Контакт

Свет

(Видео) Падобранец паднал преку покрив во куќа во Калифорнија, слетал директно во кујната

Објавено пред

Локалните жители повикаа полиција откако видоа дека падобранец паѓа неконтролирано. Тој паднал низ покривот на една куќа во Калифорнија, но, за чудо, преживеал, пишуваат локалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Британски војник на вежба за скокање со падобран од 4.500 метри летал над куќата и паднал низ покривот. Неговиот падобран не бил целосно отворен и не можел да го контролира. За чудо преживеал, стои во натписите на новинарите.

Локалните жители повикале полиција откако виделе дека падобранот паѓа неконтролирано.

Случајот го потврди и британската полиција во Атаскадеро.

„Лицето што леташе со падобран беше свесно по падот, но се жали на болка“, изјавија од полицијата. Според нив, тој немал видливи сериозни повреди. Во тоа време станарите не биле дома, се вели во соопштението.

Нема големи штети во куќата, освен на покривот.

Роуз Мартин, сосед на станарите каде што падна лицето со падобран, преживувањето го нарече вистинско чудо.

„Кој може да слета така без падобран и да преживее“, кажа соседот.

Војникот бил пренесен во болница на лекување.

„Благодарни сме што падобранецот има претрпено само умерени повреди и што нема повредено други лица“, соопшти полицијата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Путин: Војната во Југославија избувна поради мешањето на Западот

Објавено пред

Проблемите што постоеја во поранешна Југославија доведоа до конфликт поради мешањето на Западот, кажа претседателот на Русија Владимир Путин на средба со раководството на Министерството за надворешни работи.

dobivaj vesti na viber

Западот има навика апсолутно за сè да обвинува партија која не ја сака и да воведува секакви ограничувања против неа, рече Путин и потсети дека можеа да се видат такви акции на западните земји во Југославија, Ирак, Либија и Сирија.

„Сепак, нивното мешање не доведе до никакво подобрување, само ја зголеми сиромаштијата и несреќата на тие територии“, рече претседателот на Русија.

„Светот се менува, ништо повеќе нема да биде исто во економијата, технологијата, глобалната политика, како и во другите области, многу значајни и судбоносни промени се случија и во Русија и во светот“, рече рускиот лидер и додаде дека е важно да се проценат глобалните настани и да се наведат целите на работата на министерството.

Работата на рускиот МСП е посветена на развојот на земјата и обезбедувањето на нејзината безбедност и на благосостојбата и на руските семејства, рече рускиот претседател.

„Русија и нејзините партнери предлагаат решенија за основните проблеми кои не загрижуваат не само нас, туку и нашите партнери“, рече Путин.

„Глобалниот југ и исток полека стануваат истакнати, расте и улогата на Африка и Латинска Америка, што Русија го најави претходно, но сега динамиката е многу побрза“, додаде Путин.

Прикажи повеќе...

Свет

Ганц би го победил Нетанјаху, доколку изборите во Израел се одржат сега, според последните анкети

Објавено пред

Претседателот на Партијата за национално единство Бени Ганц би го победил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доколку изборите се одржат денеска, покажува анкетата објавена неколку дена по повлекувањето на партијата на Ганц од владата.

dobivaj vesti na viber

Според тоа истражување, Ганц би освоил 41 отсто од гласовите, додека 35 отсто од гласовите би му припаднале на Нетанјаху, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Речиси половина од испитаниците, 42 отсто од нив, изјавиле дека би го поддржале Ганц како нов лидер.

Осум месеци по почетокот на војната во Газа, истражувањето покажа дека огромното мнозинство Израелци веруваат дека земјата губи во однос на пропагандата на глобално ниво кога станува збор за овој конфликт.

Ганц поднесе оставка на местото министер за воен кабинет претходно оваа недела, откако Нетанјаху не го исполни неговото барање да претстави јаснаta стратегија за Појасот Газа по завршувањето на војната.

Прикажи повеќе...

Свет

Насмевки, прегратки и селфи: Мелони ги пречека лидерите на Г7 како вистинска домаќинка

Објавено пред

Со широка насмевка, во розова облека и видно позитивно расположена, една од најголемите победници на изборите за Европскиот парламент, италијанската премиерка Џорѓа Мелони, ги пречека лидерите и шефовите на државите на Г7 на самитот во Пуља.

dobivaj vesti na viber

Таа како добра домаќинка ги поздравуваше гостите, правеше селфи и се погрижи да ги пречека колегите во многу топла атмосфера.

Таа беше уловена како си игра со објективот и не само тоа, со гостите комуницираше во очигледно хумористично и опуштено расположение, пренесуваат локалните медиуми.

Со цел нејзината организација на самитот на Г7 да влезе во историјата како „историски настан“, како што забележува „Кориере дела Сера“, италијанската премиерка избра локација за семејна фотографија на влезот во луксузното одморалиште Борго Ењазија пред вековните маслинови дрвја.

Лидерите на земјите членки на Г7, Италија, САД, Франција, Велика Британија, Германија, Јапонија и Канада се собраа на самит во Борго Егназија, а фокусот беше ставен на поддршката за Украина, кризата на Блискиот Исток и конфронтацијата со Кина.

Дури ни изборот на местото на состанокот на членките на Г7 не е случаен, ниту пак логото на 50-от самит, пишва медиумот.

„Италија избра да биде домаќин на самитот на лидерите во Пуља. Тоа не беше случаен избор: го направивме тоа затоа што Пуља е регион на јужна Италија и пораката што сакаме да ја дадеме е дека Г7 под италијанското претседателство сака да го зајакне својот дијалог. Со нациите од глобалниот југ го направивме тоа затоа што ова место е историја, мост меѓу Западот и Истокот, место на дијалог во центарот на Медитеранот, кое ги поврзува двата големи морски простори на планетата, Атлантикот и Индо-Пацификот. Ова море е претставено и во симболот што Италија го избра за ова претседателство, заедно со уште еден симбол на нашиот идентитет, вековната маслинка со своите силни корени, чии лисја се проектираат во иднината. Меѓу гранките има седум маслинки, симболи на нашите народи кои работат заедно на големите глобални предизвици“, напиша Мелони на Икс пред да ги поздрави лидерите на Г7.

Меѓу првите што пристигнаа беа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Следни беа британскиот премиер Риши Сунак, потоа германскиот канцелар Олаф Шолц, јапонскиот премиер Фумио Кишида. По него беа францускиот претседател Емануел Макрон и канадскиот премиер Џастин Трудо.

Американскиот претседател Џо Бајден малку задоцни, забележува италијанскиот весник.

Некои се пошегуваа со Мелони, велејќи и дека мора да ги означи сите на фотографијата.

Италијанската премиерка одговори со хумор.

„Ќе ве означам сите. Ја објавувам најдолгата објава во историјата“, рече таа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Фото) Ослободено мече, кое утрово било заглавено на дрво во Маврови Анови

Утрово, во 7.35 часот, на 112 е добиена пријава за заглавено мече во гранките на дрво во двор на викендица...

Топ3 часа

Двојно убиство во Кратово: 36-годишна жена ги уби сопругот и свекорот

Вчера вечер, полицајците во Кратово уапсиле 36-годишна жена која е осомничена дека со остар предмет ги убила сопругот и свекорот,...

Македонија4 часа

ЦУК: 11 пожари на отворено, во Светиниколско изгореа куќа и четири помошни простории

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 122 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи...

Европа4 часа

Украинската армија: Соборивме седум проектили и 17 руски беспилотни летала

Украинската армија денеска соопшти дека соборила седум од 14 проектили и сите 17 беспилотни летала кои Русија ги лансираше во...

Свет4 часа

Израел ја бомбардира Газа, тензиите растат и на границата со Либан

Војската на Израел денеска продолжи со бомбардирањето на Појасот Газа без напредок во разговорите за прекин на огнот, заедно со...

Регион4 часа

Четиригодишно девојче добило изгореници додека пливалo во Грција: откриено што ја каснало

Четиригодишно девојче добило страшни изгореници додека пливало во морето во Грција, а откриено е дека ја изгорела морска анемона додека...

Регион21 час

Сахарски песок повторно доаѓа над Балканот: „Силно влијае на квалитетот на воздухот“

Според прогнозите на Службата за следење на атмосферата Коперник (CAMS), оваа недела се очекува нова епизода на сахарска прашина да...

Македонија21 час

Несреќа кај мостот Беласица, огромни гужви кај Транспортен центар

Огромни гужви кај Транспортниот центар во Скопје поради сообраќајна незгода. Две возила се судрија кај мостот „Беласица“. Колони возила некое...

Македонија23 часа

Османи – Пападопуло: Почитувањето на преспанскиот договор и поддршката од Грција клучни за нашата европска интеграција

На маргините на Состанокот на министрите за надворешни работи на процесот за соработка на Југоисточна Европа кој се одржува во...

Економија1 ден

„Лидл“ почнува да го гради првиот маркет во Скопје, за 9,5 милиони евра го купи објектот на „Бриколаж“

Лидл почна со подготовки за градежни активности на местото на некогашниот Бриколаж. За таа цел Лидл го купи имотот од...

Македонија1 ден

Прекршувањето на договорот од Преспа ќе ја доведе до егзистенцијален предизвик иднината на Северна Македонија, велат Заев и Ципрас

Поранешните премиери на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во заедничката колумна на веб-порталот „Еуроактив“ велат дека преспанскиот...

Македонија1 ден

Левицата: ДПМНЕ институционално го подреди трудот на работниците под економските и бизнис-интересите

Законските измени спроведени на иницијатива на ДПМНЕ и Мицкоски, преку кои трудот се распределува под Министерството за економија, овозможува супер...

Македонија1 ден

Пронајдено исчезнатото 19-годишно момче од Битола

Вчера, имаше потрага по исчезнато лице во општина Битола, соопшти ЦУК. Регионалниот ЦУК Битола информира дека лице на 19 години...

Македонија1 ден

Мечка нападнала стадо овци во Гостиварско

Вчера како што информира Центарот за управување со кризи на нивниот повикувачки број за итни случаи 112, имало пријавен напад...

Свет1 ден

(Видео) Солзавец и водни топови на протестите во Буенос Аирес: илјадници луѓе излегоа на улиците против реформите на владата

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Буенос Аирес за да протестираат против реформите на владата. Протестите беа организирани недалеку од...

Свет1 ден

(Видео) Тепачка во италијанскиот парламент: пратеник беше изнесен од салата во инвалидска количка

Член на италијанската опозиција вчера беше изнесен од италијанскиот парламент во инвалидска количка по расправија и тепачка за време на...

Свет1 ден

Петгодишно момче загина во одрон во Австрија

Вчера имаше одрон во Австрија во кој загина момче. Како што јавуваат австриските медиуми, поради обилните дождови изминатиот ден во...

Топ2 дена

Скопјанец истепан од неколку лица пред кафеана во Аеродром, со убодни рани пренесен во болница

Вчера во СВР Скопје, 48-годишниот А.Л. од Скопје пријавил дека на 08.06.2024 пред угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром...

Македонија2 дена

Поради високите температури, МОН препорачува основните училишта да работат со скратени наставни часови

Со оглед на високите температури кои ја зафатија територијата на Република Северна Македонија, а имајќи предвид дека наставната година за...

Македонија2 дена

Мицкоски: Македонија во фуриозен стил ќе биде дел од европското семејство, ќе го откочиме патот

Мандатарот за состав на нова влада, Христијан Мицкоск, очекува Македонија фуриозно да влезе во Европската Унија. Одговарајќи на новинарско прашање...