Свет
(Видео) Израел користи средновековно оружје за да го напаѓа Либан
Израелските војници користат средновековно оружје за да фрлаат огнени топки преку границата во Либан, додека прекуграничните судири меѓу Израел и проиранскиот Хезболах се интензивираат.
Требушот, опсадно оружје слично на катапулт, ретко се користи од 16 век, јавува американската ТВ мрежа Си-Ен-Ен, а израелската армија соопшти дека тоа е локална иницијатива која не прерасна во широка употреба.
Израелскиот јавен сервис Кан известува дека таквото оружје најверојатно ќе се користи за палење грмушки за да им се помогне на израелските сили да ги „идентификуваат екстремистите“ кои се обидуваат да стигнат до границата.
Оваа недела на социјалните мрежи беше објавено видео од „оружјето во акција“. Си-Ен-Ен не можеше да процени кога е снимено, но беше геолокациран на израелско-либанската граница.
И додека имаше извештаи за употреба на катапулти од страна на украинските демонстранти за време на протестите во 2014 година и од сириските бунтовници една година претходно, оружјето е остаток од минато воено време.
Си-Ен-Ен известува, повикувајќи се на податоци од енциклопедија Британика, дека последната забележана употреба на требушети била од шпанскиот конквистадор Хернан Кортес против Ацтеките во Мексико во 1521 година.
Требушетите и катапултите се користат сè помалку од пронаоѓањето на барут.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бебе застрелано од мало дете кое во паркиран автомобил посегнало по наполнет пиштол во САД
Бебе било застрелано и убиено од мало дете кое додека биле во паркиран автомобил посегнал0 по наполнет пиштол и го повлекло чкрапалото, соопшти полицијата.
Пукањето се случило на паркинг во близина на медицински центар во Сан Антонио, Тексас.
Во возилото имало три деца и една жена, изјави началникот на полицијата на Сан Антонио, Вилијам Мекманус.
„Деца на возраст од 3, 2 години и 10 или 11 месеци биле во задниот дел на возилото“, рече тој.
Едно од постарите деца се фатило за наполнет долг пиштол што бил во задниот дел на возилото и „случајно го повлекол чкрапалото“, пукајќи во најмалото дете, рече началникот.
„Ова што го имаме денес овде е ужасна, страшна трагедија“, рече Мекманус на брифинг со новинарите.
Свет
Бразилскиот претседател Лула е стабилен по повредата на главата
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва се чувствува добро денеска откако се здоби со повреда на главата во неговиот дом во текот на викендот, кога доживеа мало крварење на мозокот, изјави бразилскиот министер за институционални односи Александре Падиља.
Според лекарите Роберто Калил и Ана Хелена Гермољо, нов контролен преглед ќе биде извршен за 72 часа, пренесува Ројтерс.
Лекарите исто така потврдија дека бразилскиот претседател може да ја продолжи својата нормална работна рутина.
Свет
Ердоган: Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС
Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС и очекува дека претстојниот самит во Казан ќе даде поттик на овој потфат, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Искрено сакаме да ја продлабочиме нашата соработка со БРИКС. Верувам дека самитот во Казан значително ќе придонесе за овие напори“, рече Ердоган во Анкара.
Според турската телевизија ТРТ Хабер, Ердоган потврдил дека „на покана на рускиот претседател Владимир Путин утре ќе го посети Казан за да учествува на проширената средба на лидерите на БРИКС“.