Свет
(Видео) Насилни протести во Киев – демонстранти се обидоа да влезат во парламентот

По протестот во Киев, избувна тепачка меѓу насобраните и полицијата. Неофицијално, има и загинати.
Претприемачите, кои бараа даночни олеснувања, се обидоа да влезат во зградата на врховната Рада, демонстрантите шетаа по централните улици на градот. Меѓу нивните барања е и усвојување на предлог-законот за поедноставен систем на користење фискални каси и други олеснувања во даночниот законик.
Група демонстранти се обидоа да влезат во парламентот, поради што дошло до тепачка, а полицијата употребила солзавец и уапсила неколку учесници на собирот, меѓу кои и организаторите, кои на насобраните им се обратиле од бината.
#Kiev (#Ukraine) でレジの義務化に関する法律が原因で集会が開かれた。個人事業主がその廃止を要求。デモ隊はVerkhovna Radaの建物を襲撃しようとし、警察との衝突が定期的に発生しています。#Demonstrations #protests @oikawa_yukihisapic.twitter.com/cFz1I0Y4Gt
— 令和クニちゃん【BREAKING】 (@Hu6TgrYZ1PMg2Hm) January 25, 2022
Полицијата потоа ги оттурнала претприемачите од зградата на парламентот, но судирите продолжиле.
One of the activists was killed as a result of protesters’ clashes with the police in #Kiev.
The incident occurred when the police began suppressing protests near the Verkhovna Rada building. #ukraine https://t.co/dv19g7UQg9
— Farnak (@Farnakyboy) January 25, 2022
Учасники акції «SaveФОП» спробували пройти до будівлі Верховної Ради. Почалася штовханина з поліцієюhttps://t.co/HYRP7sYC9F pic.twitter.com/A04M3lQrra
— Радіо Свобода (@radiosvoboda) January 25, 2022
За време на судирите, демонстрантите палеле димни бомби и факли. Според непотврдени вести, еден демонстрант загинал во судир со полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
„Рајанер“ го зголемува дозволениот бесплатен рачен багаж

„Рајанер“ ќе ја зголеми максималната големина на багажот што може да се носи во авион бесплатно и да се складира под седиштето за 20 проценти, откако Европската Унија презентираше предлог за нови закони што би дозволиле поголеми димензии.
Нискобуџетната авиокомпанија моментално им дозволува на патниците да земат бесплатен рачен багаж што се вклопува под седиштето, како што е чанта или мал ранец. Максималната големина сега се зголемува од 40x25x20 см на 40x30x20 см.
Иако станува збор за зголемување само од 5 сантиметри во ширина, ова значи дека волуменот на торбата се зголемува од 20 на 24 литри.
И покрај зголемувањето, „Рајанер“ сè уште заостанува зад својот главен конкурент „ИзиЏет“, кој дозволува багаж со димензии 45x36x20 см (32 литри), додека „ВизЕр“ веќе дозволува багаж со димензии 40x30x20 см.
„Рајанер“ изјави дека новите правила ќе бидат имплементирани во наредните недели.
Минатата недела, европратениците предложија патниците да имаат право на багаж со димензии од најмалку 40x30x15 см, како и дополнителен багаж со димензии до 100 см и тежина до 7 кг, без дополнителни трошоци со нивниот авионски билет.
Свет
САД воведоа нови санкции врз Иран и Хезболах

Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции врз Иран и неговиот либански сојузник Хезболах, насочени кон високи функционери и мрежи кои помагаат да се избегнат санкциите на САД поврзани со продажбата и транспортот на иранска нафта.
Министерството за финансии соопшти дека неговата Канцеларија за контрола на странски средства „презема мерки против мрежите кои колективно транспортирале и купувале иранска нафта вредна повеќе милијарди долари, од кои дел им користеле на силите Кудс на Иранскиот корпус на револуционерната гарда (IRGC-QF), кој е прогласен за странска терористичка организација“.
Санкциите се насочени и кон бродовите вклучени во транспортот на нафта.
Министерот за финансии Скот Бесент изјави: „Министерството ќе продолжи да воведува мерки против изворите на приходи на Техеран и да го зголемува економскиот притисок за да го наруши (неговиот) пристап до финансиските ресурси што им овозможуваат на неговите дестабилизирачки активности“.
Санкции беа воведени и против неколку високи функционери и еден субјект поврзан со Хезболах поради помагање во избегнувањето на санкциите.
Овој потег ја нагласува посветеноста на попречување на напорите на Хезболах да ги избегне санкциите, според одделот.
Целта на санкциите беше и да се поддржат напорите на новата либанска влада да го ограничи влијанието на терористичката група, особено затоа што актери како финансиските институции на Хезболах продолжуваат да ја поткопуваат веќе кревката економија на Либан, соопшти одделот.
Свет
Путин разговараше со Трамп: „Нема да се откажам од своите цели во Украина“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, разговараа по телефон речиси еден час за војната во Украина, при што двајцата изразија подготвеност да бараат решение преку преговори, објави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
За време на разговорот, Трамп повторно го отворил прашањето за брзо завршување на војната во Украина, но Путин јасно ставил до знаење дека Русија нема да отстапи од своите цели, вклучително и, како што рекол, отстранување на причините што довеле до конфликтот.
„Нашиот претседател нагласи дека Русија ќе ги постигне целите што си ги поставила, а тоа е да ги елиминира познатите причини што доведоа до сегашната конфронтација“, рече Ушаков.
Путин му ги презентирал на Трамп и деталите за неодамнешниот договор со Украина за размена на затвореници и загинати војници и ја изразил подготвеноста на Москва да продолжи со преговорите со Киев.
Ушаков нагласи дека рускиот став е дека мировните преговори за Украина мора да се водат исклучиво меѓу Москва и Киев, без трети страни.