Свет
(Видео) Филипинскиот претседател повреден во незгода со мотоцикл
Филипинскиот претседател, Родриго Дутерте, добил полесни повреди кога загубил рамнотежа и паднал додека возел мотоцикл, пренесува „Раплер“.
Несреќата се случила во комплексот на претседателската резиденција „Малакананг“ во Манила. Портпаролот на претседателот, Салвадор Панело, изјави дека 74-годишниот Дутерте одеднаш изгубил контрола врз мотоциклот и паднал.
„Претседателот посегаше по чевелот кога падна од мотоциклот, што резултира со мала повреда, лесни модринки и полесни гребаници на лакотот и коленото“, се вели во изјавата на Панело.
Подоцна беше споделено видео, на кое Дутерте, облечен во формална облека, без шлем или друга заштитна опрема, се вози на мотоцикл. Несреќата не е прикажана во клипот.
Несреќата се случи 10 дена откако Дутерте, најстарата личност избрана за филипински претседател, откри дека боледува од мијастенија гравис, невро-мускулно автоимуно заболување, кое може потенцијално да има сериозни компликации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

