Свет
(Видео) Критики за Трудо: снимен како ја пее „Боемска рапсодија“ пред погребот на кралицата Елизабета

Канадскиот премиер Џастин Трудо се соочи со лавина критики по појавувањето на видео на кое тој ја пее „Боемска рапсодија“ (Bohemian Rhapsody) пред погребот на британската кралица Елизабета, а неговиот кабинет ги објасни неговите постапки, јавува Би-би-си.
Трудо е снимен во фоајето на еден лондонски хотел заедно со другите членови на канадската делегација како ја пее „Боемска рапсодија“ од британската група „Квин“ во придружба на пијано. Медиумите подоцна потврдија дека целата делегација повеќе од два часа пеела песни со придружба на клавир во фоајето на хотелот.
Last night at the Savoy. Our PM in the UK representing Canada for the Queen’s funeral. ????????♀️
How do you say you were a drama teacher without saying you were a drama teacher. pic.twitter.com/kfRlve7pmV— Lisa Power (@LisaPow33260238) September 19, 2022
Видеото беше споделено на социјалните мрежи, а портпаролот на премиерот потврди дека е вистинито, иако не се знае кој го снимил. Тој рече дека собирот на канадската делегација е во чест на британската кралица.
„По вечерата во саботата, премиерот му се приклучи на мал собир со членовите на канадската делегација, кои се собраа да ѝ оддадат почит на нејзиното величество,“ изјави портпаролот, пренесува Би-би-си.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Ден на жалост во Венеција по автобуската несреќа, меѓу загинатите има и две деца

Градоначалникот на Венеција ја прогласи среда за ден на жалост по синоќешната несреќа на туристички автобус, во која загинаа најмалку 21 лице, меѓу кои две деца, кога тој слета на автопат.
Меѓу загинатите има Украинци, Французи и Германци. Знамињата на официјалните згради во регионот Венето беа спуштени на половина копје на барање на нејзиниот претседател Лука Заија.
Сè уште не е позната причината за несреќата.
Во автобусот се превезувале четириесетина италијански и странски туристи, кои штотуку ја посетиле Венеција и се враќале во својот туристички камп нешто пред 20 часот.
Од сè уште неутврдена причина, возилото, кое се движело по мостот, удрило во заштитната ограда и излетало во празнината удирајќи во близина на железничката линија меѓу Местре и Маргера, два града, кои припаѓаат на Венеција.
„Автобусот се преврте. Ударот беше страшен“, изјави шефот на венециската противпожарна заштита, Мауро Луонго, за новинарите на местото на настанот.
Бројот на загинати не се промени во текот на ноќта: 21 лице загина, а најмалку 15 се повредени, објави регионалниот претседател на „Фејсбук“.
Меѓу загинатите жртви има едногодишно дете и тинејџер.
Европа
(Видео) Руската новинарка, која упадна во етер со натпис „Стоп за војната“, осудена на осум години затвор

Рускиот суд ја осуди, во отсуство, на осум и пол години затвор поранешната новинарка на државната телевизија, Марина Овсјаникова, која се појави во информативна емисија со плакат на кој пишуваше „Стоп за војната“ и „Ве лажат“.
Овсијаникова беше прогласена за виновна за „свесно ширење лажни информации за руските вооружени сили“, се вели во соопштението објавено од судот на „Телеграм“.
Новинарката, која побегна од Русија пред една година, веќе е казнета за слични прекршоци во август 2022 година. Овсијаникова стана позната во средината на март 2022 година кога се појави среде вести на телевизиската станица за која работеше. Таа носеше натпис со кој ги осудува офанзивата во Украина и пропагандата на медиумите под контрола на владата.
Снимката од нејзината акција, само неколку недели по почетокот на рускиот напад, го обиколи светот. Многу луѓе ја пофалија нејзината храброст во контекст на репресијата на секој критички глас во Русија.
Регион
(Видео) Огромниот пожар во Осиек го гасне и робот

Пожарот што избувна синоќа на депонијата за пластика на компанијата „Драва интернешнл“ се прошири и на зградата, соопшти Здружението на Хрватската противпожарна бригада. Од таму додаваат дека пожарот се гаси во просториите на компанијата за преработка и складирање пластика „Драва интернешнл“, која се наоѓа на излезот од Осиек.
Јавната противпожарна служба на градот Осиек 41 минута по полноќ добила дојава за пожар на депонијата за складирање пластика. На отворен простор во близина на зградите се запалила поголема количина пластика, а пожарот се проширил на покривот и внатре во една од зградите на комбинатот, пренесуваат хрватските медиуми.
Во 4.52 часот пожарот ја зафатил зградата и почнал да се шири во неа.
Во интервенцијата биле ангажирани вкупно 74 пожарникари и 33 противпожарни возила од Осиек – барањската противпожарна единица.
Од 4.16 часот пожарот се гасне и со робот.
Согорувањето на пластиката произвело големо количество чад и отровни гасови, кои се шират поради силниот ветер и топлинското зрачење.