Свет
(Видео) Пожар во старски дом кај Москва, девет загинати
Најмалку девет луѓе загинаа во пожар во дом за стари и немоќни лица во Красногорск, недалеку од Москва, објавија спасувачките служби.
Пожарот избувнал во приватен дом за стари и немоќни лица во Красногорск во Московскиот Регион , а изгаснат е по еден час.
Nine people died in a fire at a hospice in Krasnogorsk, Moscow Oblast. https://t.co/ijoygLN3Nm
— X Soviet (@XSovietNews) May 11, 2020
„Девет луѓе починаа на самото место, а деветмина во тешка состојба се пренесени во болница“, соопштија градските власти.
Жртвите се на возраст од 66 до 90 години. Отворена е истрага за кршење на безбедносните прописи со смртни последици.
Во моментот на избувнување на пожарот во објектот се наоѓале 37 луѓе. Иако огнот не бил голем, сепак неколку корисници на старскиот дом не можеле да одат, а персоналот не успеал да ги изнесе надвор, пишува дневниот весник „Комерсант“.
Ова е втор пожар во период од еден месец. Во април во пожар во старски дом во Москва загинаа шест луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел соопшти дека ликвидирал висок функционер на Хезболах во прецизен напад
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во прецизен напад во Бејрут го убиле Хусеин Маклед, за кого тврдат дека бил на чело на разузнавачкиот штаб на Хезболах.
„ИДФ потврдува дека во синоќешен прецизен напад во Бејрут е елиминиран Хусеин Маклед, кој служеше како шеф на разузнавачкиот штаб на Хезболах“, се наведува во соопштението.
Нападот доаѓа откако Хезболах официјално се вклучи во конфликтот меѓу Иран од една страна и Израел и САД од друга, отворајќи нов фронт со ракетни и дрон-напади од јужен Либан. Израел потоа изврши одмазднички удари врз цели на групата во Либан.
Фото: ЕПА
Свет
Либанската влада ги забрани воените активности на Хезболах
Либанската влада денеска ги забрани воените активности на Хезболах, откако организацијата отвори оган врз Израел, наведувајќи дека станува збор за одмазда за убиството на иранскиот врховен водач.
Израел претходно изврши воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут под контрола на Хезболах и врз други делови на Либан, како одговор на напад со дрон и ракети. Според либанското Министерство за здравство, во нападите загинале 31 лице.
По седницата на владата, премиерот Наваф Салам изјави дека државата ги отфрла сите воени дејства што се спроведуваат од либанска територија надвор од легитимните институции. Тој посочи дека активностите на Хезболах се незаконски и дека организацијата треба да го предаде оружјето на либанската држава.
Фото: Depositphotos
Свет
Иран ги затвори училиштата
Сите образовни установи во Иран ќе бидат затворени до крајот на март, а наставата ќе се одвива онлајн, објави новинската агенција Тасним.
Портпаролот на Министерството за образование изјавил дека мерката е воведена како одговор на „воената агресија на ционистичкиот режим со поддршка од САД“.
Одлуката ќе важи до крајот на персиската календарска година, односно до 21 март.
Фото: Depositphotos

