Контакт

Европа

(Видео) Објавена снимка од апсење на терористи кои планирале напад во Санкт Петербург

Објавено пред

Федералната служба за безбедност на Руската Федерација (ФСБ) објави снимка од апсење на двајца руски државјани, осомничени дека сакале да извршат напади во Санкт Петербург, пренесува РТ.

На видеото се прикажани оперативци кои на скали во зграда опколуваат маж за кој велат дека е руски државјанин. Потоа бил извршен претрес на станот.

Неговиот соучесник, исто така руски државјанин, се појавува во друго видео и на арапски јазик, најверојатно, зборува за неговата верност кон Исламска држава (ИД).

Вчера рускиот претседател Владимир Путин му се заблагодари на својот американски колега Доналд Трамп за информации кои ѝ овозможиле на Русија да спречи терористички напади на нејзина територија, објави Кремљ.

Федералната служба за безбедност (ФСБ) во петокот објави дека уапсиле двајца руски државјани осомничени дека сакале да извршат напади во Санкт Петербург, на места кои би биле полни со луѓе за време на новогодишни прослави.

ФСБ појасни дека овие апсења биле извршени врз основа на разузнавачки информации добиени од американските партнери.

Европа

Монетите од еден и два центa заминуваат во историјата

Објавено пред

Европската комисија планира да ги укине монетите од еден и два евро-цента, пишува германскиот „Ѕидојче цајтунг“.

Весникот наведува дека Европската комисија утре ќе ја претстави работната програма што содржи предлог за едно правило на заокружување со цел елиминирање на најмалите монети.

Дневникот укажува на извештајот од Европската комисија за 2008 година, според кој сè повеќе и повеќе земји од еврозоната се префрлиле на заокружување на цените на пет центи.

Укинувањето на монетите од еден и два цента ќе заштеди трошоци за производството, како и нивно броење и транспорт, се вели во извештајот.

Прикажи повеќе...

Европа

Унгарија купува тенкови и хаубици во вредност од половина милијарда евра

Објавено пред

Унгарија годинава ќе продолжи со обемната програма за модернизација на своите вооружени сили, при што ќе набави 44 тенкови и 24 самоодни хаубици од Германија, во вредност од околу половина милијарда евра.

Според порталот „Балканска безбедносна мрежа“ (www.balkansec.net), програмата предвидува набавка на 44 тенкови Леопард 2А7 и 24 самоодни хаубици PzH-2000 од Германија.

Во истиот пакет Будимпешта добива 12 половни тенкови за обука Леопард 2 и 13 логистички возила.

Испораката се очекува да почне следната година, а да заврши во 2025 година.

Прикажи повеќе...

Европа

Работник од Кина дошол во Германија и го заразил колегата со коронавирус

Објавено пред

Германскиот добавувач на автоделови „Вебасто“ соопшти денеска дека еден работник е заразен со коронавирус, откако седиштето на компанијата во Штокдорф, Баварија, го посетил работник од Кина.

„Компанијата потврди дека лицето заразено со вирусот е од Штарнберг и е вработено во седиштето на компанијата во Штокдорф“, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Компанијата изјави дека нивниот работник од Шангај, по посетата на Германија, бил тестиран за присуство на вирус и бил позитивен.

„Вебасто“, која има 11 претставништва во Кина, вклучувајќи го и Вухан, град од кој започна да се шири новиот вирус, забрани патувања во таа земја.

„Ројтерс“ претходно денеска објави дека во Германија е забележан првиот случај на коронавирус, епидемија што избувна во Кина кон крајот на 2019 година.

Канцеларијата за здравство во Баварија потврди дека со вирусот се заразил жител на Штарнберг, место кое е триесет километри оддалечено од Минхен.

Исто така се наведува дека тој е во добра состојба и под лекарски надзор. Првично, детали за пациентот, неговата возраст или националност не беа објавени.

Според најновите податоци, регистрирани се 106 смртни случаи од коронавирус, а во меѓувреме се забележани 1.770 нови заразени, со што вкупната бројка се искачи на 4.515.

Покрај во Кина од каде започна заразата, случаи на коронавирус се забележани и во 16 други земји.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Земјотрес со јачина од 4,5 степени почувствуван во земјата

Земјотрес со јачина од 4,5 степени вечерва беше почувствуван во земјата и регионот. Епицентарот, како што јавуваат медиумите од регионот,...

Македонија11 час

(Видео) Јовески: Потребно ни е силно, професионално и одговорно обвинителство

Државниот јавниот обвинител, Љубомир Јовески, смета дека треба да има силно, професионално и одговорно обвинителство, да не се задоволуваат дневнополитички...

Македонија11 час

Владата бара од инспекторите да извршат увид на градбите во Охрид и Струга

Владата на денешната седница го задолжи Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам да изврши надзор над изградбата на градби од...

Македонија13 часа

Жбогар: Да продолжат реформите, законот за Јавното обвинителство да се донесе пред да се распушти Собранието

Евроамбасадорот Самуел Жбогар порача дека земјава треба да продолжи со реформите во клучните области и дека новиот закон за Јавното...

Спорт13 часа

За 24 часа милион ипол луѓе се потпишаа Коби да е на новото лого на НБА

Повеќе од 1.5 милиони луѓе за помалку од 24 часа се потпишаа на он-лајн петицијата силуетата на Коби Брајант да...

Македонија13 часа

„Анима мунди“: Ужас на скопските улици, се превезува распнат коњ

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ објави вознемирувачка фотографија на распнат коњ како со камион го превезуваат на скопските...

Македонија14 часа

Откриени креаторите на „Јавна соба“, МВР ќе ги достави доказите до Обвинителството

Министерство за внатрешни работи, сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика, во координација со СВР Скопје изврши идентификација на сопственикот...

Македонија16 часа

Вештак во судењето за Ласкарци: Човечкиот фактор пресуден за несреќата

Првата реакција и обидот за сопирање кај возачот настанала во првата секунда, кога ја кренал ногата за гас и ја...

Македонија18 часа

(Видео) Чулев: Спасовски последниот ден делел решенија и во 12 навечер

Само во последните две години МВР потрошило над 4 милиони евра за судски постапки од вработени кои тужеле главно за...

Македонија18 часа

Филипче: Состојбата е под контрола, нема причина за паника за коронавирус во нашата држава

Состојбата е целосно под контрола, во овој момент нема ниту една причина за некаков ризик или паника за коронавирус во...

Македонија19 часа

Рустеми: Јанева бараше да се утврди штетата во „Поштенска банка“ и да се затвори истрагата

Обвинителот Бурим Рустеми од поранешното СЈО сведочеше денеска пред судот за случајот „Рекет“ каде обвинети се Бојан Јовановски и ексшефицата...

Топ20 часа

Се судрија автобус и автомобил на автопатот Куманово-Табановце, дваесетина луѓе повредени

Дваесет и едно лице се тешко повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце, помеѓу...

Култура20 часа

Тимот на „Медена земја“ на настан пред „оскарите“ во друштво со големите холивудски ѕвезди

Тимот на „Медена земја“ беше дел од настан во театарот „Долби“ во Холивуд организиран од американската Академија за филмски уметности и...

Свет21 час

Откриено што се случувало во хеликоптерот на Брајант во последните моменти пред несреќата

Кошаркарската легенда Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во неделата наутро по локално време откако леталото во кое беше ѕвездата...

Свет22 часа

Трамп денеска ќе го објави мировниот план за Блискиот Исток

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека денеска ќе го претстави мировниот план за Блискиот Исток, кој претходно го најави како...

Свет22 часа

Во Германија потврден прв случај на коронавирусот

Во Германија е потврден прв случај на смртоносниот коронавирус, кој се појави во Кина и се прошири и во други...

Свет22 часа

Бројот на жртви од коронавирусот во Кина надмина 100

Бројката на починати од коронавирусот во Кина надмина 100. Според најновите податоци, се работи за 106 смртни случаи, а во...

Македонија1 ден

(Видео) Поранешни вработени во ОХИС: Во фабриката има остатоци од опасна жива

Поранешни вработени во фабриката ОХИС тврдат дека во кругот на фабриката има опасна жива како остаток од работењето на некогашниот...

Топ2 дена

Тело на 60-годишна жена извлечено од водите на Вардар

Телото на 60-годишна жена било извлечено од реката Вардар во Скопје. „Вчера, во СВР Скопје било пријавено дека во водите...

Македонија2 дена

Град Скопје објави итни мерки и препораки поради загадувањето

Бесплатен јавен превоз, запирање на градежните работи и поскапен паркинг се дел од итните мерки од надлежност на Град Скопје,...

Досие