Контакт

Свет

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност што не је препознавам

Објавено пред

Првата дама на САД, Меланија Трамп, вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло појавување како дел од кампањата на Трамп.

На почетокот на својот говор таа ја коментира комуникацијата на Трамп со јавноста преку „Твитер“ и рече дека не секогаш се согласува со начинот на кој ги претставува работите.

„Првпат во историјата граѓаните на оваа земја може да го слушаат нивниот претседател директно и секојдневно преку социјалните мрежи. Јас не секогаш се согласувам со начинот на кој тој ги кажува работите, но важно е тој да разговара директно со луѓето на кои им служи“, рече Меланија.

Таа нагласи и дека медиумите создале поинаква слика за него.

„Доналд има големо срце и одлична смисла за хумор. Тој сака да им помага на луѓето. Но, кога реши да се кандидира за претседател како републиканец, медиумите создадоа поинаква слика за него – онаа што јас не ја препознавав. Неговите приврзаници се третирани со ист презир“, рече Меланија додавајќи дека медиумите одлучиле да се фокусираат на приказни за разни озборувања и интриги.

„На пример, главната цел на мојата иницијатива ‘Биди најдобар’ е да им помагам на децата. Сепак, медиумите избраа да им го одземат фокусот на децата и да се фокусираат на негативни работи. Но, тоа нема да ме спречи во мојата намера да правам добро“, заклучи Меланија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Британија ќе ја прекине блокадата, намален бројот на нови инфекции

Објавено пред

Британскиот премиер Борис Џонсон планира да ја прекине блокадата низ Англија, која е предвидено да трае до 2 декември и ќе објави враќање на регионалните ограничувања, бидејќи статистичките податоци покажуваат дека се стабилизирале инфекциите со коронавирусот.

Канцеларијата на Џонсон исто така ги потврди плановите за започнување на национална програма за вакцинација против Ковид-19 следниот месец, под претпоставка дека регулаторите ја одобруваат вакцината против вирусот. Владата, исто така, ќе го зголеми масовното тестирање во обид да се бори против вирусот додека не се појават вакцините на пазарот.

Велика Британија како целина има најголем број жртви на вируси во Европа, со над 54.700 смртни случаи.

Моменталната блокада значи дека пабовите, рестораните и продавниците ќе останат затворени најмалку до 2 декември. За разлика од пролетната блокада, училиштата и универзитетите остануваат отворени, заедно со градилиштата и фабриките.

Новите познати случаи на Ковид-19 започнаа да се намалуваат низ Велика Британија, а бројот на позитивни тестови во изминатите седум дена е намален за 13,8 проценти во однос на претходната недела. Во последните седум дена се пријавени околу 2.861 смртни случаи поврзани со Ковид-19, 17 помалку од седум дена претходно. Сепак, стапката на инфекција останува висока, со 244 случаи на 100.000 луѓе.

Министерот за здравство Мет Хенкок во петокот рече дека блокадата успешно го забавила ширењето на вирусот, иако тој истакна дека луѓето мора да продолжат да ги следат мерките за намалување на бројот на случаи на инфекција.

Прикажи повеќе...

Свет

Првите Американци ќе ја примат вакцината против Ковид-19 на 11 декември

Објавено пред

Првите Американци ќе ја примат вакцината против Ковид-19 на 11 декември, изјави шефот на американската програма за вакцина против коронавирус, Монсеф Слауи.

„ Нашиот план е да обезбедиме вакцини на одредени локации за имунизација во рок од 24 часа од одобрувањето“ рекол тој во интервју за Си-ен-ен.

Исто така додал дека се надева дека колективен имунитет би можел да се постигне до мај следната година.

„ Со 95 процентно ниво на ефикасност, вакцинирањето ќе овозможи вистински колективен имунитет кај 70 проценти од населението. Тоа може да се случи во мај“ рекол Слауи.

Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „БиоНТех“ во петокот побараа од американската агенција за борба против лекови (ФДА) да им ја одобри вакцината против Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Свет

Протести во Белорусија, приведени над 140 демонстранти

Објавено пред

Илјадници Белоруси денеска излегоа на улиците на нови демонстрации против долгогодишниот авторитарен претседател Александар Лукашенко, барајќи негово повлекување од власта.

Група за заштита на човековите права – Весна (Пролет) наведе дека полицијатѕа уапсила над 140 демонстранти и дека претепала многу други учесници на протестот, пренесе АП.

Демонстрантите денеска првично се собраа во разни делови на Минск за да ја отежнат работата на полицијата, но се соочија со репресија кога се обидоа да се обединат во центарот на градот.

Полицијата употреби шок-бомби за да ги растера демонстрантите и почна да апси. Демонстрантите извикуваа „Да живее Белорусија“ и мавтаа со црвено-бели знамиња на опозицијата.

На улиците на Минск се распоредени голем број полицајци, со оклопни возила и водени топови.

Опозиционерката Светлана Тихановскаја, која веднаш по изборите побегна во Литванија за да избегне апсење, го поздрави денешниот протест, како нив чекор кон „слободна и праведна Белорусија“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Британија ќе ја прекине блокадата, намален бројот на нови инфекции

Британскиот премиер Борис Џонсон планира да ја прекине блокадата низ Англија, која е предвидено да трае до 2 декември и...

Македонија3 часа

Во Македонија се регистрирани нови 1.112 заболени и 24 починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2553 тестирања, а регистрирани се 1112 нови случаи на...

Македонија4 часа

Старата „Систина“ ќе биде ковид-центар, лекувањето на трошок на државата

Министерот за здравство, Венко Филипче, вечерва по состанокот со сопствениците на приватните болници на „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“, истакна...

Свет4 часа

Првите Американци ќе ја примат вакцината против Ковид-19 на 11 декември

Првите Американци ќе ја примат вакцината против Ковид-19 на 11 декември, изјави шефот на американската програма за вакцина против коронавирус,...

Свет5 часа

Протести во Германија против ограничувањата поради коронавирусот

Во Германија денеска се одржа протест против ограничувањата поради коронавирусот. Протестот, на кој имаше нереди, беше прикажуван во живо на...

Регион7 часа

За 24 часа во Србија починале 31 човек, рекорден број пациенти на респиратор

Во последните 24 часа во Србија починале 31 човек, а регистрирани се нови 4.995 случаи на коронавирус. Од последниот пресек...

Македонија8 часа

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 824 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 824 пациенти позитивни...

Македонија10 часа

Полицијата упадна на семејна веселба со 70 гости во Гостивар

Седумдесет гости се собрале синоќа во угостителски објект на семејна веселба во селото Здуње, Гостиварско и покрај забраните за групирање...

Македонија10 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ му подари бел мантил на Филипче и лампиони на Шилегов

ВМРО-ДПМНЕ му подари бел мантил на министерот за здравство, Венко Филипче, и лампиони за градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов,...

Македонија11 час

Пендаровски: Негацијата на јазикот и културата е ништење на националната припадност

Јазикот и културата се фундаменти на секој народ и нивната негација значи обид за ништење на националната припадност, вели претседателот...

Македонија12 часа

Каракачанов: Скопје сака да ги поддржиме, а потоа да ни забодат нож во грб

Европската Унија има јасно правило што се однесува на сите, а тоа е дека нема влез во Унијата без решавање...

Македонија13 часа

Хоспитализирани уште 35 пациенти во ковид-центрите во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 35 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 474...

Македонија14 часа

Заев за Денот на албанската азбука: Градиме општество со почит кон етничките разлики

Со чествувањето на Денот на албанската азбука ја потврдуваме заедничката определба за почитување и унапредување на етничката и културната разноличност,...

Свет14 часа

Трамп загуби на суд во Пенсилванија, републиканците бараат да го признае поразот

По новиот пораз во судот во Пенсилванија, американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со зголемен притисок од републиканците да се...

Европа14 часа

СЗО: Европа ќе се соочи со трет бран на почетокот на годината, ако владите не спречат ширење

Специјалниот претставник на Светската здравствена организација (СЗО) за Ковид-19 предвиде трет бран пандемија во Европа на почетокот на 2021 година,...

Македонија1 ден

Ангелов: Ја разгледавме потребата од учество на Армијата за обезбедување на болниците

На денешниот состанок на Кризниот штаб била разгледана потребата од учество на Армијата во обезбедување на здравствените објекти, за што...

Македонија1 ден

Регистрирани 1.182 нови случаи на Ковид 19, починаа 25 лица

Во последните 24 часа се направени 3.109 тестирања, а регистрирани се 1.182 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-544, Куманово-48, Штип-31,...

Македонија1 ден

Ковачев по изјавата на Пендаровски: Нивото продолжува да ви паѓа

„Нивото продолжува да ви паѓа“, реагира бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, откако македонскиот претседател, Стево Пендаровски вчера изјави дека со политиката на...

Македонија1 ден

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 825 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 825 пациенти позитивни...

Македонија1 ден

Заев за „Франсе прес“: Секое прашање на македонскиот идентитет е „црвена линија“

Свежата блокада на Бугарија за соништата на Северна Македонија за влез во Европската унија е спротивна на вредностите на блокот...

Досие