Контакт

Свет

(Видео) Итно евакуирани патници од авион на аеродромот во Дизелдорф

Објавено пред

Патниците од авион на компанијата „Пегасус“, Боинг 737-800, попладнево итно беа евакуирани откако авионот слета на аеродромот во Дизелдорф. Патниците во паника се фрлаа од авионот за побрзо да се симнат.

Според информациите, евакуацијата била наредена поради прегревање на сопирачките и забележани искри од тркалата на леталото.

Чадот го забележале контролорите на АТЦ, кој излегувал од тркалата, па била донесена одлука за итна евакуација на патниците.

„Авионот, на летот PC1003, од Сабиха Гакчен до Дизелдорф, денес слета непречено и безбедно на аеродромот Дизелдорф. За време на приближувањето кон паркирањето, од кулата беше предупредено дека под авионот има пожар и чад. Нашата екипа на летот донесе одлука за итна постапка за безбедност на нашите патници“ соопшти компанијата.

Нема информации за бројот на патници и од која националност биле тие.

Регион

Полицијата во БиХ фатила 11 лица додека печеле јагне за време на полициски час

Објавено пред

Полицијата во Босна и Херцеговина прекршочно казнила единаесет лица поради кршење на забраната за движење за време на полициски час, потврдија властите во земјата.

Полициска патрола пронашла група составена од единаесет лица кои печеле јагне на излетничко место кај Србац во средата вечерта.

Меѓу нив имало и лица над 65 години, на кои им е целосно забрането да ги напуштат своите домови, додека другите ја прекршиле забраната за напуштање на своите домови помеѓу 20 и 5 часот наутро.

„На лицата им се издадени прекршочни налози во согласност со одредбите на Законот за јавен ред и мир“, соопшти полицијата.

Полицијата уште еднаш апелира да се почитуваат ограничувањата што се применуваат за време на полицискиот час, предупредувајќи дека тоа е исклучително важно за да се спречи ширење на коронавирусот.

 

Прикажи повеќе...

Регион

БиХ нема да добие 165 милиони евра помош оти не може да се договори како да ги подели

Објавено пред

Босна и Херцеговина месецов нема да добие 165 милиони евра итна помош од Меѓународниот моментарен фонд (ММФ) бидејќи во таа земја не можат да се договорат како ќе се поделат парите, потврди шефот на канцеларијата на ММФ во Сараево Ендрју Џуел.

„Властите и натаму не можат да се договорат како ќе ги поделат парите. Ние им рековме дека без договор не може да следува одобрување на средствата“, изјави Џуел, пренесува „Независне новине“.

Синоќа изминал последниот рок до кога властите во БиХ морале да се усогласат за парите, со цел извршниот одбор на ММФ, на седницата закажана за 14 април, да може да донесе и официјална одлука за доделување на средствата. парите требаше да послужат како помош во борбата против последиците од пандемијата на коронавирусот.

ММФ прв помуди конкретна поддршка преку своите инструменти за брзо финансирање, со проценка дека вкупниот износ на таа помош би можел да биде најмалку 165 милиони евра, но таа би можела да биде и двојно поголема, односно да изнесува 330 милиони евра, доколку извршниот одбор оцени дека се исполнети потребните критериуми.

Како што стојат работите сега, БиХ нема да добие ниту една од овие суми во април, а Џуел рече дека е неизвесно кога земјата повторно ќе дојде на ред за расправа на Извршниот одбор, заради неговиот преполн распоред.

Прикажи повеќе...

Регион

Турција ќе ги следи заболените преку апликација

Објавено пред

Турските власти ќе го следат движењето на лицата што се позитивни на коронавирусот и на нивните членови на семејството преку апликација за паметни телефони, соопшти владата во обид да го спречи брзото ширење на епидемијата во Турција.

Ако пациентот или контактираното лице го напуштило домот, ќе добие СМС-порака, а потоа автоматски телефонски повик со кој од него ќе биде побарано да се врати дома, соопшти канцеларијата на турскиот претседател во видеопрезентација на мерката.

Ако тој не го почитува или го повтори делото, полицијата ќе биде известена и ќе следува казна.

Веста за мерката што треба да стапи во сила оваа недела доаѓа во време кога повеќе европски земји размислуваат за употреба на паметни телефони во борбата против Ковид-19, без да се загрози приватноста.

Кабинетот на турскиот претседател тврди дека овој мониторинг ќе се изврши во согласност со законите за заштита на личните податоци и дека сите собрани информации ќе бидат уништени кога ќе помине епидемијата.

„Благодарение на слични проекти, другите земји во светот постигнаа одлични резултати во борбата против Ковид-19“, велат од канцеларијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија2 часа

Намален условот за фирмите што користат субвенција – вработените ќе мора да ги задржат до јули, а не до септември

Фирмите што користат субвенција од Владата нема да смеат да отпуштаат работници до јули, а не до септември како што...

Економија3 часа

Прераспределени повеќе од 6,5 милијарди денари од буџетот за економските мерки

Владата на денешната седница ја донесе одлуката за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите...

Македонија5 часа

Филипче: Следната недела почнуваат подготовки за олабавување на мерките за движење

Следната недела ќе почнат подготовки за олабавување на мерките за рестрикции на движењето и враќање на животот во нормала, извести...

Македонија5 часа

Мајка и бебе од Кочани позитивни на коронавирус примени на Инфективната клиника

Мајка и нејзиното четиримесечно бебе од Кочани се примени на Инфективната клиника, откако биле утврдени дека се позитивни на коронавирусот,...

Македонија5 часа

Притвореник кој вчера починал во скопскиот затвор позитивен на Ковид-19

Притвореник во истражниот затвор во Шуто Оризари вчера починал од срцев удар, а по извршената обдукција било утврдено дека тој...

Македонија5 часа

Откриен случај на болеста њукастел во земјава, АХВ најави засилени мерки

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решение за воведување заштитни, контролни и дополнителни мерки, со цел контрола и спречување на...

Економија7 часа

Светска банка прогнозира рецесија од -0,4 до најмногу -2 отсто годинава

Економската активност во земјава годинава ќе се намали за -0,4% споредено со лани и тоа во најоптимистичкото сценарио што го...

Македонија7 часа

Нови 46 случаи на коронавирус, прв случај во Пробиштип

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје...

Европа8 часа

Данска идната недела ги отвора училиштата и градинките

Данската премиерка, Мете Фредриксен, најави дека државата ќе ги отвори градинките и основните училишта за првите пет одделенија од следната...

Македонија10 часа

Донирани околу еден милион евра на сметката на Министерството за здравство

На наменската сметка на Министерството за здравство за донации за борбата со коронавирусот до сега се пристигнати  средства во висина...

Свет11 час

Кина презема нови мерки поради страв од нов бран на вирусот како резултат на асимптоматски случаи

Кина, во која помина епидемијата на коронавирусот, презеде нови мерки за да ги спречи асимптоматските носители на вируси да предизвикаат...

Економија11 час

Русија подготвена да го намали производството на нафта за 1,6 милиони барели дневно

Според договорот што го постигна со земјите на ОПЕК, Русија соопшти дека е подготвена да го намали производството на нафта...

Свет12 часа

САД пред Шпанија по бројот на починати од коронавирус – втор ден по ред има повеќе од 2.000 жртви

Соединетите Американски Држави регистрираа речиси 2.000 смртни случаи на коронавирус втор ден по ред. Според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“,...

Регион12 часа

Брнабиќ потврди: Србија 60 часа во карантин за викендов

Српските граѓани ќе поминат 60 часа во карантин овој викенд, потврди премиерката Ана Брнабиќ, објаснувајќи ги новите рестриктивни мерки за...

Свет12 часа

Рекорден број на заразени со коронавирус во Јапонија

Во Јапонија за прв пат денеска се регистрирани повеќе од 500 нови случаи на коронавирус во еден ден.Министерството за здравство...

Европа14 часа

Андреа Бочели ќе пее во празна катедрала на Велигден

Еден од најпознатите светски тенори, италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели, ќе пее на Велигден во празната катедрала „Дуомо“ во Милано,...

Македонија24 часа

(Видео) Граѓаните што имаат потреба од лекар за време на полицискиот час не мора да се јават на 192

Владата денеска ја почна серијата информативни видеосесии со наслов „Ковид-19, прашања и одговори“, во чии рамки се одговараат актуелните прашања...

Европа1 ден

Рекорден број починати за еден ден во Велика Британија

Во Велика Британија во последните 24 часа од коронавирус починаа 938 луѓе, што е рекорден број на смртни случаи во...

Европа1 ден

Вo последните 24 часа во Италија починале 542 лица

Во последните 24 часа во Италија од коронавирус починале 542 лица, со што бројот на смртни случаи се искачи над...

Македонија1 ден

Излекувани уште двајца пациенти од Штип

По информациите добиени од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека денеска попладнево се регистрирани уште две лица...

Досие