Свет
(Видео) Катастрофа во Италија: патиштата претворени во реки, на сите жители им е наредено да не излегуваат од своите домови

Едно лице го загуби животот во поплавите кои зафатија големи области на италијанската провинција Емилија Ромања, вклучувајќи го и главниот град на покраината, градот Болоња, објави во неделата новинската агенција АНСА.
Во неделата, пожарникарите пронајдоа тело на 20-годишен маж, чиј автомобил беше однесен од реката Зена, откако ги проби насипите во областа Пјаноро, недалеку од Болоња.
❗️Soccorsi in atto a Borgo Panigale, vasti allagamenti nel quartiere ovest di Bologna.
Video di Claudia Calu Ma. Chiusa la Tangenziale Nord di Bologna e Viale Alcide de Gasperi. pic.twitter.com/DjyZwnXDXp
— Italia 24H Live 🔴 – Notizie dall'Italia (@Italia24HLive) October 20, 2024
– Речиси сите реки се под трет степен на тревога, откако обилните, поплави дождови предизвикаа ситуација полоша од онаа во мај 2023 година, кога загинаа 17 лица, а материјалната штета се искачи на неколку милијарди евра – изјави привремената гувернерка Ирене Приоло.
Болоња ја зафати лавина вода – ја опиша Приоло ситуацијата во тој град.
Според неа, 13 општини се во „критична ситуација“, вклучувајќи ги сите Болоња, Равена, Реџо Емилија и Модена, откако за само неколку часа паднале 175 мм дожд.
Критична е и состојбата на сите патишта на Апенините, планински синџир долг околу 1.200 километри, предупреди гувернерот.
Градот Багнокавало, недалеку од Равена, беше целосно евакуиран, а Приоло ги повика жителите во поплавената област да ги следат упатствата на градоначалникот и општинските власти и да бараат засолниште на горните катови на станбените згради.
#Maltempo #EmiliaRomagna, ricognizione aerea con l'elicottero sui comuni di Castenaso e Budrio, provincia di #Bologna, e su Cadelbosco di Sopra a #ReggioEmilia [#20ottobre 10:00] pic.twitter.com/OqpcZhz1QQ
— Vigili del Fuoco (@vigilidelfuoco) October 20, 2024
Гувернерот на Болоња, Матео Лепор, ги предупреди жителите на социјалните мрежи да не излегуваат или да користат автомобили.
Според извештаите, цела Италија, од север до југ, е нападната од невреме и обилни дождови, особено Сицилија, која претходно претрпе неколкумесечна суша.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Пожар „голташе“ кула од 67 ката во Дубаи, евакуирани 4.000 станари

Голем пожар што избувна во станбена кула со 67 ката во Дубаи Марина доцна во петокот навечер, a беше целосно локализиран од страна на екипите на Цивилната одбрана на Дубаи во раните утрински часови во саботата.
Инцидентот предизвика брз и координиран итен одговор, што резултираше со евакуација на сите 3.820 жители од 764 станови во зградата, без пријавени повредени.
Пожарот започна доцна во петокот на горните катови на кулата „Тигар“, позната и како Марина Пинакл, и на крајот се прошири на неколку нивоа од облакодерот.
😱Dubai skyscraper engulfed in massive fire — nearly 4,000 people evacuated from the building
Fortunately, there were no casualties. Rescue teams responded quickly and assure that the residents of the complex are now safe. pic.twitter.com/eBX4KZ7I7L
— NEXTA (@nexta_tv) June 14, 2025
Цивилната одбрана на Дубаи распореди специјализирани екипи на местото на настанот, кои работеа преку ноќ за да го стават пожарот под контрола.
Според Канцеларијата за медиуми на Дубаи, екипите за итни случаи го ставија приоритет на здравјето и безбедноста на жителите во текот на целата операција, спроведувајќи целосна евакуација како превентивна мерка.
Свет
(Видео) Израел тврди дека се уништени иранските нуклеарните центри

Израелската армија соопшти дека извршила масовен воздушен напад врз Иран, гаѓајќи 150 цели со стотици проектили во текот на ноќта. Според израелски воени претставници, нападите биле насочени кон воени објекти, инфраструктура поврзана со нуклеарната програма, како и кон научници и високи воени личности.
„Оваа акција сериозно ја забави иранската нуклеарна програма“, изјави претставник на Израелските одбранбени сили (ИДФ), додавајќи дека штетите се далеку поголеми од неколкунеделно одложување.
Нападот, кој се смета за една од најголемите воени ескалации на Блискиот Исток во последните децении, предизвика големи загуби. Ирански власти информираа дека загинале десетици лица, вклучително и најмалку 20 деца.
Како одговор, Иран истрела четири бранови балистички ракети кон територијата на Израел. Според ИДФ, три израелски државјани загинале, а десетици се повредени.
Израелските сили потврдија дека дел од нападите биле насочени кон стратешки објекти во Натанц и Исфахан – центри на иранската нуклеарна програма. Според израелскиот претставник, биле уништени и локации поврзани со развој на нуклеарна бомба, тврдејќи дека постоеле „конкретни разузнавачки податоци“ за напредок на Иран во таа насока.
Техеран остро ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека нивната нуклеарна програма е од исклучиво мирнодопска природа.
Израел сега ја смета „воздушната рута до Техеран“ за „де факто отворена“, а меѓу загинатите, според ИДФ, се и деветмина ирански нуклеарни научници – клучни фигури во програмата.
Свет
Зеленски: Непријателот е запрен во Суми, борбите продолжуваат на самата граница

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека руската офанзива во североисточниот дел на земјата е запрена, а украинските сили успеваат да ја стабилизираат ситуацијата во Сумската област, каде што се водат интензивни борби долж самата граница со Русија.
„Ја израмнуваме ситуацијата. Борбите се одвиваат на самата граница. Треба да знаете дека непријателот беше запрен. Максималната длабочина на офанзивата е седум километри од границата“, изјави Зеленски, пренесе неговиот кабинет.
Според украинските власти, Русија распореди околу 53.000 војници во правецот кон Суми, иако главниот фокус на руската армија останува на Доњецката област. Москва најави создавање т.н. „безбедносна зона“ во Сумска и Харковска област, со што дополнително ги засили борбите на североистокот од Украина.
Зеленски истакна дека украинската армија одржува одбранбени линии долж повеќе од 1.000 километри фронт и демантираше дека руските сили влегле во Дњепропетровската област, која се граничи со делумно окупираните територии Доњецк, Херсон и Запорожје.
Во меѓувреме, украинските сили извеле неколку успешни дронски напади, собориле руски авиони и оштетиле стратешки мост што ја поврзува Русија со анектираниот Крим, користејќи подводни експлозиви.
Зеленски повторно призна дека Украина не може целосно да ја врати територијата само со воена сила и повика на построги санкции кон Русија, со цел да се зголеми меѓународниот притисок врз Москва за враќање на преговарачката маса.
Тој потсети дека претходните два круга мировни преговори во Истанбул донесоа ограничен напредок, а засега се спроведуваат само размените на заробеници. Очекувањата се следната размена да се случи до 20 или 21 јуни.
„Договорено е размената да заврши, по што ќе се разговара за следниот чекор“, изјави Зеленски.