Контакт

Европа

(Видео) Лава ги зафати куќите на Исланд, нивото на тревога е зголемено на највисоко: вонредна состојба во Гриндавик, никој не може да го спречи ширењето

Објавено пред

Во исландскиот град Гриндавик куќи се запалија кога се отворија две пукнатини по вулканска ерупција и излевање лава, а нивото на тревога е подигнато на највисоко ниво.

Вулкан на полуостровот Рејкјанес на Исланд еруптира рано наутро во неделата и лава се излеа во рибарскиот град Гриндавик, јави Би-би-си. Целото население на градот беше евакуирано претходно, а бариерите што беа изградени по ерупцијата во декември делумно ја задржаа лавата, но некои беа пробиени.

Главниот пат во Гриндавик беше отсечен од излевањето лава. Новинарот и вулканолог Робин Ендрјус изјави за Би-би-си дека протокот на вулканска лава од двете пукнатини моментно не покажува „никаков знак на забавување“.

Ендрјус предупреди дека ерупцијата може да ги влоши здравствените проблеми на луѓето со респираторни проблеми бидејќи вулканската активност ослободува гасови, како што е сулфур диоксидот, што ги иритира кожата, очите, носот и грлото.

Исландскиот претседател Гудни Јохансон повика на солидарност со оние што не може да останат во своите домови поради вулканската ерупција за време на обраќањето до нацијата во неделата. Јоханесон рече дека очекува ситуацијата да се смири.

Премиерката на Исланд, Катрин Јакобсдотир, рече дека владата ќе се состане денеска за да разговара за обезбедување станови за евакуираните жители. Неделната ерупција беше петта што се случи по полуостровот Рејкјанес од 2021 година.

На ерупцијата во вулканскиот систем Сварценги во декември ѝ претходеа силни земјотреси. По тоа, беа подигнати бариери околу вулканот за да се насочи лавата подалеку од Гриндавик, кој има околу 4.000 жители.

Авионските летови на Исланд не беа откажани по ерупцијата. Летовите од аеродромот „Кефлавик“ во близина на вулканот се одвиваа нормално. На Исланд има 33 активни вулкани.

Најново

Свет16 минути

Министерот за финансии: Германија не може да се одбрани без нов долг

Германија не може да се одбрани без да се задолжи, изјави денес министерот за финансии Ларс Клингбеил, оправдувајќи го зголемувањето...

Свет32 минути

Руте: Сојузниците на Украина немаат друг избор освен да ја зголемат поддршката во војната против Русија

Сојузниците на Украина немаат друг избор освен да ја зголемат својата поддршка за таа земја во нејзината борба против Русија,...

Култура43 минути

Битолскиот театар со „Едмонд“ гостува на 34. МФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица

Театарска сезона Народниот театар Битола ја започна со богат репертоар, а следуваат и гостувања по реномирани фестивали. Првото од нив...

Свет51 минута

„Политико“: Идејата на Калас за експертска група за одбрана пропадна пред да се формира групата

Плановите на шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас, за формирање експертска група за одбрана на ЕУ пропаднаа откако Италија...

Свет1 час

Писториус: Германија ќе ја снабди Украина со пресретнувачки ракети

Германија ќе ја снабди Украина со итно потребни пресретнувачки ракети PAC-2 за системите „Патриот“ од залихите на Бундесверот, изјави денес...

Црна хроника2 часа

Пијан охриѓанец возел електричен тротинет, паднал и завршил со тешки повреди

Синоќа во 23:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Марко Нестороски“ во Охрид, Ј.Т.(29) од Охрид, управувајќи  електричен...

Свет2 часа

Путин и Трамп разговарале по телефон за прекин на војната во Украина и плановите на Москва за Европа

Претседателот на САД Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин денес разговараа по телефон, а разговорот беше „конструктивен“ и траеше...

Македонија3 часа

Регистрирани 26 пожари на отворено, шест се активни, соопшти ЦУК

Денеска до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 26 пожари на отворен простор, од кои 6 се активни, 4 се под...

Забава3 часа

Памела Андерсон се присети на минатото: „Докторот ми рече дека имам најмногу 10 години живот“

На глумицата Памела Андерсон ѝ беше дијагностициран хепатитис Ц кон крајот на 1990-тите. Во тоа време, немаше лек за состојбата,...