Свет
ВИДЕО. Нетанјаху изјави дека напаѓачот во Ерусалим е симпатизер на IS
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата изјави дека извршителот на нападот со камион во Ерусалим во кој според некои информации се убиени четворица, а според други шест израелски војници, бил симпатизер на екстремната сунитска организација Исламска држава (IS).
„Го знаеме идентитетот на напаѓачот кој, според сите знаци, ја поддржува Исламската држава“, се вели во соопштението од кабинетот на израелскиот премиер.
Бенјамин Нетанјаху нападот од неделата го поврза со сличните напади кои се одиграа во светот во 2016 година, на 24-ти јули кога камион влета во преполното шеталиште во француска Ница кога беа убиени 86 луѓе и на 19-ти декември во германската престолнина Берлин кога шлепер на божикен базар смртно покоси 12 луѓе. И за двата напада одговорноста ја презема Исламската држава.
„Знаеме дека нападите доаѓаат еден по друг, од Франција до Берлин, и сега и во Ерусалим, и најверојатно се поврзани“, смета Нетанјаху.
Според израелскиот медиуми, Палестинец ги управувал камионот со кој беа усмртени четворица и повредени уште15 израелски војници кои биле на излет на популарната туристичка дестинација Армон ха-Нацив наспроти Стариот град Ерусалим./крај/мф/сн
https://www.youtube.com/watch?v=GLVcfKZHBCA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.
Свет
Кина остро го осуди убиството на Хамнеи, повика на прекин на воените дејствија
Кина соопшти дека „остро го осудува“ убиството на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи од страна на САД и Израел и повторно повика на прекин на воените дејствија, пренесува „Гардијан“.
Министерството за надворешни работи во Пекинг наведе дека станува збор за „тешко кршење на суверенитетот и безбедноста на Иран, како и на целите и принципите на Повелбата на ОН и основните норми на меѓународните односи“.
„Кина решително се спротивставува и остро го осудува тоа“, се додава во соопштението, со повик за „итен прекин на воените операции“.
Осудата следеше по телефонски разговор меѓу кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и рускиот министер Сергеј Лавров, за кој кинеските државни медиуми јавија дека бил инициран од руската страна. Ванг изјавил дека „дрското убиство на суверен лидер и поттикнувањето на промена на режим“ од страна на САД и Израел е „неприфатливо“.
Фото: depositphotos

