Свет
(Видео) Индијците запалија огромно хартиено чудовиште – „Короназур“
Огромна хартиена кукла што го претставува смртоносен вирус ковид-19 беше запалена од Индијците во подготовките за верската прослава на пролетта додека здравствените власти во земјата ги зголемуваат мерките за да ја контролираат болеста, пренесува РТ.
Жителите на Мумбаи се собраа во понеделникот да го запалат „Короназур“, огромната фигура на чудовиште кое го симболизира вирусот што ги зафати Азија, Европа и Северна Америка. На театричната поворка пред фестивалот Холи, огромен пламен меч беше забоден во ѕверот, брзо горејќи го од глава до петици со бурна поддршка од публиката.
#WATCH Mumbai: An effigy based on the theme of #CoronaVirus that was put up in Worli was burned as a part of Holika Dahan, a ritual that takes on the eve of #Holi festival. (09.03.2020) pic.twitter.com/1qUKvl1erd
— ANI (@ANI) March 9, 2020
Церемонијалното убивање на вирусот доаѓа во период кога бројот на заболени во Индија се зголеми на 45, при што неколку држави ги пријавија своите први случаи последнава недела, поради што официјалните лица ги зајакнаа мерките во целата земја.
Централната влада ги суспендираше електронските визи за патниците кои доаѓаат од новите жаришта на коронавирусот – Италија, Иран, Јужна Кореја и Јапонија – и воведе задолжителни здравствени прегледи на 21 аеродром.
На Централните вооружени полициски сили (ЦАПФ) исто така им беше наредено да започнат со подготовка на капацитети за оние за кои може да им биде потребен карантин, а се очекува во нив да има 5.400 легла. Дополнителни 75 оддели за изолација ќе отворат и другите федерални агенции, пренесува „Индија тудеј“.
Регионалните здравствени власти го засилија скринингот за оваа болест, а илјадници патници во државата Утар Прадеш, каде што се откриени голем број заразени, се под надзор за какви било симптоми. За вирусот биле тестирани повеќе од 3.000 Индијци, но огромното мнозинство имало негативни резултати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.
Свет
Израел погодил станбена зграда во Либан, најмалку четворица загинати
Најмалку четири лица загинале, а шест се ранети во израелски напад врз четирикатна станбена зграда во источниот либански град Баалбек, јави либанската државна агенција ННА.
Спасувачките екипи работат на извлекување луѓе од под урнатините.
Нападот доаѓа по ескалацијата на борбите долж либанско-израелската граница, откако Хезболах испалил дронови и ракети кон Израел. Од тогаш групата продолжила со ракетни напади, а Израел извршил низа воздушни удари низ Либан и испратил војници на југот.
Хезболах соопштил дека неговите борци испалиле голем број ракети кон израелски сили во близина на градот Метулa, како одговор на израелските напади врз десетици либански градови.
Израелската војска во средата ги предупредила жителите на 16 села во Либан да се евакуираат.
Според либанското министерство за здравство, од почетокот на последната ескалација во израелските напади загинале најмалку 50 луѓе, а 335 се ранети.
Фото: ЕПА

