Свет
(Видео) Пожар во деловна зграда во Бангладеш, луѓето скокаа низ прозорците
Најмалку 19 лица загинаа во голем пожар што зафати деловна зграда со 22 ката, во Бангладеш.
Седумдесет луѓе се повредени, изјави за Би-би-си, портпаролот на локалната противпожарна бригада.
„Ројтерс“ пренесе дека заробените во зградата панично скокале низ прозорците и покривот на зградата додека минувачите се молеле за нив.
Телата на 13 луѓе се пронајдени на местото на настанот, а шест други лица починале во болниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Имран Кан обвинет за убиство на полицаец за време на насилните протести на неговите приврзаници
Пакистанската полиција го обвини затворениот поранешен премиер на земјата Имран Кан за обид за убиство поради смртта на полицаец за време на насилните протести на неговите приврзаници минатиот викенд, соопштија денеска официјални лица.
Официјални лица рекоа дека Кан, кој е во затвор од 2023 година, е обвинет за поттикнување луѓе на насилство.
Полицијата соопшти дека Кан, кој ги повикал своите следбеници да се соберат во негово име и да побараат негово ослободување од затвор, наводно ги поттикнал своите поддржувачи, што довело до убиство на полицаец, пренесе АП.
Свет
Бајден ја откажа посетата на Германија поради ураганот Милтон
Американскиот претседател Џозеф Бајден го одложи планираното патување во Германија и Ангола за да остане во Белата куќа поради ураганот Милтон на брегот на заливот на Флорида, соопшти денеска Белата куќа.
Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер рече дека промената е неопходна „со оглед на проектираниот пат и силата“ на бурата.
Таа не прецизираше кога патувањето би можело да биде презакажано. Бајден претходно вети дека ќе оди во Африка за време на неговиот мандат, кој завршува во јануари.
Свет
(Видео) Напaднат унгарскиот премиер Виктор Орбан
Членот на Унгарската демократска коалиција Мартон Џекички денеска го нападна унгарскиот премиер Виктор Обран за време на прес-конференција во Европскиот парламент.
На видеото објавено од Corriere della Sera се гледа како човек, кој обезбедувањето го крева од подот, му вика на премиерот.
🔵#Strasburgo Protesta solitaria durante la conferenza stampa del premier ungherese. Pochi minuti dopo l’inizio, un giovane ha fatto irruzione in sala, si è avvicinato a #Orban urlando parole in ungherese e gettandogli addosso fogli e cartacce. L’uomo è stato subito immobilizzato pic.twitter.com/ajmNhPFQVu
— Rai Radio1 (@Radio1Rai) October 8, 2024
Орбан не е повреден во инцидентот, а обезбедувањето брзо го совлада Џекички и го фрли на подот, по што беше изнесен од собата.
„За колку ја изневери државата, премиере?“, го праша Џекички Орбан додека неговите телохранители го водеа надвор од салата.
Орбан по инцидентот коментираше дека „унгарскиот е директен јазик и дека комуникацијата може да биде груба“, пренесува унгарски Телекс.
„Кога еден политичар ќе му каже на друг дека е негативец, во нашата култура тоа значи „не се согласувам со тебе“, рече Орбан.
Како што потсетува Телекс, Џекички фрлал монети кон Орбан за време на инцидентот во Кеч на почетокот на септември во знак на протест.