Свет
(Видео) Навални од Арктикот: Секое утро во 5 часот пуштаат песна за Путин
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/01/јарус.jpg)
Најпознатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални тврди дека откога бил отруен, нападнат и затворен без соодветна медицинска нега – се соочува со нов предизвик: тој е принуден да слуша поп-пејач што го поддржува Путин секое утро во 5 часот наутро.
Навални (47), поранешен адвокат, кој влезе во политиката пред повеќе од една деценија критикувајќи ги елитата на Путин и корупцијата, е во затвор на речиси 60 километри северно од Арктичкиот круг.
Вели дека секое утро по будењето мора да ја слуша руската химна по што почнува „Ја Рускиј“ (Јас сум Русин), патриотска песна во изведба на пејачот Шаман, на разглас.
Во пораката објавена на X од неговите сојузници Навални ја опиша својата утринска рутина.
„Пејачот Шаман стана познат кога веќе бев во затвор, па не можев да го видам или да ја слушам неговата музика. Но знаев дека тој стана главниот пејач на Путин. И дека неговата главна песна беше ‘Јас сум Русин’“, вели Навални.
„Секако дека ме интересираше како звучи, но каде да го слушам во затвор. А потоа ме донесоа во Јамал. И овде секој ден во 5 часот наутро слушаме наредба ‘Стани!’ проследена со руската национална химна, а веднаш потоа свири втората најважна песна во земјата – ‘Јас сум Русин’ од Шаман“, рече тој.
Навални е во затвор, неговото движење е забрането, а повеќето негови главни поддржувачи избегаа во странство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
(Видео) Олимписки игри во Париз 2024: церемонијата на отворање започна со пловење по Сена
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-213525-1.jpg)
Олимписките игри во Париз беа свечено отворени со свечена церемонија која се разликува од сите досегашни, бидејќи парадата на најдобрите спортисти на планетата првпат не беше организирана на стадионот.
Овие, 33. Олимписки игри, беа отворени со пловење по реката Сена, каде што повеќе од 10.000 спортисти од светот во чамци им мавтаа на стотици илјади гледачи на брегот на познатата река што тече низ главниот град на Франција.
Со димни сигнали во боите на француското знаме, настапот на Лејди Гага, американската пејачка и стотици танчерки на бреговите и мостовите, првите натпреварувачи беа од Грција што испловија по Сена, што е обичај во најголемиот светски спортски настан, кој потекнува од таа европска земја.
Дожувувањето на стотици илјади гледачи низ Париз донекаде го расипа дождот, кој паѓаше цел ден во француската престолнина.
Регион
(Видео) Тешка сообраќајка во Грција: бебе меѓу загинатите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-204400.jpg)
Тешка трагедија се случи во петокот попладне на автопатот Пиргос – Кипарисија, во близина на Месинија во Грција, кога четири лица, меѓу кои 12-месечно бебе и 13-годишно девојче, кои се наоѓале во два автомобили, загинаа во сообраќајма несреќа, пишува „Protothema“.
До несреќата дошло кога 39-годишниот камионџија, кој возел во правец на Кипарисија, од засега непозната причина изгубил контрола, излетал во спротивен правец и налетал на три возила, предизвикувајќи трагични последици.
Според написите, камионот всушност буквално ги стопил двете возила кои учествувале во несреќата. Противпожарната служба со 12 пожарникари ги извлекла настраданите.
Според информациите, во првиот патнички автомобил кој се судрил со камионот било семејство кое живее во странство и отпатувало за Нафплио за да се види со роднините и на одмор на Пелопонез. Во него се пронајдени мртви 38-годишен татко и 12-месечна ќерка, а повредени се 38-годишна мајка и нивниот шестгодишен син, кои се пренесени во болницата во Патра.
Од второто возило кое било заглавено под камионот извлечени се маж (50), девојка (13) и жена (60), кои се здобиле со тешки телесни повреди.
Повредени се и 25-годишен маж кој бил интубиран во Каламата, 39-годишен камионџија и 61-годишен маж, и двајцата се на лекување во болницата Кипарисија.
Затворен е магистралниот пат Пиргос – Кипарисија, а сообраќајот се пренасочува по заобиколен пат.
Свет
(Видео) Во Русија гори облакодер, има загинати меѓу кои и двегодишно дете
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-195828.jpg)
Пожар избувна во облакодер во градот Уљановск, соопшти прес-службата на регионалното Министерство за вонредни состојби.
„Според првичните информации, пожарот првично зафатил три стана на третиот кат“, се вели во соопштението. Загинаа двегодишно дете и уште едно лице, а три лица се повредени.
A powerful explosion took place in a high-rise building in the Russian city of Ulyanovsk
Three apartments in a residential building caught fire at once. Residents of the upper floors are waving their hands and asking for help from rescuers. An evacuation is underway.
According… pic.twitter.com/NNmcy6scfu
— NEXTA (@nexta_tv) July 26, 2024
Сите расположливи служби за итни случаи излегоа на терен и помагаат во евакуацијата. Со пожарот се борат вкупно 68 пожарникари со 22 возила. Повеќето од луѓето кои живеат во облакодерот се евакуирани.
🇷🇺 A high-rise building is on fire in Ulyanovsk.
A fire broke out on the third floor of a building on Korunkova Street. According to the Base, three apartments are on fire. The entrance was heavily smoky and all residents were evacuated from the house. pic.twitter.com/7JzpTz1sg5
— * (@V141NGs) July 26, 2024
Гувернерот на регионот Уљановск им нареди на раководството на Министерството за здравство и Министерството за социјален развој веднаш да излезат на местото на настанот за да ја координираат медицинската помош на жртвите и да ги решат прашањата за финансиска помош за жртвите.
Градските власти соопштија дека пожарот настанал по експлозија на плинска боца. „Некста“, канал на Х, пишува дека жителите од горните катови мавтале со рацете и побарале помош од спасувачите.