Контакт

Свет

(Видео) Момче обвинето за кражба на статуата на Мерилин Монро

Објавено пред

Момчето што беше осудено во 2018 година за кршење на ѕвездата на претседателот Доналд Трамп на Булеварот на славните сега е обвинето за кражба на статуата на Мерилин Монро од споменикот во Холивуд.

Остин Клеј (25) може да биде осуден на три години затвор ако биде прогласен за виновен за кражба и вандализам, наведува окружното обвинителство во Лос Анџелес.

Младиот човек беше идентификуван благодарение на надзорните камери.

Бидејќи беше откриено дека Клеј е на условна слобода поради пресудата за кршење на Трамповата ѕвезда во Холивуд, неговиот стан беше претресен во петокот.

Според локалните медиуми, беа пронајдени докази што го поврзуваат со кражбата на статуата, која претставува култна сцена од филмот „Седум години верност“ од 1955 година. Споменикот се наоѓа на почетокот на Булеварот на славните и е посветен на холивудските актерки.

Статуата сè уште не е пронајдена, а полицијата се сомнева дека можеби е оштетена за време на кражбата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Во Австрија прогласена највисока опасност од лавини

Објавено пред

Обилните дождови и снегот создаваат проблеми во Австрија. Најлошо е во Јужен Тирол и Корушка. Во долините, обилните дождови предизвикаа излевање на реките и езерата, а евакуирани се жителите во најзагрозените области, пренесува „Дневник.хр“

Во планинските делови, обилниот снег отсекол неколку села, нема струја, а телефонските врски се прекинати. Прогласена е и највисока опасност од лавини.

Прикажи повеќе...

Свет

Кремљ: Украинските барања за гасот се апсурдни

Објавено пред

Украинските барања упатени кон Русија во врска со прашањето на гасот Кремљ ги смета за апсурдни и неприфатливи, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, пренесува „Спутник“.

„Немам што да додадам на објаснувањата што ги даде претседателот Путин во Бразил. Во моментот нема ништо ново. Ако се сеќавате, тој рече дека постои опасност од влез во новата година без соодветна и објасни зошто е ова лошо“, рече Песков.

Постоечките договори меѓу Русија и Украина за транзит и испорака на гас истекуваат кон крајот на декември.

На последните трилатерални консултации со претставниците на Европската комисија (ЕК) во октомври, руската страна изнесе став за потребата од пакет-решенија за транзитното прашање заедно со судските спорови и испораките на гас во Украина, но во таа насока не е остварен напредок.

Прикажи повеќе...

Свет

ЕК препорача Киев да се врати на директните набавки на гас од Русија

Објавено пред

Европската комисија (ЕК) препорача директна набавка на рускиот гас во износ од околу 15 милијарди кубни метри годишно, за Украина да ги намали скапите обратни резерви, изјави за ТАСС извор во институциите на ЕУ близок до трилатерални разговори за гас.

„Европската комисија препорача Киев да се врати на директните набавки на рускиот гас во висина од околу 15 милијарди кубни метри почнувајќи од 2020 година за да ги намали трошоците за обратна набавка на истиот гас“, рече изворот.

Соговорникот објасни дека враќањето на директните набавки ќе го направи поинтересен за Русија системот за транспорт на гас на Украина за пумпање гас кон Европа, како и да ги олесни тарифите за гасот. Украинската страна се обидува да ги надомести дополнителните трошоци направени од Киев поради одбивањето да набави гас директно преку покачување на тарифите за снабдувањето со гас на Русија.

Изворот одби да го коментира барањето на Москва да ги повлече сите меѓусебни побарувања на рускиот „Гаспром“ и украинскиот „Нафтогас“, како и да се откаже од извршувањето на веќе донесените судски решенија.

Европската комисија претходно предложи втората техничка средба на експерти од Русија, Украина и Европската Унија да се одржи на 19 ноември за да се подготви уште една рунда министерски трилатерални консултации за гасот закажана за крајот на ноември. Сепак, ниту една од страните не потврди дека одржала техничка средба.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Катица Јанева спроведена во домашен притвор

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, од затворот во Шуто Оризари беше спроведена во домашен притвор во стан во Скопје кога...

Македонија3 часа

(Видео) Мицкоски: Најавеното покачување на пензиите е лажно ветување на Заев

Владата на СДСМ и Зоран Заев не ги зголемија пензиите 700 денари, туку, напротив, ги намалија 400 денари, изјави на...

Свет4 часа

Шведска ја прекина истрагата за силување против Асанж

Шведското обвинителство ја отфрли истрагата поради обвинение за силување против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, покренато уште во 2010 година....

Македонија4 часа

Екоактивистите ќе протестираат итно да се одземе концесијата од „Еуромакс ресурсис“

Се ближи датумот кога оваа влада нема да може да донесува и спроведува одлуки, а Министерството за економија сè уште...

Македонија6 часа

(Видео) Дуковски: На Боки 13 не му работи бубрегот и мокри крв

Адвокатот на обвинетиот Бојан Јовановски, Сашко Дуковски, на наменска прес-конференција за јавноста рече дека е загрижен поради здравствената состојба на...

Топ6 часа

(Видео) Во камион пронајдени над 100 килограми марихуана, приведен маж од Валандовско

Граничната полиција на преминот Табановце ноќеска во камион со приколка со бугарски регистарски ознаки пронајде 100 килограми марихуана. Приведен е...

Македонија7 часа

Тупураинен: ЕУ нема да му го сврти грбот на Балканот

Претседавачката со Советот на ЕУ, финската министерка за европски прашања, Тити Тупураинен, порача дека министрите на ЕУ од денешниот состанок...

Македонија8 часа

Дисциплинска за адвокатот Даути зашто бараше да бидат преведени сите списи на албански во ТНТ

Адвокатската комора со допис го известила судот дека повела дисциплинска постапка пред дисциплински обвинител за адвокатот на обвинетата во ТНТ...

Топ8 часа

Дрога и муниција пронајдени во куќа на 25-годишник во Ѓорче Петров

Полицијата уапси двајца скопјани на возраст од 25 и 32 години при извршен претрес во дом во населбата Ѓорче Петров....

Интервју/Дебата10 часа

(Интервју) Италијанскиот амбасадор Ромео: Ќе сториме сè за да ја поправиме историската грешка за вашата држава

На денешниот редовен Совет за општи работи во Брисел, на кој по иницијатива на Италија ќе се расправа за прашањата...

Економија10 часа

САД одново ги одложија санкциите за „Хуавеј“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја одложи забраната за продажба на американски производи на кинеската компанија „Хуавеj“ за уште...

Европа10 часа

Во Советот на ЕУ дискусија за реформата за проширување

На состанокот на Советот за општи работи денеска во Брисел, министрите на ЕУ ќе разговараат за ситуацијата во областа на...

Свет1 ден

Три лица убиени во пукање во супермаркет во САД

Најмалку три лица се убиени во пукање во супермаркетот „Волмарт“ во Данкан, Оклахома, објавија американските медиуми. Од локалната полиција наведоа...

Македонија1 ден

Османи се сретна со Тимоние: „Процесот на интегрирање во ЕУ не е запрен“

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска оствари средба со францускиот амбасадор во земјата, Кристијан Тимоние, на која главна...

Економија1 ден

Бензините поевтинуваат

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија...

Македонија1 ден

(Видео) Таткото на Боки 13 осуден на шест месеци затвор

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е осуден на казна затвор во траење од шест месеци,...

Македонија1 ден

Серија земјотреси ја погодија Битола

Вчера и денеска регистрирани се серија земјотреси со епицентри во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Економија1 ден

(Видео) Финансии дава 33.000 евра за маркетинг-стратегија за „МојДДВ,#МојаНаграда“

Министерството за финансии одвои половина милион евра за награди за скенирање сметки во рамки на акцијата „Мој ДДВ“. Предвидени се...

Македонија1 ден

Завршни зборови во „Тврдина 2“, в среда втора пресуда за Горан Грујевски

Во кривичниот суд во Скопје в среда судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ треба да ја изрече по вторпат пресудата за ексначалникот на...

Свет1 ден

Ноќ на насилство во Хонг Конг: големи судири меѓу демонстрантите и полицијата

Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец и гумени куршуми за да приведе стотици антивладини демонстранти кои се обидоа да излезат...

Досие