Свет
(Видео) На пречекот во Брисел: изгореа 60 автомобили, нападнати пожарникари и полиција
Брисел се соочи со немири на новогодишната ноќ. Помеѓу 18 часот во вторникот и 7 часот во средата полицијата реагира на повеќе од 1.700 инциденти во градот, при што беа уапсени 159 лица.
Најлошо беше во западните и јужните области на белгискиот главен град, вклучувајќи ги Моленбек и Андерлехт. Станува збор за населби во кои живеат голем број мигранти. Најмалку 60 автомобили изгореле, а пожарникарите, кои се обидувале да ги изгаснат пожарите, биле гаѓани со камења и „молотови коктели“ поради што во некои случаи биле принудени да се повлечат, соопшти бриселската противпожарна служба.
Brussels, Belgium, last night.
Is this the new normal in Europe now?!
— Dr. Maalouf (@realMaalouf) January 2, 2025
„Беше навистина лудо. Бевме таму за да помогнеме, а врз нас фрлаа ‘молотови коктели’“, изјави портпаролот на противпожарната служба, Валтер Дерију, за „Политико“.
На полноќ небото беше осветлено со многубројни огномети и покрај забраната за пиротехнички средства во градот. Факели и петарди беа запалени и во центарот на градот. Мотоциклист фрлаше огномет врз минувачите во областа Иксел.
Немирите избувнаа и покрај низата мерки насочени кон спречување на криминалот на новогодишната ноќ. Мерките вклучуваа воведување полициски час за лица до 16 години во Андерлехт, историско обединување на шест полициски зони во Брисел под централна команда и распоредување стотици дополнителни полицајци.
🇧🇪Brussels, Belgium.
Citizens of this country wished the police a Happy New Year 2025, sending them a little warmth on this chilly European night.🔥 pic.twitter.com/zuBmzkqFHe
— Tibo91 (@Tibortibor15) January 1, 2025
Немири и пожари имаше и во Антверпен, вториот по големина град во Белгија, а полицијата забележа 49 апсења. Новогодишните немири стануваат традиција во Белгија. Така, повеќе од 200 лица беа уапсени на новогодишната ноќ во Брисел. „За жал, тоа станува вообичаена работа“, потврди Дерију.
🇧🇪 How the ‘peace brigade’ in Brussels celebrates the New Year. 👇🏻🍾🔥 pic.twitter.com/zLrAto4aAh
— Daniel Pawłowski (@pavvlovvsky13) January 1, 2025
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Дали Зеленски ќе го исполни барањето на Трамп: Се разгледува одржувањето на претседателски избори
Првиот заменик-претседател на украинскиот парламент, Олександр Корниенко, го објави почетокот на работата на работната група која ќе се занимава со прашањето за организирање претседателски избори во Украина.
Според него, првиот состанок ќе се одржи веќе оваа недела, каде што ќе се разгледаат можностите за спроведување избори во воени услови, иако Уставот на Украина забранува избори за време на вонредната состојба воведена по руската агресија.
Иако претседателот Володимир Зеленски претходно ја отфрли таквата можност поради уставни пречки, раселени граѓани и окупирани територии, притисоците од Русија и САД, вклучително и барањата од Доналд Трамп, сега укажуваат дека Киев сè уште би можел да разгледа чекори кон одржување избори дури и пред формалниот крај на војната.
фото/депозитфотос
Свет
(Видео) Маскиран маж ја прекина божиќната миса во катедрала во Келн
Илјадници верници се собраа на Бадник во Келнската катедрала за да ја прослават божиќната миса, но празничната атмосфера одеднаш беше нарушена од бизарен испад на маскиран маж. Инцидентот ги шокираше присутните и брзо стана тема на социјалните мрежи, пишува германскиот „Билд“.
Како што потврди полицијата за „Билд“, маж облечен во црна наметка искочи од толпата, со впечатлива златна маска на лицето и плишани уши на главата. Тој изведе краток танц пред олтарот. Чуварите на катедралата, таканаречените Домшвајцери, веднаш се качија на сцената и го испратија надвор од црквата без отпор.
Ein Mann mit goldener Maske hat die Christvesper im Kölner Dom gestört, die Hintergründe des Vorfalls sind unklar. Eltern berichten von eingeschüchterten Kindern. Die Zahl antichristlicher Vorfälle und Straftaten ist zuletzt deutlich gestiegen.https://t.co/cHjcHXaf3a pic.twitter.com/vSOVKsQMJf
— Apollo News (@apollo_news_de) December 25, 2025
Не беше потребна полициска интервенција, никој не беше повреден, а видео од вратарите како го водат човекот наскоро беше објавено на Инстаграм. Иако мисата продолжи, публиката беше шокирана. Инцидентот предизвика и лавина од негативни коментари на интернет, при што многумина го осудија настапот како чин на непочитување.
„Моите деца беа навистина исплашени за момент“, коментираше еден маж. „Воопшто не ми е смешно. Почитта е на прво место“, рече друг. „Без оглед на религијата… Ако сте во црква, однесувајте се соодветно“, заклучи трет.
Во моментов не е јасно што стои зад овој инцидент на Бадник и дали станува збор за некаква провокација или за валкана шега. Според информациите од полицијата во Келн, сè уште не се поднесени кривични пријави против злосторниците.
Свет
Портокалово ниво на метеоролошка тревога поради силна бура во Франција
Француските департмани Горна Корзика, Источни Пиринеи и Од се преместени на портокалово ниво на метеоролошка тревога поради силната бура што се очекува до сабота, 27 декември, објави денес „Метео Франс“.
Горна Корзика и Источните Пиринеи се ставени под предупредување поради обилни врнежи од дожд и ризик од поплави, додека во департманот Од, како и во Источните Пиринеи, се очекува зголемување на нивото на водата во реките, јавува телевизијата BFM.
„Метео Франс“ наведува дека предупредувањето за поплава е издадено како превентивна мерка, со проценка дека поради обилни дождови, водотеците би можеле да се излеат, особено на југот на Франција, во областа Русијон.
Кога станува збор за количината на врнежи, до сабота напладне се очекува помеѓу 150 и 200 литри дожд на квадратен метар, што одговара на количината на врнежи за два до три месеци, објаснува телевизијата BFM.
На Горна Корзика прогнозата е помеѓу 80 и 120, локално до 150 литри на квадратен метар, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос

