Свет
(Видео) Жители на Австралија плачеа од среќа откако државата им дозволи да патуваат во Нов Зеланд
Средби исполнети со солзи на аеродромот во Окланд откако на Австралијците им беше дозволено слободно патување во Нов Зеланд, првпат по повеќе од една година од пандемијата со коронавирусот, пренесува Би-би-си.
Долгоочекуваниот таканаречен патнички балон на релација Австралија-Нов Зеланд значи дека патниците веќе не треба да одат во карантин по пристигнувањето.
По ваквата одлука илјадници луѓе веднаш го резервираа својот лет.
Двете земји ја контролираа пандемијата на коронавирус и одржуваа ниски стапки на новозаразени, главно поради строгите ограничувања.
Возбудените патници ги исполнија аеродромите во Австралија за да патуваат во различни делови на Нов Зеланд, а некои станаа пред зори за да бидат подготвени да се качат.
„Јас дури и не знаев дека ќе бидам толку емотивна денес“, изјави патникот Доун Трат на аеродромот во Сиднеј за време на краткото интервју за Би-би-си.
Иако многумина со нетрпение ја очекуваа средбата со своите најблиски, за други патувањето беше помачно.
„Мојот постар брат почина минатиот четврток. Не бевме во можност да одиме таму минатата недела, но денес имавме шанса да се вратиме дома без карантин, па затоа е добро“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

