Европа
(Видео) Нови немири во Британија: демонстрантите фрлаа камења врз полицијата, стотици уапсени
Бранот насилни протести и немири во делови од Обединетото Кралство продолжи и синоќа. Нападнати се полицајците во Белфаст, Дарлингтон и Плимут, јавува Би-би-си.
Шест лица се уапсени во Плимут, неколку полицајци се полесно повредени, соопшти полицијата. Во јужен Белфаст демонстрантите фрлаа камења и „молотови коктели“ врз полицајците.
A further night of trouble in Sandy Row in Belfast, heavy police presence in the area @Kscott_94 is on the ground pic.twitter.com/fiFGZHHmVC
— Allison Morris (@AllisonMorris1) August 5, 2024
Претходно, за потсетување, се одржа бдеење за жртвите од масовниот напад со нож во Саутпорт, а од почетокот на немирите се уапсени речиси 400 луѓе.
Аксел Муганва Рудакубана е обвинет за три убиства, 10 обиди за убиства и поседување кујнски нож, со кој ги извршил делата. 17-годишното момче е родено во Кардиф од родители од Руанда. Тој се пресели во областа Саутпорт во 2013 година.
Полицијата верува дека немирите во градовите во Велика Британија се поттикнати од лажни шпекулации дека осомничениот е муслимански барател на азил.
Во текот на викендот, премиерот сер Кир Стармер, ги осуди немирите како „екстремно десничарско насилство“ и синоќа вети дека ќе работи на законодавството за справување со насилството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

