Свет
Австрија забрани влез за луѓето што доаѓаат од Италија
Австрија наметна забрана за сите лица кои доаѓаат од Италија освен ако немаат лекарско уверение, најави канцеларот Себастијан Курц, иако Австријците што во моментов се во Италија се охрабрени да се вратат, пренесува РТ.
„Ќе има забрана за влез на лицата кои патуваат од Италија во Австрија, при што исклучок се луѓето што имаат лекарско уверение“, рече Курц.
Во меѓувреме, на Австријците кои се наоѓаат во Италија ќе им биде дозволено да се вратат, но мора да останат во изолација две недели.
Министерот за внатрешни работи, Карл Нехамер, изјави дека полицијата ќе го испита движењето на италијанската граница.
„Транзитот низ Австрија е дозволен сè додека не се планира престој во Австрија“, рече официјалниот претставник, истакнувајќи дека прекуграничниот сообраќај во двата правци веќе е намален за повеќе од половина.
Истовремено, владата ги откажа предавањата на универзитетите и во стручните училишта почнувајќи од следниот понеделник, а компаниите ќе го поттикнат персоналот да работи од дома.
Австрија досега има пријавено над 150 потврдени случаи на коронавирус, но смртноста од вирусот е толку голема што владата не може да оди со помеки мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.