Контакт

Европа

(Видео) Драматични снимки од спасување на пилот на Ф-16 што се урна во Франција

Објавено пред

Француските екипи за итни случаи спасија пилот на белгиски Ф-16, кој утрово откако се катапултирал, паднал на далновод. Воениот авион се сруши во Бретања, Франција.

Ловецот ја напуштил воздушната база „Флоренс“ во Белгија и се упатил кон француската приморска воздухопловна база „Лорин-Лан Биху“.

Двајцата пилоти на авионот се безбедни, потврдија француските власти.

Авионот се урнал на 160 метри од куќа, која е евакуирана, затоа што од падот на леталото уништен е нејзиниот покрив. Според очевидец на местото на настанот, биле откорнати и неколку дрвја. Авионот не бил опремен со оружје.

Електричари им помогнале на екипите за итни случаи во спасувањето на еден од пилотите, кој со падобранот се закачил на далновод под напон од 250.000 волти. Спасувањето траело два часа, јавија француските медиуми.

Европа

Фон дер Лајен им се извини на Италијанците поради задоцнетата помош од ЕУ

Објавено пред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изрази жалење поради задоцнетата реакција на Европската унија за пандемијата на коронавирус, во напис кој денеска беше објавен во италијанските медиуми.

„Извинете, ние сме со вас“, е насловот на писмото испратено од шефицата на ЕК до Италијанците.

„Денес Европа се мобилизира за да биде со Италија. Но, тоа не беше така од почетокот“, признава таа во статијата во „Ла Република“.

Италијанците уште на почетокот беа лути затоа што и Франција и Германија одбија да им испратат заштитна медицинска опрема.

Чувството за напуштање се засили кога Германија и Холандија го отфрлија повикот за заеднички европски инструмент за долгови, т.н. коронаобврзници.

„Мора да се признае дека на почетокот на кризата, кога требаше да се даде заеднички европски одговор, многумина мислеа само на нивните национални проблеми“, пишува Фон дер Лајен.

„Во меѓувреме, Европа ја смени својата динамика“, истакнува таа, но не спомнува коронаобврзници ниту пак било каков друг потенцијален финансиски одговор.

Сепак, напиша дека блокот ќе формира фонд од 100 милијарди евра за финансирање на платите за работниците со скратено работно време.

Исто така истакна додаде дека 25 земји од ЕУ сега испраќаат милиони маски во Италија и Шпанија.

 

 

 

Прикажи повеќе...

Европа

Ја задавил девојката лекарка затоа што мислел дека го заразила со коронавирус

Објавено пред

Медицински работник на Сицилија ја задавил својата девојка лекарка по што ѝ рекол на полицијата дека го сторил тоа затоа што му пренела коронавирус, соопштија обвинителите, јавува „Дејли мејл“.

Лорена Кваранта (27) била пронајдена мртва кога нејзиното момче Антонио де Пејс наводно повикал полиција и рекол дека ја убил.

Двајцата работеле во Месина, Сицилија, но биле повикани да помогнат во епидемијата на коронавирусот.

Според италијанските медиуми, Антонио повикал полиција и признал дека ја убил својата девојка.

Полицијата веднаш ја известила брзата помош, која го пронашла Антонио на подот на станот со пресечени вени.

Тој бил спасен од колегите на Лорена во болницата, а полицајците биле шокирани кога им рекол дека ја убил затоа што му пренела коронавирус.

Според првите резултати од тестирањето, ни тој ни неговата девојка немале коронавирус.

Само неколку дена пред смртта, Лорена објавила вест за трагичната смрт на 41 лекар за време на пандемијата на коронавирусот.

Прикажи повеќе...

Европа

Тежок удар за Шпанците: за три недели, 900.000 луѓе добија отказ

Објавено пред

Речиси 900.000 (поточно 898.822) луѓе во Шпанија се без работа од 12 март кога беа воведени мерки во земјата против ширењето на коронавирусот, вклучително и забраната за движење.

Повеќе од половина од отпуштените биле вработени на одредено работно време, пренесува „Ројтерс“. Во оваа земја бројот на невработени се искачи на 3,5 милиони минатиот месец, што е најголем број од април 2017 година.

Шпанија, покрај Италија, во моментот е најзагрозената европска земја. Два авиона за помош слетаа на воениот аеродром во близина на Мадрид, едниот од Кина, другиот од Турција. Тие носеа маски, комбинезони и антибактериски средства.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Потврдени 30 нови случаи на коронавирус, вкупниот број се искачи на 384

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 30 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови:...

Топ2 часа

Уапсени насилниците што тепаа девојче во влез на зграда во Штип

Во врска со видеото со насилство врз девојче, кое од утрово се споделува на социјалните мрежи, штипската полиција информира дека...

Свет3 часа

Австралија почна со тестирање на две потенцијални вакцини против коронавирусот

Научници од Австралија почнаа со тестирање на две потенцијални вакцини против новиот коронавирус, што може да биде голема пресвртница која...

Свет3 часа

Новите процени покажуваат дека од 25 до 50 проценти од носителите на вирусот се без симптоми

Податоците од Исланд покажуваат дека 50 проценти од позитивните на коронавирусот биле без симптоми, а САД проценуваат дека до 25...

Македонија3 часа

Скопјанец знаел дека има коронавирус, шетал низ Охрид и дома примил вработени кај еден оператор

Четириесет и четиригодишен скопјанец, кој се вратил од странство и кој бил позитивен на коронавирусот, наместо да биде во строга...

Македонија4 часа

Министерството за здравство: На располагање има повеќе од 1.000 кревети за хоспитализирање пациенти со коронавирус

Здравствениот систем е подготвен да апсорбира поголем број пациенти, кој се очекува со пикот на коронавирусот кон крајот на април,...

Македонија4 часа

Во болницата „Плодност“ во Битола двајца доктори и една медицинска сестра позитивни на Ковид-19

Двајца доктори, еден анестезиолог и еден гинеколог, и една медицинска сестра од приватната болница „Плодност“ во Битола се позитивни на...

Регион4 часа

Србија ја укина одлуката со која се цензурираа информации за коронавирусот

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, објави дека ја повлекува одлуката за информирање во време на пандемијата на коронавирусот, со која...

Свет5 часа

ЕУ: Во Западен Балкан пандемијата се користи за промоција на антиевропски ставови

Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) оцени дека кризата во врска со пандемијата на коронавирусот во Западен Балкан се користи...

Македонија5 часа

Во Битола 55 сантиметри снег, во Крушево 47

Снежната покривка во Битола достигна до 55 сантиметри, а во Крушево има 47 сантиметри снег. Во Маврови Анови има 40...

Свет6 часа

Руски воен транспортер со медицинска опрема пристигна во САД

Руски воен транспортен авион пристигна во Њујорк носејќи медицинска опрема и маски како помош за САД во борбата против коронавирусот....

Забава6 часа

Во НАСА пристигнале 12.000 апликации за идни астронаути

Американската вселенска агенција (НАСА) објави дека примила 12.000 апликации за идната генерација астронаути за десетина слободни места, а резултатите од...

Свет7 часа

„Ламборгини“ ќе произведе хируршки маски за да помогне во борбата против Ковид-19

Италијанскиот производител на луксузни автомобили „Ламборгини“ претвори некои оддели во својата фабрика „Сант’Агата болоњезе“ во погони за производство на хируршки...

Македонија18 часа

Се забрануваат нови вработувања во јавниот сектор

Во јавниот сектор времено се забрануваат новите вработувања, нови ангажирања преку агенции за привремени вработување и нови договори на дело,...

Македонија19 часа

Починатата родилка од Охрид немала коронавирус

Министерството за здравство информира дека се негативни резултатите на битолчанецот кој беше пронајден починат во својот стан и кај родилката...

Македонија22 часа

Бројот на излекувани пациенти со коронавирус во Македонија се искачи на 17

Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, денеска се испишани пет пациенти....

Македонија22 часа

ЕУ дозволи пристап за земјава до Европскиот солидарен фонд

Северна Македонија доби пристап и до Европскиот солидарен фонд, од каде заедно со земјите – членки на ЕУ ќе бидат...

Македонија23 часа

Се продолжува породилното отсуство додека трае вонредната состојба

Родилките чие породилно отсуство од работа истекува за време на вонредната состојба, ќе може да останат дома цело време додека...

Македонија24 часа

Со Ковид-19 заразена медицинска сестра од Клиниката за пулмологија

Во Куманово медицинска сестра, вработена на Клиниката за пулмологија, дошла на работа без симптоми, но вчера ѝ се појавила зголемена температура...

Економија24 часа

Ангеловска: Подготвени сме за најлошото сценарио за буџетот, работиме да се случи најдоброто

Многу е тешко за економските аналитичари, вклучително и за меѓународните финансиски институции, да ги предвидат случувањата за време на кризата...

Досие