Свет
(Видео) Во Лас Вегас 93-годишник пукаше во управител на зграда поради поплава во неговиот стан
Полицаец во Лас Вегас застрелал 93-годишен маж, кој претходно со огнено оружје пукал кон управител задолжен за одржување на зградата, поради поплава во неговиот стан.
На видеоснимката од надзорните камери поставени во зградата се гледа како на 2 јануари, Роберт Томас, облечен во црн капут и црна шапка, влегува во канцеларијата и со пиштол му заканува на маж што седи зад бирото. Потоа тој пука кон човекот, кој паѓа на земјата, а подоцна доаѓа до него и пука со уште еден куршум.
Неколку секунди откако 93-годишниот Томас испукал два куршума, полицаецот Роналд Хорнијак од полицискиот оддел во Лас Вегас пристигнал на местото на настанот и му викнал на старецот да го фрли пиштолот по што кон него испукал еден куршум.
Но, на снимките од камерата се гледа како Томас го фрла пиштолот на стол пред да биде застрелан, пренесува „Индипендент“.
Роберт Томас бил пренесен во болница и набргу бил пуштен. Тој е обвинет за обид за убиство, киднапирање и носење скриено оружје. Кога се појавил на суд на 3 јануари, 93-годишникот рекол дека не сакал да го повреди човекот што го застрелал, но сакал малку да го предупреди и да се пошегува.
Полицијата спроведува внатрешна истрага за оправданоста за употреба на сила од полицаецот Хорнијак.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.

