Контакт

Свет

(Видео) Филипинскиот претседател повреден во незгода со мотоцикл

Објавено пред

Филипинскиот претседател, Родриго Дутерте, добил полесни повреди кога загубил рамнотежа и паднал додека возел мотоцикл, пренесува „Раплер“.

Несреќата се случила во комплексот на претседателската резиденција „Малакананг“ во Манила. Портпаролот на претседателот, Салвадор Панело, изјави дека 74-годишниот Дутерте одеднаш изгубил контрола врз мотоциклот и паднал.

„Претседателот посегаше по чевелот кога падна од мотоциклот, што резултира со мала повреда, лесни модринки и полесни гребаници на лакотот и коленото“, се вели во изјавата на Панело.

Подоцна беше споделено видео, на кое Дутерте, облечен во формална облека, без шлем или друга заштитна опрема, се вози на мотоцикл. Несреќата не е прикажана во клипот.

Несреќата се случи 10 дена откако Дутерте, најстарата личност избрана за филипински претседател, откри дека боледува од мијастенија гравис, невро-мускулно автоимуно заболување, кое може потенцијално да има сериозни компликации.

Свет

(Видео) Стоматолог вадел заби додека стоел на ховерборд и им давал прекумерни дози седативи на пациентите

Објавено пред

Стоматологот Сет Лукарт од Алјаска, кој е снимен како му вади заб на пациент додека стои на ховерборд, е осуден на 12 години затвор поради десетици прекршоци.

Судијата во градот Енкориџ, Мајкл Волвертон, рекол дека Лукарт е обвинет дека на пациентите им давал прекумерна доза седатив што можело да ги убие.

Лакарт е осуден за 46 различни прекршоци. Меѓу нив и за злоупотреба на здравственото осигурување, проневера на пари и за несовесно лекување.

Обвинението било покренато во 2017 година кога поранешен вработен во ординацијата пријавил дека Лукарт го зголемувал профитот така што претерувал со давање на интравенозни седативи. Во 2016 година тој наплатил два милиони долари за овие седативи. Подоцна било утврдено дека неоправдано го користел.

Пациент на судењето рекол дека Лукарт му извадил четири заби без негова дозвола.

Лукарт кога ќе излезе од затвор, нема да смее да се занимава со медицина 10 години.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Хрватска 212 нови случаи на коронавирус

Објавено пред

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 212 нови случаи на коронавирус, а бројот на активни случаи е 2.128, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Во последните 24 часа нема смртни случаи. Во самоизолација се 9.714 лица.

Меѓу активните случаи, 288 пациенти се во болница, од кои 24 се на апарати за дишење.

Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај  во Хрватска, регистрирани се вкупно 14.725 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 244 починале, а вкупно 12.353 се опоравиле, од кои 184 во последните 24 часа.

До денес се тестирани вкупно 254.480 лица, од кои 5.457 во последните 24 часа.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: До април ќе има вакцина за секој Американец

Објавено пред

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека очекува до април САД да имаат доволно вакцини против коронавирус за секој Американец.

Говорејќи на прес-конференција во Белата куќа, Трамп истакна дека тие напредуваат брзо во развојот на вакцината против Ковид-19.

„Вакцината што ја одобри американската Администрација за храна и лекови ќе биде подготвена за дистрибуција во рок од 24 часа. Нашата војска ќе испорача голем број вакцини каде што е потребно. Пред крајот на оваа година, ќе имаме најмалку 100 милиони дози од вакцината, можеби и повеќе. 100 милиони дози ќе се произведуваат секој месец и очекуваме да имаме доволно вакцини за секој Американец до април“, рече Трамп.

Тој истакна дека ќе го победи коронавирусот со логистичка поддршка на војската за краток временски период.

„Ќе завршиме многу добра работа со нашата војска во борбата против Ковид-19, исто како што го победивме ИСИС“, рече Трамп.

Прикажи повеќе...

Најново

Гордана Јанкулоска, судење, Титаник Гордана Јанкулоска, судење, Титаник
Македонија2 часа

Јанкулоска: Ако некој ме бара, јас сум дома

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, објави статус на „Фејсбук“ со кој ги негира информациите дека таа избегала откако...

Македонија2 часа

МОН: Децата кои немаат уреди за онлајн настава ќе може да ја следат од училница

Децата коишто немаат уреди за следење на онлајн настава во време на Ковид-19 ќе добијат можност за учење како и...

Свет3 часа

Трамп: До април ќе има вакцина за секој Американец

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека очекува до април САД да имаат доволно вакцини против коронавирус за секој Американец....

Македонија3 часа

За еден ден казнети 384 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија...

Топ4 часа

Млад скопјанец осомничен дека криел оружје и дрога во бункери во Бутел

Дваесет и четиригодишен скопјанец е осомничен дека ги сокрил оружјето, муницијата и дрогата во бункери во Бутел кои беа откриени...

Спорт4 часа

Либански фудбалер почина откако беше погоден од залутан куршум

Либанскиот фудбалер Мохамед Атви почина во болница откако беше погоден со залутан куршум во главата. 32-годишниот Атви бил погоден во...

Регион17 часа

Украдени ретки книги во вредност од 2,5 милиони фунти, пронајдени под подот на куќа во Романија

Околу 200 „незаменливи“ книги вредни повеќе од 2,5 милиони фунти (3,2 милиони американски долари), кои биле украдени од еден магацин...

Свет18 часа

Трамп сакал да го ослободи Асанж, ако му кажел кој стои зад хакерскиот напад на Демократската партија

Американскиот претседател Доналд Трамп му понуди помилување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, доколку открие кој стои зад хакирањето на...

Македонија19 часа

Отказ за советникот на Чулев поради насилно и недолично однесување

Министерството за внатрешни работи му даде отказ на Зоран Ѓорѓиевски, кој беше вработен како советник во кабинетот на министерот во...

Топ20 часа

Осумгодишно дете починало на пат кон болница

Вчера во Градската болница Куманово со возило на брза помош било донесено осумгодишно дете на реанимација. Детето било од Крива...

Македонија22 часа

Осум лица починаа од коронавирус, потврдени 144 нови случаи

Во последните 24 часа осум лица починаа, а потврдени се 144 нови случаи на коронавирус од 1.545 теста, соопшти Министерството...

Македонија23 часа

Мицкоски: На Јанкулоска ѝ судеа без докази затоа што не избра да биде слуга во скутот на Заев

„Мафијата на власт потроши над 8 милиони евра за службени возила, а за набавка на едно службено возило што го...

Македонија24 часа

40 илјади деца немаат компјутери за да следат онлајн-настава

Училиштата ќе отпечатат материјали за учење од дома за 40 илјади деца, кои немаат техничка опрема за следење на онлајн-наставата....

Македонија24 часа

Интегра го тужи Мицкоски, од него бара 100 илјади евра за клевета

Партијата Интегра поднесе тужба против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку која бара 100.000 евра поради изнесени клевети и лаги...

Македонија1 ден

Обвинителството поднесе жалба за условната казна за сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан

Основното јавно обвинителство Скопје до Апелациониот суд поднесе жалба на пресудата за условна казна за сообраќајната несреќа што пред две...

Регион1 ден

(Видео) Редок циклон пристигна во Грција, јахти летаат на сите страни

Исклучително редок медитерански циклон, „медикејн“, кого Грците го нарекоа Јанис, погоди делови oд Грција. Медиумите јавуваат дека јахтите се удираат...

Свет1 ден

Национален парк на Тајланд по пошта им го враќа на туристите ѓубрето што го оставиле зад себе

Посетителите на националните паркови на Тајланд, по враќањето дома, може да почнат да добиваат пакети во кои им е испратено...

Македонија1 ден

Јанкулоска оди во затвор, Врховниот суд ја потврди пресудата

Врховниот суд, по една година вонредно преиспитување на предметот „Тенк“, ја потврди четиригодишната затворска казна, која ѝ беше изречена на...

Регион1 ден

Балканот се подготвува за исклучително редок метеоролошки феномен

Грција почна со подготовки за редок вид бура, медитеранскиот ураган познат како медиган. Според хрватскиот „Јутарњи лист“, се очекува невремето...

Македонија1 ден

Се расчистува дивата депонија кај СЦ „Борис Трајковски“

Општина Карпош почна со чистење на теренот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, кој изминатава недела гореше во два...

Досие