Свет
(Видео) Обид за убиство на суданскиот премиер
Премиерот на Судан преживеа обид за убиство во престолнината Картум, каде одекна експлозија, а цел, како што пренесуваат државните медиуми, бил конвојот на премиерот.
BREAKING: Sudan’s Prime Minister Abdalla Hamdok survives an assassination attempt in Khartoum; state media reports Hamdok has been moved to a secure location. pic.twitter.com/S46t0ELlcT
— David Maina Ndung’u?? (@ItsDavidMaina) March 9, 2020
Семејството на премиерот Абдал Хамдок соопшти дека тој е безбеден, а никој засега не ја презел одговорноста за нападот.
Here is the news about the assassination attempt on the #Sudan Prime Minister Dr. Abdalla Hamdok today.
He was targeting with motorcycle near the Cooper Bridge. pic.twitter.com/QjtDjZbM4t
— Umut Çağrı Sarı (@umutcagrisari) March 9, 2020
#حمدوك_بخير pic.twitter.com/ur1zZvQiWG
— هاشتاق السودان ?? (@hash_sudan) March 9, 2020
Намдок беше именуван за премиер во август минатата година, по продемократските протести во земјата, кои ја принудија војската да го симне од власт претседателот Омар ал-Башир и на негово место да донесе цивилна влада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш
Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и горен среден дострел.
Како што напиша, денес му беше кажано дека САД имаат практично неограничени залихи од ова оружје.
„Војните можат да се водат засекогаш и многу успешно користејќи ги само овие залихи“, рече тој.
Трамп го обвини Џо Бајден дека потрошил стотици милијарди долари американски пари давајќи ѝ на Украина врвно оружје без да ги надополни залихите. Тој тврди дека ја обновил војската за време на својот прв мандат и продолжува да го прави тоа.

„Соединетите Американски Држави се добро опремени и подготвени да извојуваат ГОЛЕМА ПОБЕДА“, заклучи тој.
Свет
Амбасадата на САД во Кувајт е затворена
Амбасадата на САД во Кувајт е затворена до понатамошно известување поради, како што се вели, тековните регионални тензии.
Објава на платформата Икс наведува дека сите редовни и итни конзуларни состаноци се откажани и дека јавноста ќе биде известена кога амбасадата ќе се врати во нормални операции.

Амбасадата, наводно, вчера била цел на напад со беспилотно летало.
Свет
Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади
Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата на Трамп да преземе превентивни напади, изјави државниот секретар Марко Рубио, нудејќи ново објаснување за влегувањето на Вашингтон во конфликтот.
Таа логика предизвика поделени реакции меѓу водечките членови на Конгресот кои синоќа го слушнаа првиот брифинг на администрацијата на Трамп откако ги нареди нападите за време на викендот, објави „Гардијан“.
Рубио, директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, и претседателот на Здружениот штаб на вооружените сили, Ден Кејн, им се обратија на пратениците зад затворени врати на Капитол Хил пред гласањето за резолуцијата за воени овластувања. Се очекува резолуцијата да се гласа во Претставничкиот дом подоцна оваа недела.
„Беше кристално јасно дека ако Иран биде нападнат од некого, без разлика дали станува збор за САД, Израел или трета страна, тој ќе возврати со напад и ќе возврати врз САД“, им рече Рубио на новинарите.
„Знаевме дека Израел подготвува акција. Знаевме дека тоа ќе предизвика напад врз американските сили и знаевме дека ако не нападнеме превентивно пред да ги започнат своите напади, ќе претрпиме големи загуби“, додаде тој.
Потпретседателот Џеј Ди Венс синоќа во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека целта на САД е да се осигурат дека „Иран не може да има нуклеарно оружје“.
„Претседателот сака да им испрати јасна порака на Иранците и на целиот свет дека нема да застане сè додека не постигне исклучително важна цел – да се осигура дека Иран не може да добие нуклеарно оружје“, рече Венс, кој беше еден од најсилните противници на воената интервенција во администрацијата на Трамп и зборуваше поретко од Рубио за американските акции во Иран.

