Свет
(Видео) Повеќе лица настрадаа кога напаѓач со комбе газел пешаци во Торонто
Комбе удрило во десетина луѓе во канадскиот град Торонто, објави тамошната полиција.
White Van seen plowing into people on #YongeStreet #Toronto injuries everywhere pic.twitter.com/bZFDVdhLz4
— Obelix (@henrimiller100) April 23, 2018
Според информациите што ги пренесоа светските медиуми, инцидентот се случил на крстосницата меѓу улицата Јонг и авенијата Финч.
Во 13.30 часот по локално време бело комбе се качило на тротоарот и удрило во пешаците што се движеле по него. Кога прегазил неколку пешаци, возачот на комбето бру се оддалечил од местото на нападот.
Според првичните податоци, во инцидентот неколку лица добиле потешки повреди, но засега нема информации за загинати пешаци. Полицијата апелира до граѓаните да се држат настрана од местото на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

