Свет
(Видео) Иран тврди дека поседува информации за израелскaта нуклеарна програма

Иранското министерство за разузнавање објави прилог на државната телевизија, во кој, како што тврди, се прикажуваат документи и видеа прибавени од израелски разузнавачи, поврзани со нуклеарниот програм на Израел.
Според иранските медиуми, материјалот содржел снимки од внатрешноста на израелски нуклеарни и други чувствителни објекти, меѓу кои и центарот во Димона. Биле презентирани и детали за научници и службеници, кои наводно работат на израелската нуклеарна програма.
„Идентификувавме 189 израелски нуклеарни научници и високи функционери заедно со нивните мрежи“, изјави министерот за разузнавање, Есмаил Хатиб, додавајќи дека некои од нив соработувале со Иран за пари.
📹 تصاویر اختصاصی وزارت اطلاعات ایران از درون پایگاه اتمی دیمونا در اسرائیل pic.twitter.com/IaHJabXPCU
— خبرگزاری تسنیم 🇮🇷 (@Tasnimnews_Fa) September 24, 2025
Како пример, Хатиб наведе вработен што работел на седум нуклеарни локации преку фирмата ROTEM, како и научник кој наводно бил вклучен во проекти за проширување на нуклеарното оружје со САД.
Во прилогот беше спомнат и институтот „Хаим Вајцман“, кој иранската страна го претстави како водечки центар за развој на нуклеарното оружје, а кој бил цел на ирански балистички ракети за време на 12-дневната војна во јуни.
Дополнително, биле прикажани документи што сугерираат можни врски и нуклеарна соработка меѓу Израел и Франција во рамките на проектот наречен SARAF.
Интерес предизвика и дел од материјалот со приватни и семејни фотографии на директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), Рафаел Гроси. Иранските власти тврдат дека тие биле прибавени од израелски извори и дека докажуваат оти израелската разузнавачка служба шпионирала и меѓународни функционери.
📹 وزیر اطلاعات: ایران در برابر تجاوز صهیونیستی-آمریکایی ایستاد
گنجینه اطلاعات تسلیحاتی اسرائیل را مستند کردیم
محققان و پروژههای ضدبشری شناسایی شدند
سربازان گمنام امام زمان اطلاعات را پردازش کردند
۱۸۹ متخصص هستهای و نظامی اسرائیل شناسایی شدند https://t.co/gl6dKx3Zeb pic.twitter.com/HQwLYtPSkf
— خبرگزاری تسنیم 🇮🇷 (@Tasnimnews_Fa) September 24, 2025
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Затворската казна за Саркози ја подели земјата околу тоа како судиите се справуваат со случаите на политички криминал

Затворската казна изречена на поранешниот француски претседател Никола Саркози ја подели земјата околу тоа како судиите се справуваат со случаите на политички криминал, додека лидерката на крајната десница Марин Ле Пен се подготвува да се обиде да ја поништи пресудата за проневера и да се кандидира за претседател во 2027 година, објави Ројтерс.
Парискиот суд ја шокираше политичката сцена во четвртокот кога на Саркози му изрече казна затвор од пет години затвор за криминален заговор во врска со обидот за собирање средства за кампања во Либија, објави агенцијата.
Саркози ќе биде и првиот претседател на Франција по Втората светска војна, кој ќе биде затворен.
Свет
Зеленски ќе возврати ако Москва предизвика прекин на електричната енергија во Украина

Претставници на украинската Влада ќе ги посетат Соединетите Американски Држави кон крајот на септември или октомври за разговори за прашања, како што се економијата и оружјето, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Украинскиот претседател беше во САД оваа недела, каде учествуваше на Генералното собрание на Обединетите нации и се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој рече дека споделил со Трамп „одредена визија за тоа што може да се направи“ како одговор на руските дејствија. Зеленски вети дека ќе возврати доколку Москва предизвика прекин на електричната енергија во Украина.
Свет
Најголемата воена база во Данска ја надлетуваат неидентификувани беспилотни летала

Неидентификувани беспилотни летала синоќа се регистрирани над најголемата воена база во Данска, соопшти данската полиција.
– Можам да потврдам дека во петокот околу 20 часот и 15 минути имавме мал инцидент што траеше неколку часа. Еден или два дрона се забележани пред и над воздухопловната база во Каруп. Не ги соборивме, изјави претставник на данската полиција.
Изминатите денови дронови надлетуваа над цивилни и воени објекти, поради што привремено беше затворен воздушниот простор на Данска.
Премиерката на Данска, Мете Фредериксен претходните инциденти со нарушувањето на воздушниот простор ги поврза со наводни руски активности со дронови низ Европа, но не понуди докази. Москва ги негираше обвинувањата.