Свет
(Видео) Едно лице убиено во пукање на универзитет во САД
Едно лице е убиено, а седум се повредени во пукање на државниот универзитет Грамблинг во Луизијана, САД, што се случи вчера. Ова е втор смртоносен напад во кампусот за помалку од една недела.
Fighting broke out before deadly gunfire sent a crowd scattering early Sunday morning at Grambling State University. You can hear the gunshots in video shared with KSLA News 12’s sister station KNOE. (Video Credit: Cordarryl Albert) WATCH FULL VIDEO ► https://t.co/U4fdoIZoBz pic.twitter.com/WTb014Q4u2
— KSLA News 12 (@KSLA) October 18, 2021
Предавањата се откажани и воведен е полициски час од 21:30 до 6 часот до дополнително известување, соопшти универзитетот.
Not me dapping someone up during the shooting ?? #gramblingstateuniversity pic.twitter.com/838p3Hz4lA
— Tev ⚡️ (@theylovetevin) October 17, 2021
Пукањето се случи само неколку дена откако маж, кој не бил студент, застрела еден студент, соопшти универзитетот.
Според локалните медиуми, двата напади не се поврзани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.
Свет
Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад убиен во напади откако ракета погодила дом
Според извештаите на израелските медиуми, поранешен претседател е убиен во најновата рунда напади. Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад наводно е убиен во израелските и американските напади врз Иран.
Иранските новински агенции потврдија дека поранешниот претседател на Иран, Махмуд Ахмадинеџад, е убиен во воздушни напади. Израелските медиуми објавија за убиството, опишувајќи го како дел од тековната кампања насочена кон високи ирански личности. Ахмадинеџад беше претседател на Иран од 2005 до 2013 година.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“

