Свет
(Видео) Израел ја бомбардира Сирија
Израелски борбени авиони и хеликоптери ги нападнаа воените цели на сириската армија.
Бомбардирањето се случило неколку часа по спречувањето да се уфрлат екстремисти од Сирија, кои се обиделе да подметнат експлозиви, соопшти израелската армија.
Во военото соопштение за бомбардирањето на соседна Сирија, кое инаку израелската армија ретко го дава, се наведува дека целите се „пунктови за набљудување, противвоздушни артилериски објекти и системи за командување и контрола“ во сириските воени бази.
Сирија ги потврди нападите велејќи дека израелските хеликоптери испукале ракети кон сириските воени пунктови и дека имало материјална штета.
Тоа се случува во време на засилени тензии на северната граница на Израел по неодамнешниот израелски воздушен напад во кој е убиен борец на либански Хезболах во Сирија и во очекување одговор од таа проиранска шиитска организација.
Претходно во понеделникот, израелскиот воен портпарол Џонатан Конрикус изјави дека израелските војници забележале нерегуларна активност на Голанската Висорамнина и отвориле оган врз екстремистите, од кои некои биле вооружени бидејќи ги гледале како поставуваат експлозив на земјата.
Нема официјална потврда дека четворица напаѓачи биле убиени, но армијата објави видео на кое се гледа како четири лица се оддалечуваат од жичената ограда на границата, а потоа исчезнуваат во голема експлозија што ја зафати областа.
Израелската војска не соопшти дали четворицата биле поврзани со Иран или Хезболах, двата сириски сојузници, туку само дека Израел ја смета сириската влада одговорна за инцидентот.
Обраќајќи се пред пратениците на неговата конзервативна партија Ликуд, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел спречил обид за саботажа на сирискиот фронт најавувајќи дека земјата ќе продолжи да ги „повредува сите оние што се обидуваат да нè повредат и сите оние што нè повредуваат“.
Израел ја освои Голанската Висорамнина од Сирија во војната во 1967 година и подоцна ја анектира територијата.
Само САД ја признаа анексијата на Израел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

