Свет
(Видео) Пелоси ги прекрши мерките, снимена на фризер без маска
Најмоќната американска демократка Ненси Пелоси е снимена во фризерски салон без заштитна маска за лице.
Според снимките до кои дошол „Фокс њуз“, претседателката на Претставничкиот дом на САД била на фризер во Сан Франциско без заштитна маска на лицето, со што ги прекршила градските мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.
На видеото се гледа дека Пелоси шета низ еСалон со маска спуштена околу вратот, а не поставена на лицето. Зад неа оди стилистот кој имаше правилно ставена маска, пишува „Би-би-си“.
На фризерските салони во Сан Франциско им е забрането да работат веќе подолго време, па затоа таа не требаше да биде таму под никакви околности, пишува „Гардијан“.
Со оглед на нејзината улога како претседателка на Претставничкиот дом и редовните пораки до Американците за важноста да се носат маски и да се следат мерки за ограничување, овој инцидент може да има големо влијание врз нејзиниот политички кредибилитет.
Портпаролот на демократите изјави дека Пелоси не знаела дека ги крши мерките донесени во Сан Франциско.
„Салонот им понуди на пратениците да закажат термин за понеделник. Нејзе и беше кажано дека градот дозволува еден клиент во салонот. Пратеничката се придржуваше кон правилата што и ги презентираше салонот“, рече портпаролот Дру Хамил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.

