Европа
(Видео) Лиз Трас: Ова е голема загуба за нас, боже чувај го кралот

Премиерката на Велика Британија, Лиз Трас се обрати по повод смртта на кралицата Елизабета Втора, опишувајќи го настанот како „голем шок за нацијата и светот“.
„Сите сме уништени“, рече таа пред толпата луѓе пред резиденцијата во Даунинг стрит.
"Queen Elizabeth II was the rock on which modern Britain was built"
Prime Minister Liz Truss pays tribute to the Queen Elizabeth II, who has died aged 96https://t.co/qmv4KQNpMs pic.twitter.com/TVoyQ4Grb0
— BBC News (UK) (@BBCNews) September 8, 2022
Трас ја опиша кралицата како „карпата на која е изградена модерната Британија“ и „самиот дух на Велика Британија“.
Таа се сеќава дека отишла во Балморал пред само два дена за да се сретне со кралицата за да положи заклетва како премиер и вели дека монархот бил „лична инспирација“ за неа.
Премиерката вели дека посветеноста на кралицата на должноста била „пример за сите“ и дека денес е „ден на голема загуба“.
Изјавата ја заврши со зборовите: „Боже, чувај го кралот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Камера го сними моментот кога автобусот полн со туристи падна од надвозник кај Венеција

Безбедносните камери го снимиле моментот кога автобус полн со туристи падна од надвозник во близина на Венеција по што се запалил.
На видеото се гледа како бел автобус доаѓа на надвозната рампа, а потоа ненадејно паѓа.
EL VIDEO DEL MOMENTO EXACTO EN EL QUE BUS CAE POR LA AUTOPISTA EN MESTRE, VENECIA. https://t.co/OMm9buspJp pic.twitter.com/nQSCEZLJSz
— AhoraRoma.com (@AhoraRoma) October 4, 2023
Снимката стана вирална на социјалните мрежи. Во страшната несреќа загинаа 21 лице, меѓу кои бебе и две деца, а 15 се повредени.
Европа
Ден на жалост во Венеција по автобуската несреќа, меѓу загинатите има и две деца

Градоначалникот на Венеција ја прогласи среда за ден на жалост по синоќешната несреќа на туристички автобус, во која загинаа најмалку 21 лице, меѓу кои две деца, кога тој слета на автопат.
Меѓу загинатите има Украинци, Французи и Германци. Знамињата на официјалните згради во регионот Венето беа спуштени на половина копје на барање на нејзиниот претседател Лука Заија.
Сè уште не е позната причината за несреќата.
Во автобусот се превезувале четириесетина италијански и странски туристи, кои штотуку ја посетиле Венеција и се враќале во својот туристички камп нешто пред 20 часот.
Од сè уште неутврдена причина, возилото, кое се движело по мостот, удрило во заштитната ограда и излетало во празнината удирајќи во близина на железничката линија меѓу Местре и Маргера, два града, кои припаѓаат на Венеција.
„Автобусот се преврте. Ударот беше страшен“, изјави шефот на венециската противпожарна заштита, Мауро Луонго, за новинарите на местото на настанот.
Бројот на загинати не се промени во текот на ноќта: 21 лице загина, а најмалку 15 се повредени, објави регионалниот претседател на „Фејсбук“.
Меѓу загинатите жртви има едногодишно дете и тинејџер.
Европа
(Видео) Руската новинарка, која упадна во етер со натпис „Стоп за војната“, осудена на осум години затвор

Рускиот суд ја осуди, во отсуство, на осум и пол години затвор поранешната новинарка на државната телевизија, Марина Овсјаникова, која се појави во информативна емисија со плакат на кој пишуваше „Стоп за војната“ и „Ве лажат“.
Овсијаникова беше прогласена за виновна за „свесно ширење лажни информации за руските вооружени сили“, се вели во соопштението објавено од судот на „Телеграм“.
Новинарката, која побегна од Русија пред една година, веќе е казнета за слични прекршоци во август 2022 година. Овсијаникова стана позната во средината на март 2022 година кога се појави среде вести на телевизиската станица за која работеше. Таа носеше натпис со кој ги осудува офанзивата во Украина и пропагандата на медиумите под контрола на владата.
Снимката од нејзината акција, само неколку недели по почетокот на рускиот напад, го обиколи светот. Многу луѓе ја пофалија нејзината храброст во контекст на репресијата на секој критички глас во Русија.