Контакт

Свет

(Видео) Новогодишна прослава можеше да заврши кобно откако се распадна рингишпил на Филипините

Објавено пред

Mлади жители на Антиполо, град на Филипините, избегнаа голема нeсреќа откако решиле Новата година да ја дочекаат на локалниот панаѓур.

Имено, возењето на рингишпил можеше да биде фатално за триесетина млади момчиња и девојки.

Механизмот на овој забавен реквизит се распаднал среде вртење, а видеото покажува дека една клупа излета заедно со посетителите кои се возеа во неа.

Откачена клупа делумно го блокираше неконтролираното движење на другите, па во инцидентот двајца посетители се само полесно повредени.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Силен земјотрес меѓу Куба и Јамајка, опасност од цунами

Објавено пред

Силен земјотрес со јачина од 7,7 степени ги погоди карипските острови Јамајка и Куба.
Американскиот геолошки преглед соопшти дека епицентарот на силниот земјотрес е на 139 километри северозападно од Јамајка и на 140 километри јужно од Куба, на длабочина од 10 километри, што се смета за релативно плитко.Земјотресот се почувствувал и на Кајманските острови.

Центарот во Хаваи за предупредување од цунами соопшти дека врз основа на прелиминарните податоци, опасни цунами бранови се можни на бреговите лоцирани и на 300 километри од епицентарот на земјотресот.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп предложи воспоставување палестинска држава со главен град во источен Ерусалим

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп, предложи формирање палестинска држава со главен град во источен Ерусалим велејќи дека станува збор за ситуација во која добиваат двете страни.

Тој предлог е основата на мировниот план за Блискиот Исток што Трамп го објави во Вашингтон, придружуван од израелскиот премиер Банјамин Нетанјаху.

„Денеска, Израел прави голем чекор кон мирот“, рече Трамп додека, поркај Нетанјаху, ги објавуваше деталите од планот што Палестинците веќе го отфрлија, пренесува АФП.

Нарекувајќи го планот историска шанса за Палестинците да остварат независна држава, Трамп додаде дека тоа би можело да биде последната можност што некогаш ќе ја имаат.

„Палестинците заслужуваат многу подобар живот“, рече Трамп.

Прикажи повеќе...

Свет

Човекот кој го организирал убиството на Сулејмани загинал во Авганистан, тврдат руски медиуми

Објавено пред

Високиот офицер на америанската ЦИА, Мајкл Д‘Андреа, кој, според прелиминарните податоци го организирал убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани, загинал во Авганистан, пренесува рускиот сајт „Аргументи“.

Како што наведува порталот, иранската агенција „Мехр“, повикувајќи се на извори од руската разузнавачка служба, тврди дека офицерот на ЦИА загинал во падот на американскиот воен авион во Авганистан.

Началникот на Генералштабот на американското воено воздухопловство, генерал Дејвид Голдфајн, потврди дека Америка во Авганистан изгубила еден свој авион за комуникациски мрежи „Бомбардиер Е-11А“. Тој не даде детали за причините за падот и рече дека засега не се достапни информации за жртви.

Командантот на елитната иранска единица „Кудс“, Касем Сулејмани, беше убиен во напад на аеродромот во Багдад од страна на САД. Администрацијата го оправда убиството со наводните подготовки за напади на американски амбасади од страна на Сулејмани.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Земјотрес со јачина од 4,5 степени почувствуван во земјата

Земјотрес со јачина од 4,5 степени вечерва беше почувствуван во земјата и регионот. Епицентарот, како што јавуваат медиумите од регионот,...

Македонија9 часа

(Видео) Јовески: Потребно ни е силно, професионално и одговорно обвинителство

Државниот јавниот обвинител, Љубомир Јовески, смета дека треба да има силно, професионално и одговорно обвинителство, да не се задоволуваат дневнополитички...

Македонија9 часа

Владата бара од инспекторите да извршат увид на градбите во Охрид и Струга

Владата на денешната седница го задолжи Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам да изврши надзор над изградбата на градби од...

Македонија10 часа

Жбогар: Да продолжат реформите, законот за Јавното обвинителство да се донесе пред да се распушти Собранието

Евроамбасадорот Самуел Жбогар порача дека земјава треба да продолжи со реформите во клучните области и дека новиот закон за Јавното...

Спорт11 час

За 24 часа милион ипол луѓе се потпишаа Коби да е на новото лого на НБА

Повеќе од 1.5 милиони луѓе за помалку од 24 часа се потпишаа на он-лајн петицијата силуетата на Коби Брајант да...

Македонија11 час

„Анима мунди“: Ужас на скопските улици, се превезува распнат коњ

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ објави вознемирувачка фотографија на распнат коњ како со камион го превезуваат на скопските...

Македонија12 часа

Откриени креаторите на „Јавна соба“, МВР ќе ги достави доказите до Обвинителството

Министерство за внатрешни работи, сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика, во координација со СВР Скопје изврши идентификација на сопственикот...

Македонија13 часа

Вештак во судењето за Ласкарци: Човечкиот фактор пресуден за несреќата

Првата реакција и обидот за сопирање кај возачот настанала во првата секунда, кога ја кренал ногата за гас и ја...

Македонија15 часа

(Видео) Чулев: Спасовски последниот ден делел решенија и во 12 навечер

Само во последните две години МВР потрошило над 4 милиони евра за судски постапки од вработени кои тужеле главно за...

Македонија16 часа

Филипче: Состојбата е под контрола, нема причина за паника за коронавирус во нашата држава

Состојбата е целосно под контрола, во овој момент нема ниту една причина за некаков ризик или паника за коронавирус во...

Македонија17 часа

Рустеми: Јанева бараше да се утврди штетата во „Поштенска банка“ и да се затвори истрагата

Обвинителот Бурим Рустеми од поранешното СЈО сведочеше денеска пред судот за случајот „Рекет“ каде обвинети се Бојан Јовановски и ексшефицата...

Топ17 часа

Се судрија автобус и автомобил на автопатот Куманово-Табановце, дваесетина луѓе повредени

Дваесет и едно лице се тешко повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце, помеѓу...

Култура17 часа

Тимот на „Медена земја“ на настан пред „оскарите“ во друштво со големите холивудски ѕвезди

Тимот на „Медена земја“ беше дел од настан во театарот „Долби“ во Холивуд организиран од американската Академија за филмски уметности и...

Свет18 часа

Откриено што се случувало во хеликоптерот на Брајант во последните моменти пред несреќата

Кошаркарската легенда Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во неделата наутро по локално време откако леталото во кое беше ѕвездата...

Свет20 часа

Трамп денеска ќе го објави мировниот план за Блискиот Исток

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека денеска ќе го претстави мировниот план за Блискиот Исток, кој претходно го најави како...

Свет20 часа

Во Германија потврден прв случај на коронавирусот

Во Германија е потврден прв случај на смртоносниот коронавирус, кој се појави во Кина и се прошири и во други...

Свет20 часа

Бројот на жртви од коронавирусот во Кина надмина 100

Бројката на починати од коронавирусот во Кина надмина 100. Според најновите податоци, се работи за 106 смртни случаи, а во...

Македонија1 ден

(Видео) Поранешни вработени во ОХИС: Во фабриката има остатоци од опасна жива

Поранешни вработени во фабриката ОХИС тврдат дека во кругот на фабриката има опасна жива како остаток од работењето на некогашниот...

Топ1 ден

Тело на 60-годишна жена извлечено од водите на Вардар

Телото на 60-годишна жена било извлечено од реката Вардар во Скопје. „Вчера, во СВР Скопје било пријавено дека во водите...

Македонија1 ден

Град Скопје објави итни мерки и препораки поради загадувањето

Бесплатен јавен превоз, запирање на градежните работи и поскапен паркинг се дел од итните мерки од надлежност на Град Скопје,...

Досие