Контакт

Европа

(Видео) Италијански пратеник: Во Италија 96 отсто од луѓето не умреле од коронавирус, сето тоа е лага

Објавено пред

Додека се зголемува бројот на заболени и починати од коронавирус во Италија, некои луѓе не веруваат во официјалните податоци на државата. Италијанскиот пратеник, Виторио Сгарби, е еден од нив.

Италија е првата земја во Европа во која се појави пандемија на коронавирусот и е една од најтешко погодените земји со новата болест. Бројот на почиинати надмина 26.000, а речиси 200.000 се заболени.

Како што пристигнуваат нови податоци за бројот на жртви секој ден, има луѓе што не веруваат во официјалните бројки.

Се создаваат голем број теории на заговор, како и основа за манипулација со податоците.

На официјалните бројки не им верува ниту италијанскиот пратеник Виторио Сгарби.

Сгарби со своите изјави предизвика голем немир во парламентот велејќи дека од јавноста се кријат податоците за жртвите.

Според него, 96 проценти од починатите од корона воопшто не починале од вирусот, туку од смртоносните болести што ги имале порано и дека сето тоа било фалсификувано.

Тој исто така откри дека бројката од 25.000 мртви од коронавирус во Италија е фалсификувана и претставува оркестрирана измама.

„Да ја кажеме вистината, со лажните бројки се тероризираат Италијанците. 25.000 луѓе починале од срцев удар или карцином, немојте да ги искористиме за понижување на Италија за да им даваме на граѓаните лажни вести. Ова е начин да се тероризира Италија и да се воспостави диктатура на согласност“, рече тој.

Европа

Три земји од ЕУ бараат економска помош за Белорусија

Објавено пред

Претседателите на Литванија, Полска и Романија ќе побараат од Европската унија на самитот во текот на неделава да одобри пакет за поддршка на Белорусија, соопшти денеска литванскиот претседател.

Предложениот пакет би вклучувал поволен трговски режим со Европската унија, безвизно патување и поддршка во преговорите за влез во Светската трговска организација (ВТО), рече литванскиот претседател.

Во посебна изјава на тројцата претседатели, пакетот е наречен „предлог за помош на демократска Белорусија“.

Финансиската помош за реформите и помошта во диверзификацијата на енергетскиот сектор и преминот кон либерална економија, исто така, ќе биде дел од пакетот за поддршка.

Полска сака Европската унија да и понуди на Белорусија финансиска помош од најмалку милијарда евра, како дел од планот за обнова на земјата, рече во четвртокот полскиот премиер Матеуш Моравиецки.

Прикажи повеќе...

Европа

Повеќе од 6.000 новоинфицирани, Џонсон размислува за воведување карантин во Велика Британија

Објавено пред

 

Поради забрзаното зголемување на бројот на нови случаи на Ковид-19, премиерот на Велика Британија Борис Џонсон размислува за воведување нов карантин во земјата.

Бројот на нови инфекции во Велика Британија се зголемува за најмалку 6.000 на ден, а бројот на пациенти кои се примени во болница поради Ковид-19 се удвојува на секои осум дена, пишува „Ројтерс“ .

Крис Вити, главниот медицински експерт на британската влада, се очекува на денешната прес-конференција да објави дека земјата се наоѓа на критична точка на пандемија пред многу предизвикувачкиот зимски период.

Министерот за транспорт Грант Снапс рече дека сите мерки за карантин мора да бидат добро избалансирани и дека на компаниите мора да им биде дозволено да функционираат за да може земјата економски да ја издржи пандемиската криза, а училиштата ќе продолжат да работат.

Официјалниот црн биланс на пандемијата во Велика Британија е 41.777, според кој таа земја е прва во Европа, односно петта во светот.

Прикажи повеќе...

Европа

Курц: Следното лето повторно ќе биде нормално

Објавено пред

Австрискиот канцелар Себастијан Курц е убеден дека Австрија е на почетокот на вториот бран на коронавирус.

Тој рече дека верува дека ситуацијата ќе се нормализира следното лето во врска со пандемијата.

Исто така вели дека може да се види светлината на крајот од тунелот, под претпоставка дека есента и зимата ќе бидат тешки.

За време на неговата посета на Швајцарија, тој рече дека се сретнал со раководителите на големите фармацевтски концерни „Рош“, „Новартис“ и „Лонка“, со кои разговарал за развојот на вакцината.

„ Има голем напредок во областа на медицината, тестовите, но исто така и околу вакцината. Затоа сум убеден дека ситуацијата ќе се нормализира повторно на лето”, нагласи тој.

Тој посочи дека видливиот експоненцијален раст, засега, како што додава, е сè уште слаб.

Во врска со тоа, тој упати итен апел до населението да се придржува кон сите мерки – растојание, маски, хигиена и намалување на социјалните контакти.

Тој јасно ги обвини „црните овци“ во ноќната гастрономија за сегашната епидемиолошка состојба и најави дека министерот за внатрешни работи, Карл Нехамер, ќе покрене остра акција за контрола на тој сектор.

Како дел од построгите контролни мерки, предвидени се и високи казни за непочитување на мерките.

Така, за гостин во ресторан кој не го почитува ограниченото работно време најдоцна до 1 час по полноќ, предвидена е казна до 3.600 евра.

Сопствениците на тој ресторан мора да сметаат на парична казна до 30 000 евра.

Што се однесува до мерката за ограничување на бројот на луѓе на приватни прослави во затворени простории со до 10 лица, полицијата може да напише парична казна до 1.450 евра за прекршокот.

За неносење маска на места каде што е задолжителна следува казна до 3.600 евра.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Две волонтерки претрпеле невролошки проблеми по примањето на оксфордската вакцина

Две лица се разболеле за време на испитувањето на вакцината против коронавирусот на компанијата „АстраЗенека“ во Велика Британија, откриваат извештаите...

Економија2 часа

Сојузот на стопански комори предложи 25 мерки за економски спас

Сојузот на стопански комори на Македонија, минатата недела достави 25 мерки за економски спас, кои очекува Владата, да ги усвои...

Македонија2 часа

Приведено лицето што нападна лекар на Токсикологија, Филипче го осуди инцидентот

Приведено е лицето кое вчера го нападна дежурниот лекар на Клиниката за токсикологија, бидејќи го препратил неговото малолетно дете на...

Свет3 часа

Гутереш: Ширете го мирот за да се борите против коронавирусот

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во своето годишно обраќање во Генералното собрание на светската организација истакна дека повторно ќе...

Свет3 часа

Се урна зграда во Мумбај, загинаа најмалку осум луѓе

Најмалку осум луѓе загинаа во Индија, во уривање на станбена зграда, што се случило рано утрово, пренесуваат локалните медиуми. Според...

Македонија4 часа

Денеска ќе се одлучува дали ќе има дневен престој во училиштата

Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата. Директорот на Здравствен дом Скопје,...

Свет16 часа

САД постигнаа нов рекорд со повеќе од еден милион тестови дневно

САД поставија нов рекорд со повеќе од милион тестови за коронавирус за еден ден, но експертите велат дека им требаат...

Македонија18 часа

Четири лица починаа од коронавирус, потврдени се 178 нови случаи

Во последните 24 часа од коронавирус во Македонија починаа четири лица, а потврдени се 178 нови случаи од 1.368 тестови,...

Македонија20 часа

Родилка и нејзиното бебе починаа на Клиниката за гинекологија, внатрешна контрола го испитува случајот

Родилката која заедно со нејзиното бебе вчера попладне починаа на Клиниката за гинекологија не знаела во која недела е од...

Регион23 часа

(Видео) Пронајдена трета жртва по ураганот во Грција, маж загинал кога врз него паднал покрив

Ураганот Јанош, кој ја погоди Грција, ја однесе и третата жртва во Тесалија во централниот дел на земјата, објавија денеска...

Македонија1 ден

Холштајн: Во интерес на Бугарија е да не го блокира проширувањето на ЕУ во овој регион

Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на ЕУ, изјави германската амбасадорка во земјава, Анке...

Македонија1 ден

Пендаровски до Вартоломеј: Нашите православни христијани да бидат еднакви со другите во светот

Претседателот Стево Пендаровски, по повод почетокот на Новата црковна година, упати писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов...

Македонија1 ден

Комисијата одлучува за целодневна настава

Комисијата за заразни болести вчера и денеска ја разгледува можноста за воведување целодневна настава во основните училишта од 1 октомври....

Култура1 ден

Лауреатот на Златна камера 300, Камински со порака на „Браќа Манаки“: Едвај чекам да се видиме во Македонија

На синоќешниот настан за одбележување на 41. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој се одржа во...

Економија1 ден

СДСМ: Владата помага со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки

Владата им помага на граѓаните и стопанството со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки, велат од СДСМ преку...

Свет2 дена

Пакет со отров испратен до Доналд Трамп

Пакетот, кој содржи отровен рицин, е испратен до претседателот Доналд Трамп, пренесува „Си-ен-ен“.Двајца полицајци го пријавиле случајот. Извршени се два...

Свет2 дена

Борис Џонсон: Доаѓа вториот бран на епидемијата

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека вториот бран на епидемија на коронавирус пристигнува во Велика Британија. Говорејќи во центарот за...

Култура2 дена

„Браќа Манаки“ во Битола – годинава без црвен тепих, но традицијата продолжува

Претседателот Стево Пендаровски вечерва, во Пациото на НУ Завод и музеј Битола, присуствуваше и се обрати на 41. Издание на...

Свет2 дена

Хаос во Лондон поради рестриктивните мерки: судири меѓу полицијата и демонстрантите

Полицијата во Лондон се судри со демонстрантите против рестриктивните мерки насочени кон спречување на ширењето на коронавирусот. Повеќе од 1.000...

Топ2 дена

Едно лице загина во возило кое излета на патот Неготино – Кавадарци, повредени уште тројца од семејството

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со ОВР Неготино, изврши увид на лице место, каде денеска во...

Досие