Свет
(Видео) Невреме предизвика хаос во Лас Вегас – казино заврши под вода, потопени се и автомобили

Лас Вегас, Невада, познат како „Градот на гревот“ е еден од градовите со најмалку врнежи во Америка, но тоа се промени оваа недела.
Лас Вегас го зафатија обилни дождови кои предизвикаа поплави.
На интернет се појавија снимки од влегувањето на водата во казиното, поплавен паркинг и дожд што го доведе сообраќајот во целосен застој. Полицијата и пожарникарите извлекуваа луѓе од автомобилите заробени во водата додека светлечките знаци на главната улица мораа да се изгаснат.
@News3LV this is the Linq parking garage on the Strip. pic.twitter.com/lWfKULEAom
— Coach Ken Camp (@CoachKenCamp) July 29, 2022
На сила е метео предупредување бидејќи врнежите траат веќе два дена, а грмежите и засилениот ветер се очекува да ја усложнат ситуацијата и за време на викендот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Норвешка отпушти 30 членови на Кралската гарда, употребувале дрога

Триесет припадници на Норвешката кралска гарда ќе бидат отпуштени од службата поради употреба на дрога додека се на одмор, соопштија денеска вооружените сили на Норвешка.
Армијата добила информација дека некои регрути користеле дрога на забава летово. Петмина од нив веднаш признале дека тоа го направиле, а подоцна уште 25 го признале истото.
Сите 30 регрути биле членови на единицата на Кралската гарда на Неговото Височество, објавија норвешкиот јавен сервис НРК.
Портпаролот на норвешката армија Браге Стајнсон Вик-Хансен изјави дека регрутите ќе бидат отпуштени од армијата.
Кралската гарда го штити норвешкото кралско семејство. Нејзините членови секојдневно ја менуваат стражата пред кралската палата во Осло.
Единицата извршува должности и за време на некои посебни прилики, како што е доделувањето на Нобеловата награда за мир.
Свет
Гутереш пристигна во Украина, ќе се сретне со Зеленски и со Ердоган

Антонио Гутереш – генералниот секретар на ОН денеска пристигна во Лавов, каде утре ќе учествува на трилатерална средба со претседателите на Украина, Владимир Зеленски и претседателите на Турција, Реџеп Таип Ердоган, пренесува Укринформ, повикувајќи се на соопштението на портпаролот на ОН на Твитер.
Освен најавата за утрешната трилатерална средба, во твитот не се дадени дополнителни детали.
.@antonioguterres arrived Lviv where, tomorrow, he will meet @ZelenskyyUa & @RTErdogan. pic.twitter.com/PC1tBbXOF6
— UN Spokesperson (@UN_Spokesperson) August 17, 2022
Портпаролот на генералниот секретар, Стефан Дужарик денеска на брифинг за медиумите најави дека Гутереш доаѓа во Украина на покана на претседателот Зеленски.
Како што претходно објави Укринформ, Гутереш ќе го посети црноморското пристаниште Одеса, од кое продолжи извозот на жито во согласност со претходниот договор со посредство на ОН и Турција.
Пред да се врати во Њујорк, генералниот секретар на ОН ќе го посети Заедничкиот координативен центар во Истанбул, кој беше формиран за спроведување на иницијативата договорена минатиот месец.
Регион
Курти: Имаме јасна визија, сакаме членство во НАТО

Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Брисел изјави дека Косово сака членство во воената алијанса НАТО.
„Имаме јасна визија. Сакаме членство во НАТО. Ова ќе ни овозможи да го обезбедиме она што мирните и демократски држави и нации го обезбедија и сè уште го обезбедуваат за нашата земја и граѓаните. Во оваа смисла, членството во програмата на НАТО „Партнерство за мир“ би било поддршка“ – рече Курти по средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
На заедничката прес-конференција со Столтенберг, Курти изјави дека институциите и граѓаните на Косово имаат причина да бидат претпазливи поради, како што рече, „деструктивниот пристап на северниот сосед“ кон Косово и „регионот воопшто“, како дел на „рускиот план штетен за Европа и Балканот“.
Тој додаде дека владата на Косово и тој како премиер се посветени на тоа политиката на Косово да биде целосно усогласена со НАТО и додаде дека Косово е подготвено да учествува во секој проект на НАТО во полн капацитет.
Курти се заблагодари на НАТО алијансата за досегашниот ангажман во Косово.
„Придонесот на НАТО во формирањето, развојот и професионалноста на Косовските безбедносни сили е примерен успех“, изјави Курти.