Свет
(Видео) Кит за кој речиси ништо не се знае заринка на Нов Зеланд
Примерок од исклучително редок вид кит заринка на брегот на Нов Зеланд, а официјалните лица велат дека ништо не се знае за овој вид.
Китот беше пронајден на плажа во близина на Таиари Моут во регионот Отаго на Јужниот Остров минатата недела кога локалното население го извести Одделот за заштита на природата (DoC).
„Се чини дека суштеството било мажјак, клунест кит – вид толку редок што речиси ништо не се знае за него“, се вели во соопштението за печатот на DoC.
„Доколку се потврди, ова ќе биде многу значајно научно откритие“, рече претставникот на DoC, Гејб Дејвис, пренесува агенцијата „Анадолија“.
„Клунестите китови се еден од најмалку познатите видови на големи цицачи. Од 1800 година, само шест примероци се документирани во светот, а сите освен еден беа од Нов Зеланд. Од научна гледна точка и конзерваторска, ова е огромно“, рече Дејвис, шеф на операциите на DoC во регионот Отаго.
DoC моментно планира како да ги зачува остатоците од китот.
„Овој примерок ја нуди првата можност досега да се сецира клунест кит“, изјавија тие.
DoC ги испрати генетските примероци на Универзитетот во Окленд, каде што се наоѓа архивата за ткиво на китови на Нов Зеланд. Можеби ќе бидат потребни неколку недели или месеци додека не се обработи ДНК и не се потврди конечната идентификација на видот, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Силен земјотрес во Албанија, почувствуван во Македонија и во Црна Гора
Земјотресот со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Албанија, во близина на Скадар, тешко ја потресе Црна Гора. Се огласија граѓани од Улцињ, Челуга и Добри Води. Бил почувствуван и во Македонија со послаб интензитет.
„Улцињ се тресеше“, „Многу се тресеше“, опишуваат граѓаните за ЕМСЦ. И граѓаните на Шушањ напишаа дека земјотресот е „добро почувствуван“. Поблаги потреси се почувствувани во Подгорица, која е на речиси 60 километри од епицентарот.
Земјотресот бил почувствуван низ цела Албанија, а пријавиле граѓани од Драч, Тирана и други градови.
Засега не се знае дали има материјална штета. Епицентарот бил на 57 километри југоисточно од Подгорица и 14 километри јужно од Скадар.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 7 километри под површината на земјата.
Свет
Тинејџер од Романија избоден со нож во Германија, го нападнала група Сиријци
Тинејџер од Романија е избоден до смрт во Германија во брутален напад на група Сиријци. Л. О. (18) од Романија синоќа бил нападнат, а полицијата уапсила тројца сириски државјани.
Нападот се случил во градот Шверте во Северна Рајна-Вестфалија. Л. О. бил прободен повеќепати по што паднал во крв на асфалтот. Екипите на итната помош набргу пристигнале на местото на настанот.
Според „Билд“, нападот го извршиле Сиријци, од кои најмладиот има само 15 години. Уапсени се Ахмад Ал Т. (26), Сулејман А. (24) и Махмуд А. (15) откога по нападот се обиделе да побегнат. Обвинителството обвинува тројца Сиријци за обид за убиство.
Според неофицијални информации, станува збор за одмазднички напад. Наводно, претходно истата вечер избувнала расправија во која било нападнато 15-годишно момче од Сирија. Полицијата ги истражува овие наводи. „Билд“ пренесува дека Сиријците го бркале младиот Романец, а потоа го избоделе со нож.
Л. О. со хеликоптер бил пренесен во болница, каде што лекарите се борат за неговиот живот. На местото на настанот била и мајка му, а случајните минувачи ја смирувале. Не е познато дали жената била сведок на нападот.
Свет
Медведев: Речиси 450.000 луѓе потпишале договори за воена служба во 2024 година
Заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, денеска изјави дека во 2024 година околу 450.000 луѓе потпишале договори за воена служба со руското Министерство за одбрана.
Тој исто така рече дека повеќе од 40.000 Руси се приклучиле на волонтерски формации и отишле во зоната на специјалната воена операција во Украина, пренесе „Интерфакс“.
Медведев нагласи дека целта што ја постави рускиот претседател Владимир Путин за минатата година е исполнета и дека во просек повеќе од илјада луѓе дневно го потпишуваат договорот во текот на 2024 година.