Свет
(Видео) Израел бомбардира позиции на Хамас, прекршено примирјето во Појасот Газа
Израел синоќа ги бомбардира позициите на Хамас, со тоа беше прекршено примирјето во Појасот Газа, јавуваат светските агенции.
Израелската страна тврди дека нападите се одговор на запаливите балони, попознати како балони со бомби, лансирани од палестинска територија, пренесува Би-би-си, додавајќи дека сѐ почнало со собирот на еврејските ултрадесничари, кој беше одобрен од новата израелска влада.
Ова е прв поголем конфликт по воведувањето прекин на огнот на 21 мај по повеќедневен меѓународен притисок да се стави крај на 11-дневното крвопролевање. Во нападите загинаа повеќе од 250 лица, од кои 68 деца, повеќето од нив во Газа.
Најновите експлозии се слушнаа во средата, во раните часови, пишуваат медиумите.
Радиостаницата на палестинското движење Хамас исто така извести дека израелски борбен авион нападнал палестински камп за обука во Газа.
На социјалните мрежи кружат фотографии и снимки од бомбардирањето, со коментари: „Повторно се случува“, „Разбуди се“, „Израел повторно фрла бомби“.

Неколку часа порано беа испратени неколку балони со бомби од Газа, што предизвика 20-ина пожари во близина на границата, објави израелската противпожарна служба.
Израелските одбранбени сили (ИД) соопштија дека нивните борбени авиони ги погодиле воените единици предводени од Хамас во градот Кан Јунис во Појасот Газа.
Портпарол на Хамас објави на „Твитер“ дека Палестинците ќе продолжат со својот храбар отпор и ќе ги бранат своите права сè додека окупаторот не биде протеран од целата земја.
Засега не е познато дали имало жртви или повредени во нападот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

