-old brother Ariel were beaten to death by Hamas.
They weren’t killed in an airstrike, they were brutally murdered pic.twitter.com/YdcoAbFBZK
— Visegrád 24 (@visegrad24) February 21, 2025
Хагари истакна дека форензичките докази, заедно со разузнавачките извештаи, ја потврдуваат нивната судбина. ИДФ ги сподели овие разузнавачки информации со меѓународните партнери, додаде тој.
Тој, исто така, откри дека разговарал со таткото на момчињата, Јарден Бибас, кој и самиот беше киднапиран за време на нападот на Хамас на 7-ми октомври, но беше ослободен претходно овој месец како дел од тековниот договор за киднапирањата.
“Ariel and Kfir Bibas were murdered by terrorists in cold blood.
The terrorists did not shoot the two young boys—they killed them with their bare hands.
Afterwards, they committed horrific acts to cover up these atrocities.”-IDF Spokesperson RAdm. Daniel Hagari
— Israel Defense Forces (@IDF) February 21, 2025
„Јарден сака целиот свет да знае за бруталниот начин на кој биле убиени неговите деца“, рече Хагари.
Освен тоа, Хагари бараат враќање на телото на нивната мајка, Шири Бибас, која требало да биде вратена во Израел со посмртните останки на нејзините деца. Наместо тоа, Хамас го предаде телото на неидентификувана жена од Газа, што ИДФ го осуди како сериозно кршење на договорот.
Хагари понатаму откри дека Одед Лифшиц, 83-годишник чии останки биле вратени со децата Бибас, бил егзекутиран од неговите киднапери во првите недели од војната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп објави: Непријателствата се решени

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека непријателствата меѓу Пакистан и Индија се решени откога ги повика двете земји да се фокусираат на трговијата наместо на војната.
Во обраќањето пред американските трупи во воздухопловната база Ал Удеид во Катар за време на турнејата на Блискиот Исток, Трамп рече дека Пакистан и Индија се задоволни од тоа, објави „Ројтерс“.
Соседните нуклеарни земји го завршија конфликтот, кој траеше од 7 до 10 мај, кога се согласија на прекин на огнот по дипломатски разговори и притисок од САД.
Како што е најавено, денес во текот на денот Трамп ќе отпатува во Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати на последниот дел од неговата турнеја на Блискиот Исток, која трае од 13 до 16 мај.
Свет
(Видео) Русија: Турција ги одложи преговорите за попладне; Зеленски пристигна во Анкара

Предложените разговори меѓу Русија и Украина во Истанбул се одложени за четврток попладне на иницијатива на турската страна, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Рускиот претседател Владимир Путин предложи директни преговори со Украина во Истанбул во неделата.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна денес во турската престолнина Анкара на средба со турскиот шеф на државата, Реџеп Таип Ердоган, а во Истанбул рускиот и украинскиот лидер чекаат одделно да почнат преговорите.
Авионот на украинскиот претседател слета на аеродромот „Есенбога“ во Анкара и е закажана средба со Ердоган напладне.
Зеленски претходно оваа недела изјави дека е подготвен да разговара само со Путин предизвикувајќи го да дојде во Истанбул ако е доволно храбар.
Кремљ одговори дека Русија не се согласува со ултиматуми. Двете страни последен пат имаа директни разговори во март 2022 година, исто така во Истанбул, само неколку недели откако Путин нареди напад врз Украина.
Двете страни се обидуваат да му докажат на американскиот претседател Доналд Трамп дека се сериозни во врска со мировните напори.
Американскиот претседател моментно е на турнеја на Блискиот Исток, а изјави дека ќе дојде во Турција еден ден подоцна „доколку тоа би било соодветно“.
Регион
Конститутивната седница на собранието на Косово одложена 16. пат

Конститутивната седница на собранието на Косово денес беше одложена шеснаесетти пат откога повторно не беше прифатен предлогот на движењето Самоопределување за одржување тајно гласање за избор на претседател на собранието.
55 од присутните 111 пратеници гласаа за формирање комисија, која ќе го надгледува тајното гласање.
Седницата е закажана да продолжи в сабота, 17 мај, во 10.30 часот.
Самоопределување исто така побара тајно гласање за претседател на собранието на последните шест седници, но опозициските Демократската лига на Косово, Демократската партија на Косово и Алијансата за иднината на Косово, како и Српската листа, се против тоа одбивајќи да предложат членови на комисијата за тајно гласање.
Кандидат на Самоопределување за претседател на собранието е сè уште Албуљена Хаџиу, иако во шест обиди за избор таа никогаш не добила повеќе од 57 гласа, а за избор на претседател на собранието се потребни 61 глас.
Поради неможноста за конституирање на собранието, претседателката Вјоса Османи за денес закажа консултации со претседателите на партиите.
Конститутивната седница почна пред 30 дена, на 15 април, а врз основа на резултатите од изборите одржани на 9 февруари ниедна партија нема доволно мандати за самостојно да формира влада.
Самоопределување има 48 мандати, Демократската партија на Косово – 24, Демократската лига на Косово – 20, Алијансата за иднината на Косово и иницијативата „Нисма“ – 8, Српската листа – 9, Партијата за слобода, правда и опстанок – 1, а преостанатите 10 мандати им припаѓаат на претставници на другите немнозински заедници.