Контакт

Европа

Макрон ја призна одговорноста на Франција за геноцидот во Руанда

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави во Кигали дека само граѓаните на Руанда може да ѝ простат на Франција за нејзината улога во геноцидот во Руанда во 1994 година.

„Франција не ги послуша оние што ја предупредуваа на претстојниот масакр во Руанда и де факто застана на страната на геноцидниот режим“, рече Макрон за време на говорот за геноцидот во Меморијалниот центар „Гизози“ во Кигали, каде што се погребани повеќе од 250.000 убиени припадници на народот Тутси, пренесува „Ројтерс“.

Но, Франција, како што изјави Макрон, не била соучесник во геноцидот.

„На ова патување, само оние што ја поминаа таа ноќ можеби можат да простат и да ни го дадат дарот на прошка“, рече Макрон.

По пристигнувањето во Кигали, главниот град на Руанда, францускиот претседател беше пречекан од претседателот на Руанда, Пол Кагаме, наведува агенцијата АП, со процена дека францускиот претседател се обидува да ги подобри односите со оваа централноафриканска земја 27 години по геноцидот.

Европа

Европска агенција за лекови: Имаме 415 случаи на згрутчување на крвта по вакцинација

Објавено пред

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска објави дека добила извештаи за 415 можни случаи на згрутчување на крвта со низок тромбоцит во рамките на Европската економска област (ЕЕА), со тоа што повеќе од 50 милиони луѓе примиле вакцина на „Астра зенека“ против Ковид-19 и на Џонсон и Џонсон.

„Забележани се 10 можни случаи помеѓу нешто помалку од 6 милиони луѓе кои примиле вакцина на „Џонсон и Џонсон“ и 405 случаи меѓу 45 милиони лица кои примиле вакцина на „Астра зенека“, рече Георги Генов од Европската агенција за лекови.

Прикажи повеќе...

Европа

Обвинителството бара казна, на Саркози му се заканува затвор

Објавено пред

Француското обвинителство на судењето за нелегално финансирање на претседателската кампања во 2012 година побара шест месеци затвор за поранешниот претседател на таа земја, Никола Саркози.

Покрај шест месеци затвор, Обвинителството побара условна казна од една година за Саркози, како и парична казна од 3.750 евра, пренесоа француските медиуми.

На Саркози, заедно со уште 13 обвинети, им се суди во аферата „Бигмалион“ под обвинение дека потрошиле десетици милиони евра во кампањата и дека ангажирале ПР компанија по која е именувана аферата, со цел да се покријат зголемените нелегални трошоци.

Поранешниот француски претседател ги негираше тие обвинувања, додека обвинителството наведува дека нема докази дека тој организирал шема за трошење пари, но дека бил свесен за тоа.

На Саркози, кој беше претседател на Франција од 2007 до 2012 година, му се суди по ова обвинение од 20 мај.

Прикажи повеќе...

Европа

Еден тон кокакин пронајден во контејнери со банани во Турција

Објавено пред

Турските цариници запленија еден тон кокаин скриен во контејнери со банани.

Според турскиот министер за трговија Мехмет Муса, ова е најголемо количество кокаин запленето некогаш во земјата.

Кокаинот е запленет во пристаништето Мерсин на југот на Турција, на брод регистриран во Либерија, кој пристигнал на тоа пристаниште од Еквадор, се наведува во соопштението на канцеларијата на гувернерот на Мерсин.

Цариниците ја започнаа операцијата по извештајот дека брод што пловел од Еквадор носел еден тон кокаин, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Пендаровски-Борел: Се очекува исчекор за пристапните преговори со ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Република Турција, денеска оствари средба со потпретседателот на Европската Комисија и...

Македонија5 часа

Заев се сретна со Радев: Имаме обврска да градиме пријателството меѓу нашите братски народи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров...

Македонија6 часа

(Видео) Украина-Македонија 2:1

Првиот гол за македонската репрезентација во натпреварот со Украина го постигна фудбалерот Езгјан Алиоски. Во 54-та минута Трајковски успеа да...

Македонија7 часа

Десет нови случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.529 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на Ковид-19, и тоа од: Скопје,...

Македонија8 часа

Наместо пресуда, повторно судење на Мијалков за „Тортура“

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и шестемина поранешни припадници на полициската единица „Алфа“, денеска требаше да ја слушнат пресудата...

Македонија10 часа

Бројката на хоспитализирани поради Ковид-19 падна на 90 лица

Вкупно 90 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија, и тоа 26 во Скопје и 64...

Топ11 час

Двајца браќа истепале полицајци во Струга

Двајца браќа со тупаници и шлаканици нападнале полицајци во Струга.  Поради опасност од бегство, судот им определи притвор на напаѓачите....

Македонија12 часа

(Видео) Запленети над 2.000 стебла марихуана во Виена во заедничка акција на македонската и австриската полиција

Во заедничка акција на македонската и австриската полиција запленети се над 2.000 стебла марихуана во околината на Виена, а приведени...

Македонија13 часа

(Видео) Борисов на средбата со Заев: Убеден сум дека Радев ќе ви каже дека ништо не може да се направи

Поранешниот премиер на Бугарија и актуелен претседател на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов, на средбата со премиерот, Зоран Заев, рече дека...

Спорт13 часа

Ангеловски: Наша цел е пласман во втората фаза

Македонија е подготвена за најважниот натпревар на ЕП. Македонија, од 15 чадот ќе игра против Украина. Ова е дуел на...

Македонија14 часа

(Видео) Заев од Софија: Решението е околу нас, мора да го најдеме

Два пријателски и братски народа секогаш мора да разговараат и да бараат решение, изјави премиерот Зоран Заев на почетокот на...

Свет1 ден

Путин и Бајден согласни дека никогаш не смее да дојде до нукеарна војна во светот

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џо Бајден, излегоа со заедничка изјава за прашањата на стратешката стабилност....

Свет1 ден

(Видео) Бајден: Мојата агенда не е против Русија, туку за американскиот народ

Американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференција по состанокот со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата агенда не е против...

Свет1 ден

(Видео) Путин: Преговорите беа добри, амбасадорите се враќаат

Рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференцијата по самитот со неговиот американски колега Џозеф Бајден рече дека преговорите биле „добри“. Toj...

Европа1 ден

EMA даде позитивна оценка на клиничките испитувања на „спутник В“

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави позитивен извештај за резултатите од клиничките испитувања на руската вакцина „спутник В“ против коронавирус,...

Македонија1 ден

Заев: Изгубен е Мицкоски, ако некој го најде, нека го врати во ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Зоран Заев реагира на обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека македонскиот идентитет е изгубен и дека утре...

Македонија1 ден

Регистрирани 15 нови случаи на Ковид-19, нема починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.802 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на...

Македонија1 ден

Отфрлена пријавата за Џафери и за пратениците што се појавија во Собрание заболени од коронавирус

Основното јавно обвинителство Скопје ги отфрли кривичните пријави поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и Левицата против претседателот на Собранието, Талат Џафери, и...

Македонија1 ден

ЕУ ја стави Македонија на листата безбедни земји за патување

Европската Унија одлучи да ја стави Република Северна Македонија на списокот на земји што се безбедни за патување, пренесуват европските...

Свет1 ден

Борел: Три принципи во новата стратегија на ЕУ кон Русија

Новата надворешнополитичка стратегија на ЕУ кон Русија ќе се заснова на три принципи: одбивање, воздржаност и соработка, изјави високиот претставник...

Досие